Рекорден ден со пожари – 54, вечерва активни 19, загрозени неколку села


На територијата на државава денеска Центарот за управување со кризи евидентирал рекорден број пожари на отворено – 54, од кои активни се 19, а oстанатите се целосно изгаснати или ставени под контрола. Пoжарот кој беснее на територија на општина Пехчево, го загрозува селото Негрево. Сериозен пожар има и на територија на општина Куманово. Тој загрозува …

Рекорден ден со пожари – 54, вечерва активни 19, загрозени неколку села Read More »

(Фото) Половина Македонија во чад, во Стар Дојран едвај се дише


Пожарите што зафатија голем дел од државата оставаат сериозни последици, не само поради изгорените куќи и шуми, туку го оневозможуваат и секојдневниот живот во многу места, поради чадот кој се прошири речиси на половина територија од земјава.  Фоторепортерот на Независен, Борис Грданоски денеска беше во дел од краиштата зафатени со пожари, меѓу другото и во …

(Фото) Половина Македонија во чад, во Стар Дојран едвај се дише Read More »

Комисијата за финансирање и буџет не усвои осум амандмани од опозицијата за ребалансот на Буџетот


Во рамки на вториот ден од амандманската расправа и вкупно петти ден од расправата за ребалансот на Буџетот за 2024 година, собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска разгледа и не усвои вкупно осум амандмани поднесени од пратениците од опозицијата. Амандманската расправа ќе продолжи во 16 часот. Не беа прифатени амандманите поднесени од СДСМ за …

Комисијата за финансирање и буџет не усвои осум амандмани од опозицијата за ребалансот на Буџетот Read More »

Царината заплени облека, пури и цигари


Царинските службеници спречија обиди за криумчарење на 413 парчиња облека, 100 пури, 69 штеки цигари, соопштија попладнево од Царинската управа. Во текот на изминатата седмица, покрај заплените на 30.000 евра на граничниот премин „Богородица“, рачни часовници на Аеродромот во Скопје, 6.800 евра на граничниот премин „Табановце“ за кои веќе информиравме, царинските службеници спречија обиди за …

Царината заплени облека, пури и цигари Read More »

Обновливите извори произведоа речиси една третина од електричната енергија во ЕУ, имаат предност пред фосилните горива


Климатскиот тинк-тенк Ember го објави својот извештај за производството на електрична енергија во светот за првата половина на 2024 година, а може да се види дека во Европската унија, обновливите извори на енергија произведувале повеќе електрична енергија отколку фосилните горива. Според извештајот, обновливите извори на енергија (соларни и ветерни електрани) произвеле 30 отсто, додека фосилните …

Обновливите извори произведоа речиси една третина од електричната енергија во ЕУ, имаат предност пред фосилните горива Read More »

Државниот долг на САД за прв пат достигна 35.000 милијарди долари


Американскиот национален долг достигна 35.000 милијарди долари за прв пат во историјата, покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД. Канцеларијата за буџет на Конгресот на САД проценува дека националниот долг ќе се зголеми од 99 отсто од БДП во 2024 година на 122 отсто од БДП до 2034 година. Истовремено, Меѓународниот монетарен фонд смета …

Државниот долг на САД за прв пат достигна 35.000 милијарди долари Read More »

АХВ: Нема нотификација дека на македонскиот пазар има небезбедни говедска и пилешка коцка за супа од „Подравка“


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека до овој момент нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за безбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASSF), дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни производи говедска и пилешка коцка за супа од хрватската компанија „Подравка“ од Копривница. АХВ посочува дека ќе ја следи …

АХВ: Нема нотификација дека на македонскиот пазар има небезбедни говедска и пилешка коцка за супа од „Подравка“ Read More »

Раст на БДП во ЕУ и еврозоната во вториот квартал, пад во Германија


Според сезонски прилагодените податоци, бруто домашниот производ во еврозоната и во ЕУ во вториот квартал пораснал за 0,3 отсто во однос на првиот квартал, покажува првата проценка на европската статистичка служба Евростат. Како што јави француската новинска агенција АФП, растот е нешто поголем од прогнозата на аналитичарите кои очекуваа просечни 0,2 отсто. Во однос на …

Раст на БДП во ЕУ и еврозоната во вториот квартал, пад во Германија Read More »

Наскоро ќе се врати во функција електронското поднесување барања за документи, најави Андоновски


Наскоро ќе бидат вратени во функција сервисите за електронско закажување и добивање документи преку порталот uslugi.gov.mk, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Не прецизира кога, но очекува да биде во првите 100 дена од мандатот.  Електронското поднесување на барањата за документи во МВР извесен период е прекинато и со министерот за внатрешни работи Панче …

Наскоро ќе се врати во функција електронското поднесување барања за документи, најави Андоновски Read More »

Митреска и Бојчева-Терзијан: Комуникацијата на централната банка ги стабилизира инфлациските очекувања


На покана на Здружениот виенски институт, вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска и извршната директорка, Султанија Бојчева-Терзијан, одржаа предавање на тема „Комуникацијата како составен дел од инструментариумот на монетарната политика на централните банки“, осврнувајќи се на примерот на нашата централна банка. Во рамките на предавањето беше истакнато значењето на комуникацијата на централните банки како еден …

