Каја Калас повика утре на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ со фокус на САД и на Украина


Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас, ги повика министрите за надворешни работи на Унијата да се сретнат утре на маргините на Минхенската безбедносна конференција за да разговараат за односите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и војната во Украина. „Целта на состанокот ќе биде размена на информации и …

Каја Калас повика утре на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ со фокус на САД и на Украина Read More »

Кошаркарите на МЗТ го освоија 13. трофеј во Купот на Македонија


МЗТ Скопје Аеродром го совлада КК Кожув со 86-61 (42-27) во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија и на тој начин го подигна 13-тиот трофеј во ова натпреварување. Аеродромци покажаа доминантна игра во текот на натпреварот, слично како и на претходните два натпревари на турнирот. Против домаќинот вечерва го диктираа темпото уште од самиот старт …

Кошаркарите на МЗТ го освоија 13. трофеј во Купот на Македонија Read More »

Тим на Трамп ќе ги почне руско-украинските мировни преговори во Саудиска Арабија


Високи претставници од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе почнат мировни преговори со руски и украински преговарачи во Саудиска Арабија, изјавија денеска републиканскиот конгресмен од Тексас Мајк Мекејн и двајца американски претставници запознати со планот. Како што објави Политико, советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Волц ќе им се придружи на државниот секретар …

Тим на Трамп ќе ги почне руско-украинските мировни преговори во Саудиска Арабија Read More »

Марта Кос разговараше со лидерите од Западен Балкан за заедничката европска иднина


Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска соопшти дека разговарала со германскиот дипломат Волфганг Ишингер и лидерите на Западен Балкан за нивната улога во иднината на ЕУ. „Добра комуникација со амбасадорот Ишингер и лидерите на Западен Балкан за тоа што можат да придонесат за нашата заедничка европска иднина. Сите треба да бидеме погласни за тоа …

Марта Кос разговараше со лидерите од Западен Балкан за заедничката европска иднина Read More »

Лавров остварил телефонски разговор со Рубио


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остварил телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио, јавија риуските медиуми. Според руските медиуми, разговорот бил на иницијатива на Вашингтон. Лавров и Рубио се договориле да одржуваат редовни контакти, вклучително и да подготват за средба меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин. „Двете страни …

Лавров остварил телефонски разговор со Рубио Read More »

Сириец избоде пет лица во Вилах, Австрија, почина 14-годишник


23-годишен Сириец по случаен избор избодел петмина минувачи во Вилах, град во јужна Австрија, соопшти полицијата. Во нападот загина 14-годишно момче, а четири лица се повредени. Полицијата го привела осомничениот. Мажот е сириски државјанин кој легално престојува во Австрија, соопшти полицијата. „Ова е исклучителен и шокантен настан. Вакво нешто досега не е видено во Корушка“, …

Сириец избоде пет лица во Вилах, Австрија, почина 14-годишник Read More »

Уште еден кикс на Реал, Белингем доби црвен картон, еве што се случи


Осауна и Реал Мадрид одиграа нерешено 1-1 во Памплона во 24.коло од Ла Лига. Реал поведе во 15. минута со голот на Килијан Мбапе, а Осасуна дојде до бод благодарение на голот на Анте Будимир. Хрватскиот напаѓач реализираше пенал во 58. минута за 13. гол сезонава. Тренерот Карло Анчелоти во 40. минута остана со десетмина …

Уште еден кикс на Реал, Белингем доби црвен картон, еве што се случи Read More »

Мицкоски на панел дискусија во Минхен: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа


Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција. Тој говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа.  Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски посочил дека воопшто не …

Мицкоски на панел дискусија во Минхен: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа Read More »

Европските лидери ќе се сретнат за Украина в понеделник во Париз


Францускиот претседател Емануел Макрон ги покани европските лидери на состанок во Париз в понеделник, изјави денеска во Минхен полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, во време кога дипломатските иницијативи на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина ги загрижуваат партнерите на земјата. „Полскиот премиер Доналд Туск в понеделник ќе отпатува на состанок на европските лидери …

Европските лидери ќе се сретнат за Украина в понеделник во Париз Read More »

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија


Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23).  За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година. Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и …

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија Read More »

Зеленски одби да ја потпише понудата на Трамп за украинските минерали


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска во Минхен дека одбил да потпише договор со САД за украински минерали, нагласувајќи дека тоа не ја штити неговата земја во оваа фаза. „Не ги овластив министрите да го потпишат договорот бидејќи тој не е подготвен. Според мене, тој не не заштитува нас“, рече Зеленски на маргините на Минхенската …

