„БХ Телеком“ е во процес на преземање на „Телемах“ во БиХ, Црна Гора и Македонија


„БХ Телеком“, водечкиот телекомуникациски оператор во Босна и Херцеговина, е во процес на преземање на компанијата „Телемах“. Преземањето се однесува на операциите на Телемах во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. Ова е една од најзначајните инвестиции во последно време, која во голема мера би го консолидирала телекомуникацискиот пазар во БиХ. Ова е …

„БХ Телеком“ е во процес на преземање на „Телемах“ во БиХ, Црна Гора и Македонија Read More »

Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас


Во контејнер што од Тајланд пристигнал на атинското пристаниште Пиреас, со крајна дестинација Братислава, биле откриени 9.390.000 шверцувани цигари, односно 469.500 кутии, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека по добиените информации од Одделот за борба со дрога и шверц, бил проверен контејнерот, а по отпечатувањето и прегледот, утврдено …

Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас Read More »

Југоисточна Европа плаќа највисоки цени на струјата во ЕУ


За сопственикот на ресторанот во Атина, Христос Капетанакис, киријата отсекогаш била висока, но сега тој се соочува со она што тој го нарекува „втора кирија“, бидејќи зголемените сметки за електрична енергија го намалуваат профитот и го принудуваат да ги зголеми цените. Капетанакис плаќа помеѓу 3.000 и 3.800 евра месечно за електрична енергија, 40% повеќе отколку …

Југоисточна Европа плаќа највисоки цени на струјата во ЕУ Read More »

ЕСМ: Топланите продолжуваат да работат на природен гас, набавката на мазут е законска обврска


ЕСМ соопшти дека на објавениот јавен повик на 31 декември 2024 година, за набавка на резерви за алтернативно гориво-мазут за 15 дена работење на топланите, од страна на ЕСМ Производство на топлина-ДООЕЛ Скопје, за кој отворањето на понудите било на 8 јануари, не била доставена ниту една понуда. Поради тоа, од ЕСМ Производство на топлина, …

ЕСМ: Топланите продолжуваат да работат на природен гас, набавката на мазут е законска обврска Read More »

Аеродромите во Истанбул ќе бидат поврзани со брза железница


Турските власти најавија проект долг 120 километри што ќе ги поврзе двата главни аеродроми во Истанбул, аеродромот Истанбул и аеродромот Сабиха Гокчен со брз воз. Аеродромот Истанбул се наоѓа на европската страна, а аеродромот Сабиха Гокчен се наоѓа на страната на Анадолија. Тендерскиот процес ќе започне во 2025 година, а во финансирањето на проектот ќе …

Аеродромите во Истанбул ќе бидат поврзани со брза железница Read More »

АЕТМ: Готовината се уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачки


Постојан тренд на зголемена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата покажуваат новите податоците за платежната статистика за трите квартали од 2024 година објавени од Народната банка на Република Северна Македонија. -Во трите квартали од 2024 година се забележува значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во …

АЕТМ: Готовината се уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачки Read More »

„Фајнанс тинк“: Мерките за ограничување на цените и маржите ја смируваат инфлацијата само во првиот месец, потоа таа се враќа


Институтот за економски истражуавња и политики „Фајнанс тинк“ (Finance Think) во најновиот бриф за ефектите од мерките за ограничување на цените на храната, посочува дека мерките придонесуваат за намалување на инфлацијата, но дека имаат скромен агрегатен ефект и затоа препорачува тие да се користат само во случаи на особено висока инфлација, а во сите останати …

„Фајнанс тинк“: Мерките за ограничување на цените и маржите ја смируваат инфлацијата само во првиот месец, потоа таа се враќа Read More »

„Реплек“: Успешна 2024 година со рекорден раст на приходите во фармацевтскиот сегмент


Во текот на 2024 година компанијата Реплек АД го задржа трендот на пораст на приходите од продажба забележан претходните две години, надминувајќи ги проектираните цели од годишниот бизнис план со реализација од 100,5%. За периодот од 1. јануари до 31. декември 2024 година, остварени се вкупни приходи од продажба од 1.919,6 милиони денари (31,2 милиони …

„Реплек“: Успешна 2024 година со рекорден раст на приходите во фармацевтскиот сегмент Read More »

Германски институт: Најмалку 3,3 милиони луѓе во Германија работеле на црно минатата година


Најмалку 3,3 милиони луѓе во Германија работеле на црно минатата година, објави Германскиот економски институт. Според истражувањето на Институтот,  7,5 отсто од анкетираните мажи и 3,5 отсто од жените работеле без да платат данок во последните дванаесет месеци. Помладите луѓе почесто се свртуваат кон нелегална работа отколку постарите. -Истражувањето на компаниите покажа дека непријавената работа …

Германски институт: Најмалку 3,3 милиони луѓе во Германија работеле на црно минатата година Read More »

