Минималната синдикална кошница незапирливо расте, во февруари достигна 63.773 денари, за 521 денари повеќе од јануари


Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63 773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63 252 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79 148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за …

Минималната синдикална кошница незапирливо расте, во февруари достигна 63.773 денари, за 521 денари повеќе од јануари Read More »

Дончиќ слаб, Лејкерси загубија од Хорнетс


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го одигра првиот натпревар по Ол-стар паузата со својот нов НБА тим, Лос Анџелес Лејкерс, но беше неуспешен. Лејкерси загубија со 97-100 од Шарлот Хорнетс во натпревар кој првично беше одложен поради пожарите. Дончиќ беше блиску до трипл-дабл, но загуби и шест топки поради лошото шутирање. Натпреварот беше закажан за почетокот …

Дончиќ слаб, Лејкерси загубија од Хорнетс Read More »

Како се спроведува одлуката за маржите и цените: Во дел од маркетите ги обележуваат производите, во други сѐ уште по старо


Дел од маркетите веќе почнаа во пракса да ја спроведуваат одлуката на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите, која вчера излезе и во Службен весник, со што стана официјална и треба да важи до 30 април годинава. Иако согласно одлуката од денеска се очекуваше да …

Како се спроведува одлуката за маржите и цените: Во дел од маркетите ги обележуваат производите, во други сѐ уште по старо Read More »

Фондовите на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и на Црна Гора ќе разменуваат податоци по електронски пат


Директорите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Црна Гора, Никола Мемов и Владимир Дробњак потпишаа Договор за размена на податоци во областа на пензиското и инвалидското осигурување, информираат од Фондот на ПИОСМ.  Со овој договор, како што било речено, ќе се …

Фондовите на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и на Црна Гора ќе разменуваат податоци по електронски пат Read More »

„Вива“ по вторпат на најголемиот светски саем за храна и пијалаци „Gulfood“ во Дубаи


Водечкиот македонски производител на природни овошни сокови, Вива, по вторпат е дел од реномираниот меѓународен саем „Gulfood“ како учесник и спонзор. Оваа година, „Gulfood“ го слави своето 30-то јубилејно издание, кое се одржува во Дубаи од 17 до 21 февруари. Настанот, кој важи за еден од најпрестижните во светската прехранбена индустрија, претставува извонредна можност за …

„Вива“ по вторпат на најголемиот светски саем за храна и пијалаци „Gulfood“ во Дубаи Read More »

Разоткриена измама со биодизел: Штета од 60 милиони евра во ЕУ


Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител (EPPO) уапси двајца осомничени за царинска измама поврзана со увоз на биодизел, со што буџетот на ЕУ бил оштетен за над 60 милиони евра. Според истрагата, осомничените увезувале биодизел од САД во Европската Унија, но лажно го прикажувале неговото потекло. Тие биле во притвор во Белгија од мај 2024 година, …

Разоткриена измама со биодизел: Штета од 60 милиони евра во ЕУ Read More »

Г20 во Јоханесбург: Украина, Блискиот Исток и глобалните реформи во фокусот


Министрите за надворешни работи на групата Г20 денеска се собраа во Јоханесбург, каде ќе одржат дводневен состанок, јави ДПА. Главни теми на агендата се конфликтот на Блискиот Исток и војната на Русија во Украина. Сепак, земјите во развој, како Јужноафриканската Република , Бразил и Индија, се фокусирани на прашањата за реструктурирање на глобалните институции, адаптацијата …

Г20 во Јоханесбург: Украина, Блискиот Исток и глобалните реформи во фокусот Read More »

Најмалку две лица загинаа при судир на два мали авиони во Аризона


Најмалку две лица загинаа во синоќешниот судир помеѓу два мали авиони над регионалниот аеродром Марана во американската сојузна држава Аризона, Полицијата ја потврди смртта на две лица при судирот на двата авиона, во кои имало по две лица. Инцидентот се случи кога администрацијата на Доналд Трамп отпушта вработени во Сојузната управа за воздухопловство (ФАА) одговорни …

Најмалку две лица загинаа при судир на два мали авиони во Аризона Read More »

Зошто сите патишта водат низ Ријад – Саудиска Арабија се издигнува како клучен глобален посредник на моќта


Во хотелот Фаена на Мајами Бич, на појадок, го слушнав разговорот што се одвиваше на соседната маса. „Трамп создава нестабилност“, му рече едниот на другиот, кој не се согласува со него. Тоа беше добродушна, но искрена дебата што погоди во центарот на глобалниот јаз во моментов за реториката и постапките на најмоќниот човек на светот. …

Зошто сите патишта водат низ Ријад – Саудиска Арабија се издигнува како клучен глобален посредник на моќта Read More »