Зеленски одби да ја потпише понудата на Трамп за украинските минерали Read More »

ФТ: САД побараа од Европа да подготви предлози за безбедносни гаранции за Украина


САД побараа од европските земји да предложат какви безбедносни гаранции можат да придонесат за Украина, изјавија четири европски извори, јави ФТ. Изворите рекоа дека САД испратиле документ во кој се поставуваат прашања за можните придонеси од војниците, додека два извори велат дека документот бил испратен претходно оваа недела. „Фајненшл тајмс“ најпрвин објави дека Вашингтон побарал …

ФТ: САД побараа од Европа да подготви предлози за безбедносни гаранции за Украина Read More »

И Бугарија ќе носи мерки за нефер трговски практики


Бугарската влада ќе предложи законски мерки за смирување на пазарот на храна, а во исто време ќе ја зголеми заштитата на производителите. Ова нема да се направи преку методи како што се ограничувања на цените или прагови за обележување, туку преку регулативи кои предвидуваат ограничување на нефер практики долж синџирот на снабдување, јави БТА. Ова …

И Бугарија ќе носи мерки за нефер трговски практики Read More »

Што си кажаа министрите Муцунски и Георгиев во Минхен


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, Сојузна Република Германија, се сретна со шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев. Ова е прва ваква средба на министрите за надворешни работи, откаоо неодамна во Бугарија по долг период поолитичка криза, беше формирана политичка влада.  Од македонското МНР …

Што си кажаа министрите Муцунски и Георгиев во Минхен Read More »

Земјотрес со јачина од 4,8 степени на Света Гора


 Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер беше регистриран кусо по 18 часот на Света Гора со епицентар на 12 километри северозападно од Кареја, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотресот на третиот крак на Халкидики бил почувствуван и во Солун и градови од северна Грција, а засега нема информации за материјална штета. 

Сред бел ден, на кејот на Вардар во центарот на Скопје, му впериле нож во грб и го ограбиле


Основното јавно обвинителство Скопје наредило спроведување истражна постапка против 26-годишник за кривично дело разбојништво, во кое учествувало уште едно лице на чие идентификување се работи. -Двајцата соизвршители, на 14 февруари во попладневните часови, кај поранешно „Дрводекор” на кејот на  Вардар, нападнале еден оштетен, му впериле нож во грбот и со употреба на сила и сериозна …

Сред бел ден, на кејот на Вардар во центарот на Скопје, му впериле нож во грб и го ограбиле Read More »

Европа нема да биде дел од мировните преговори меѓу Украина и Русија, откри специјалниот пратеник на Трамп


Европа ќе биде консултирана – но, на крајот исклучена – од планираните мировни преговори меѓу Русија, САД и Украина, откри специјалниот пратеник на Доналд Трамп за Украина. Запрашан дали Европа ќе биде присутна на планираните разговори, Кит Келог рече дека тој е од „школата на реализмот, а тоа нема да се случи“. „Можеби е како …

Европа нема да биде дел од мировните преговори меѓу Украина и Русија, откри специјалниот пратеник на Трамп Read More »

Албанија е една од 10-те земји во светот со најзагаден воздух


 Во Албанија, загадениот воздух има големо влијание врз јавното здравје, што се рангира како петта водечка причина за смрт.  Според Институтот за јавно здравје , загадениот воздух во Албанија предизвикува околу 4.600 смртни случаи годишно. Концентрацијата на ПМ2,5 честичките е 16,7 микрограми на метар кубен, што е речиси тројно од нормата дозволена од СЗО, што …

Албанија е една од 10-те земји во светот со најзагаден воздух Read More »

Волстрит џурнал: Нова руска шпионска единица води мрачна војна против Западот


Руски шпионски агенции создадоа нова тајна единица чија цел е да извршува тајни напади во Европа и на други места, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на западни разузнавачки извори. Дирекцијата за специјални задачи (СДТ) е сместена во седиштето на руското воено разузнавање, комплекс од стакло и челик на периферијата на Москва. Активностите на единицата вклучуваат …

Волстрит џурнал: Нова руска шпионска единица води мрачна војна против Западот Read More »

Политико: Дали е ова крај за НАТО?


Додека се собраа на самитот, европските официјални лица се уште беа оптоварени од 90-минутниот телефонски разговор на Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, како и од коментарите дадени во Брисел оваа недела од американскиот секретар за одбрана Питер Хегсет. За поранешниот литвански министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, најзанемарената линија од обраќањето на Хегсет …

Политико: Дали е ова крај за НАТО? Read More »