Раководството на Атлетико ја критикува владината интервенција во случајот Олмо


Атлетико Мадрид е загрижен дека одлуката на Националниот спортски совет на Шпанија да и дозволи на Барселона привремено да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор претставува опасен преседан, соопшти во четвртокот клубот од Ла Лига. Каталонците потпишаа договор со двајцата играчи на крајот на сезоната, но бидејќи клубот не можеше да ја исполни границата …

Раководството на Атлетико ја критикува владината интервенција во случајот Олмо Read More »

Во Лос Анџелес уапсени 20 лица поради кражби


Најмалку 20 луѓе се уапсени во округот Лос Анџелес поради кражби за време на пожарите, изјави членката на надзорниот одбор на округот, Кетрин Бергер. – Нема да дозволиме ова да се случува. Нема да стоиме по страна и да дозволиме ова трауматично искуство дополнително да се влошува, истакна Бергер. Во меѓувреме, американските власти соопштија дека …

Во Лос Анџелес уапсени 20 лица поради кражби Read More »

Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија


Најниска температура – 2 утрово е измерена во Берово, додека со 8 степени Целзиусови најтопло е во Гевгелија. На Попова Шапка и во Крива Паланка 0 степени, 1 Виница, 3 степени во Битола и Лазарополе, 4 Штип, Тетово, Крушево, Кавадарци, Куманово и Маврови Анови, 5 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Прилеп и Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Струмица, …

Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија Read More »

Во пожарите во Лос Анџелес најмалку десетмина загинати, огнената стихија не запира


Најмалку десет луѓе загинаа во шумските пожари во Лос Анџелес, соопшти Одделението за медицински испитувања на округот Лос Анџелес. Сè уште не се објавени имињата на жртвите бидејќи се чека идентификација на жртвите и да се известат нивните семејства. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем, но истражителите немаат сигурен пристап до одредени делови …

Во пожарите во Лос Анџелес најмалку десетмина загинати, огнената стихија не запира Read More »

Економските загуби од пожарите во Лос Анџелес околу 50 милијарди долари


Според проценката на американската мултинационална компанија за финансиски услуги „Џеј Пи Морган“ (JP Morgan), економските загуби од шумските пожари во округот Лос Анџелес веројатно се двојно повеќе во последните 24 часа и сега изнесуваат близу 50 милијарди долари. Се проценува дека осигурените загуби ќе надминат 20 милијарди долари, а таа бројка може да се зголеми …

Економските загуби од пожарите во Лос Анџелес околу 50 милијарди долари Read More »

Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип против двајца соизвршители, определен притвор


Основното јавно обвинителство Штип донело наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела изнуда од член 258 став 1 и предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, како што денеска соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе …

Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип против двајца соизвршители, определен притвор Read More »

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути


Собранието денеска треба да ја започне 29. седница на која на дневен ред се пет интерпелации. Четири интерпелации се поднесени од пратеници на Европскиот фронт против работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени од ДУИ. Петата интерпелација е поднесена од Левица за работата …

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути Read More »

Либералната партија на Канада на 9 март ќе избира нов лидер


Либералната партија на Канада (ЛПК) соопшти на 9 март ќе избира нов лидер откако Џастин Трудо најави повлекување од лидерската функција. – Либералната партија на Канада на 9 март ќе избере нов лидер и ќе биде подготвена да се бори и да победи на изборите во 2025 година, се наведува во партиското соопштение. Името на …

Либералната партија на Канада на 9 март ќе избира нов лидер Read More »

Трогателна приказна од Лос Анџелес: Татко во инвалидска количка загина во пожар покрај болниот син


Татко и син, двајцата инвалиди, загинаа во пожар во Алтадена, објави Вашингтон пост. Хаџим Вајт, жителка на Арканзас, изјави за Пост дека последен пат комуницирала со нејзиниот татко, Ентони Мичел, во средата наутро. „Тој рече, душо, само да знаеш, има пожар и ќе мора да се евакуираме“, се сеќава Вајт. „Потоа тој рече: „Морам да …

Трогателна приказна од Лос Анџелес: Татко во инвалидска количка загина во пожар покрај болниот син Read More »

Зеленски: Сојузниците ветија воена помош за Украина во висина од две милијарди долари


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на вчерашната средба на Контакт групата за одбрана на Украина, што се одржа во американската воздухопловна база Рамштајн, Германија, западните сојузници ветиле дополнителна воена помош. – Имавме добра средба со многу добар резултат. Имаше дополнителни пакети помош за Украина во висина од две милијарди долари, посочи Зеленски. Помошта ќе …

Зеленски: Сојузниците ветија воена помош за Украина во висина од две милијарди долари Read More »

Американската администрација привремено го блокира договорот за признавање вина за 11 септември


Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден привремено го блокираше договорот за признавање на вината за обвинетиот организатор на нападите на 11 септември 2001 година, Калид Шеик Мохамед, што ќе го поштеди од ризикот од смртна казна за нападите на Ал Каеда врз САД. Одлуката на федералниот апелационен суд во Вашингтон уследи по барањето на владата …

Американската администрација привремено го блокира договорот за признавање вина за 11 септември Read More »