Митреска и Бојчева-Терзијан: Комуникацијата на централната банка ги стабилизира инфлациските очекувања Read More »

Бурим Љатифи нов директор на АД МЕПСО, избрани нови членови на Надзорниот и Управниот одбор


Министерството за транспорт како единствен акционер на АД МЕПСО ги назначи новите членови на Надзорниот одбор на компанијата.   За членови на Надзорниот одбор на Операторот на електропреносниот систем АД за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем – во државна сопственост Скопје, избрани се: Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска …

Бурим Љатифи нов директор на АД МЕПСО, избрани нови членови на Надзорниот и Управниот одбор Read More »

Прво ребаланс на Буџетот, па исплата на средствата за „Мој ДДВ“


  Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ за второто тримесечје нема да започне пред да биде усвоен ребалансот на Буџетот за 2024 година, бидејќи во сегашниот буџет на УЈП не се предвидени средства за исплата. Затоа е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тримесечје, порача денеска директорката на Управата …

Прво ребаланс на Буџетот, па исплата на средствата за „Мој ДДВ“ Read More »

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз


Српскиот тим победи во конкуренција на мешани двојки во стрелање со воздушен пиштол на далечина од 10 метри. Зорана Аруновиќ и Дамир Микец го победија турскиот тим со резултат 16:14. Ова злато беше прво за Србија на Игрите во 2024 година. Пласман на најдобрите три двојки: 1. Србија (Зорана Аруновиќ, Дамир Микец) 2. Турција (Севал …

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз Read More »

Спектакуларни снимки на „раздвоено“ зајдисонце: Што е тоа и како се појавува?


На социјалните мрежи неколку месеци привлекува внимание видео снимено на Флорида во ноември минатата година на кое се гледа неверојатен феномен на таканаречено раздвоено или поделено зајдисонце (split sunset). Снимките го покажуваат небото кое буквално како да е поделено на половина – на едниот дел е зајдисонце во неверојатни розево-црвени нијанси, а веднаш до него …

Спектакуларни снимки на „раздвоено“ зајдисонце: Што е тоа и како се појавува? Read More »

Надал по Олимпијадата ќе донесе одлука дали ќе се пензионира


Дваесет и двократниот Грен слем победник Рафаел Надал одговори на прашање за пензионирање. -Ова ме прашуваат често во последно време. Секој ден се трудам да дадам максимум. Кога ќе заврши овој турнир, ќе ги донесам потребните одлуки врз основа на тоа како се чувствувам и што сакам. Денеска не знам, рече Надал на прес-конференција по …

Надал по Олимпијадата ќе донесе одлука дали ќе се пензионира Read More »

Голем пожар кај Сплит, повеќе од 100 пожарникари го гаснат


Еден пожарникар е повреден во Хрватска при гаснење пожар на отворен простор во месноста Каштел Шучурац, во пошироката околина на Сплит. Како што пренесуват локалните медиуми, пожарот избувнал синоќа по 2 часот во близина на железарницата, а гори трева, ниска вегетација и афион. Пожарот го гаснат 106 пожарникари со 39 возила, со помош на противпожарниот …

Голем пожар кај Сплит, повеќе од 100 пожарникари го гаснат Read More »

„Астерфест“ почнува со Канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“


Деветнаесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на авторскиот филм, ќе започне задутре во Амфитеатарот во Струмица, со проекција на Канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ, соопштија организаторите. Овој тринаесетминутен хрватски филм, со Горан Богдан во главната улога, неодамна освои „Златна палма“ за краток филм на …

„Астерфест“ почнува со Канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ Read More »

Објавен нов извештај: „За малку избегната нуклеарна пресметка на Арктикот во 2022 година“


Руски командант ѝнаредил на својата посада на подморницата да подготви торпеда за време на инцидент со американска нуклеарна подморница на почетокот на 2022 година, според извештајот објавен од британски „Тајмс“. Капетанот на американската нуклеарна подморница „мораше да одлучи дали да вооружува торпедо како одговор на рускиот потег што можеше да ги испровоцира Русите да отворат …

Објавен нов извештај: „За малку избегната нуклеарна пресметка на Арктикот во 2022 година“ Read More »

Нервозно тргување на Волстрит, се чекаат клучните најави


Во нервозно тргување на Вол Стрит, индексот Дау Џонс благо падна, додека S&P и Nasdaq зајакнаа додека инвеститорите го чекаат објавувањето на деловните резултати од голем број технолошки компании, состанокот на ФЕД и клучните податоци на американскиот пазар на труд за нови насоки. Индексот Дау Џонс во понеделникот падна за 49,41 поен или 0,12 отсто …

Нервозно тргување на Волстрит, се чекаат клучните најави Read More »

Изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад


Синоќа изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад, а пожарот ја зафати и околната шума на планината Беласица, информираа од Територијалната против – пожарна единица на Струмица. Пожарот избувнал околу 18 часот вчера, а потоа брзо се раширил и ја зафатил блиската шума на исток кон Беласица. -ТППЕ Струмица веднаш испрати две против – пожарни …

Изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад Read More »