Во Берово утрово -14, на Попова Шапка 32 сантиметра снег


Утрово е најстудено во Берово, -14 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 32 сантиметра. До 8:30 часот се измеренеи и -13 степени на Попова Шапка и во Маврови Анови, -12 во Крушево и Крива Паланка, -10 во Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Штип и Куманово, -9 во Велес, Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Демир Капија, -8 …

Во Берово утрово -14, на Попова Шапка 32 сантиметра снег Read More »

Израел ги доби имињата на четворицата загинати заложници


Израел доби список со имињата на загинатите заложници, чии тела се очекува денеска да бидат вратени од палестинската исламистичка група Хамас. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека се информирани роднините на загинатите заложници. Според Хамас и израелските медиуми помеѓу загинатите заложници е мајка со две деца и еден возрасен маж. Претходно, Хамас соопшти дека …

Израел ги доби имињата на четворицата загинати заложници Read More »

Северна Кореја со критики за САД поради договорот за нуклеарни подморници


Северна Кореја жестоко ги критикуваше Соединетите Американски Држави за договорот со Австралија за нуклеарни подморници во рамките на безбедносното партнерство АУКУС, оценувајќи го како закана за регионалната стабилност. Во коментар пренесен од државната агенција КЦНА, Пјонгјанг ја осуди американската стратегија на „нуклеарни сојузи“, вклучувајќи го АУКУС и трипартитната соработка меѓу САД, Јужна Кореја и Јапонија. …

Северна Кореја со критики за САД поради договорот за нуклеарни подморници Read More »

Стармер: Зеленски е демократски избран лидер


 Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер во телефонскиот разговор со Володимир Зеленски го поддржа украинскиот претседател, истакнувајќи оти тој е демократски избран лидер. Изјавата на Стармер уследи откако претседателот на САД, Доналд Трамп го нарече Зеленски диктатор. Британскиот премиер не го спомна Трамп, кој изјави дека Зеленски е „диктатор кој владее без избори, но истакна …

Стармер: Зеленски е демократски избран лидер Read More »

Трамп: Да беше Бајден на власт, ќе започнеше Третата светска војна


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека светот не е далеку од Третата светска војна, но дека неговото претседателство ќе ја спречи таа катастрофа. – Брзо се движам за да ги завршам војните, да ги решам конфликтите и да донесам мир во светот. Сакам мир. Никој нема корист од Третата светска војна, а вие не сте …

Трамп: Да беше Бајден на власт, ќе започнеше Третата светска војна Read More »

Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини


Маж, кој осум часа беше затрупан во канал во близина на Лазаревац, Србија, е успешно извлечен жив, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, на социјалните мрежи објави снимка од спасувањето и им се заблагодари на пожарникарите.   „Спасен е Милан Рајковиќ по осум часа. Бескрајна благодарност до пожарникарите-спасители“, напиша …

Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини Read More »

„Cuban Fire“ – концерт на Националниот џез оркестар со афро-кубанска музика


„Cuban Fire“ е насловен концертот што вечер ќе го изведе Националниот џез оркестар во 20 часот во Филхармонија. Најавувајќи го концертот како уште едно неверојатно музичко доживување, од Националниот џез оркестар посочуваат дека овој пат фокусот е на афро-кубанската музика и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии. -Низ оваа автентична “латино свита” …

„Cuban Fire“ – концерт на Националниот џез оркестар со афро-кубанска музика Read More »

Почнува кампањата за информирање на граѓаните за Јавниот повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката 1


Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството започнуваат кампања за информирање на потенцијалните корисници по однос на можностите кои ги нуди инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма. …

Почнува кампањата за информирање на граѓаните за Јавниот повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката 1 Read More »

Ќе поевтинат ли над 1.000 производи? Мерките стапија на сила, трговците предупредуваат на „големи штети“


Од денеска се очекува да поевтинат над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите. На самиот старт на владините одлуки, вчера реагираа од Комората на трговци на големо и на мало, од каде …

Ќе поевтинат ли над 1.000 производи? Мерките стапија на сила, трговците предупредуваат на „големи штети“ Read More »

Венс го предупреди Зеленски да не го критикува Трамп


Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс ги засили критиките кон Украина и го предупреди претседателот Володимир Зеленски да не го критикува претседателот на САД, Доналд Трамп. – Идејата дека Зеленски ќе го смени мислењето на претседателот на претседателот со клеветење во јавните медиуми … секој што го познава претседателот ќе ви каже дека тоа е многу …

Венс го предупреди Зеленски да не го критикува Трамп Read More »

Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик


 Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Најавени се поздравни обраќања на министерот за култура и туризам Зоран Љутков и директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска. Пригодно обраќање на тема „Кон 80 години од …

Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик Read More »