Делови од Чаир и Чучер Сандево без струја


Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без струја од 8 до 10 часот ќе бидат објектите во трговскиот центар Чаирчанка и корисниците на улиците „Стојна Стевкова“ и „Панче Неделковски“ во општина Чаир, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Од 10 до 15 часот струја ќе немаат и Пречиститилната станица во …

Делови од Чаир и Чучер Сандево без струја Read More »

Ведро и многу студено, минусни утрински температури


Утрото денеска е ведро и многу студено, преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Според прогнозата на УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени. Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Минималната …

Ведро и многу студено, минусни утрински температури Read More »

По 12-годишна пауза ќе се одржи скијачкиот Шарпланински куп


Скијачката федерација на Македонија го најави 41-от Шарпланински куп во алпско скијање на Попова Шапка. По пауза од 12 години, манифестацијата ќе се одржи наредната недела во среда и четврток 26 и 27 февруари. – Со голема возбуда и гордост најавуваме дека Попова Шапка повторно ќе биде домаќин на најстариот меѓународен скијачки натпревар на Балканот. …

По 12-годишна пауза ќе се одржи скијачкиот Шарпланински куп Read More »

Американскиот Сенат го изгласа Пател за директор на ФБИ


Кеш Пател е новиот шеф на Федералното истражно биро (ФБИ), потврди денеска американскиот Сенат. Сенатот го потврди Пател со тесно мнозинство од 51 глас „за“ и 49 „против“. Пател, поранешен функционер во Министерството за одбрана во првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, повика на радикална ревизија на ФБИ, ветувајќи дека ќе ги прошири неговите …

Американскиот Сенат го изгласа Пател за директор на ФБИ Read More »

Дијаспората да биде важен фактор во македонската економија: Средба Сиљановска-Давкова – „Македонија 2025″


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска разговарала со Никица Мојсовска-Блажески, главна извршна директорка на „Македонија 2025″ за зајакнување и продлабочување на односите со дијаспората. Како што соопшти Кабинетото на Сиљановска-Давкова, директорката ја запознала претседателката за концептот на самитот „Македонија 2025″, како ретка можност за вмрежување, остварување нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори. -Соговорничките се …

Дијаспората да биде важен фактор во македонската економија: Средба Сиљановска-Давкова – „Македонија 2025″ Read More »

Макрон ќе му каже на Трамп дека не може да биде слаб пред Путин


Францускиот претседател Емануел Макрон ќе му каже на својот американски колега Доналд Трамп дека „не може да биде слаб“ пред Владимир Путин и дека неговиот „стратешки интерес е ист како и европскиот“. – Ќе му кажам: Не можете да бидете слаб пред претседателот Путин. Тоа не сте вие, тоа не е ваш заштитен знак, тоа …

Макрон ќе му каже на Трамп дека не може да биде слаб пред Путин Read More »

Трговски синџири нелегално се договарале за усогласено делување, тврди Комисијата за заштита на конкуренцијата


Комисијата за заштита на конкуренцијата, преку соопштение до медиумите тврди дека неколку синџири на маркети нелегално се договарале за усогласено делување спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата. Од КЗК попладнево известија дека ова било констатирано по направена ненадејна контрола кај правните лица, како и дека била поведена прекршочна постапка. Во продолжение целото соопштение: Комисијата …

Трговски синџири нелегално се договарале за усогласено делување, тврди Комисијата за заштита на конкуренцијата Read More »

Министерката Божиновска во посета на Бирото за метрологија: Точните мерења се основа за економскиот развој


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го посетила Бирото за метрологија, кое е во состав на Министерството, со цел да се запознае со тековните активности и предизвици на оваа институција, при што имала средба со директорот на Бирото, Седат Рушани, и вработените во лабораториите. Бирото е задолжено за испитување на квалитетот на …

Министерката Божиновска во посета на Бирото за метрологија: Точните мерења се основа за економскиот развој Read More »

Синџирот за брза храна KFC по 95 години се сели од Кентаки во Тексас


Синџирот за брза храна KFC, познат како Kentucky Fried Chicken, планира да ја напушти државата каде што е основан, откако матичната компанија Yum! Brands објави дека корпоративното седиште на синџирот ќе се пресели од Луисвил, Кентаки, во предградие на Далас, Тексас. Тоа е значајна промена за 95-годишната компанија која започна во мотел во мало гратче …

Синџирот за брза храна KFC по 95 години се сели од Кентаки во Тексас Read More »

Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година


Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 989 илјади во четвртото тримесечје од 2024 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1.6 %, соопшти Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 0.3 %, во приградскиот …

Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година Read More »

Ревизорите утврдија слабости во спроведувањето на мерките за вработување во 2023 година


Ревизорите утврдиле слабостите во спроведувањето на мерките за вработување во 2023 година и нерамномерна распределба на средствата во планските региони. Утврдени се и пропусти во активностите за обука на напредни ИТ вештини што е една од целите на Агенцијата за вработување.  Во ревизорскиот извештај наведено е дека за исплата на средства за паричен надоместок во …

Ревизорите утврдија слабости во спроведувањето на мерките за вработување во 2023 година Read More »

Битиќи: Решенијата на СДСМ гарантираат намалување на цените за 30 проценти


Со предлозите на СДСМ за намалување на цените на струјата и ДДВ на прехранбените производи, ќе им се излезе во пресрет на граѓаните да се намалат трошоците за живот, кој секојдневно растат. Решенијата на СДСМ гарантираат намалување на цените за 30%. Пред нас е вистинска економска криза, па не можете да останете имуни на тоа …

Битиќи: Решенијата на СДСМ гарантираат намалување на цените за 30 проценти Read More »

Сметководителите ќе може да ги потпишат завршните сметки, уверува министерката Димитриеска Кочовска


„Нема потпис, нема мир“, „Смрди на профитот на консалтинг куќите“, „Фелата се буди“, „Дисциплинска за ИСОС“ и „Стоп за тиранијата со контролата на квалитет“ беа само дел од транспарентите на денешниот протест што го организираа сметководителите пред Министерството за финансии. Тие изнесоа повеќе барања, меѓу кои најитно изнаоѓање решение за оние што се времено избришани …

Сметководителите ќе може да ги потпишат завршните сметки, уверува министерката Димитриеска Кочовска Read More »

Поевтинува мазутот, цената на бензините останува иста


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,019 ден/кг и ќе изнесува 46,190 ден/кг, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Максималните цени на нафтените деривати од …

Поевтинува мазутот, цената на бензините останува иста Read More »

ЕЦБ соопшти за највисока загуба во својата историја


 Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти за својата втора последователна година на загуба, со дефицит од околу 7,9 милијарди евра (8,2 милијарди долари) во 2024 година. Ова ја означува најголемата загуба во повеќе од 25-годишната историја на ЕЦБ. Банката може да претрпи одредени загуби во наредните години, но тие треба да бидат помали отколку во …

ЕЦБ соопшти за највисока загуба во својата историја Read More »

Објавена новата просечна плата во Хрватска


Просечната месечна нето-плата по вработен во правните лица за декември 2024 година изнесува 1.361 евро, а средната 1.156 евра, објави денеска хрватскиот Централен завод за статистика, чии податоци исто така покажуваат дека околу две третини од платите се потпросечни, јави Хина. Просечната плата за декември е номинално пониска за 0,4, а реално за 0,5 отсто …

Објавена новата просечна плата во Хрватска Read More »

Сообраќајот на патот Демир Капија-Смоквица ќе биде пренасочуван, а во обратен правец ќе биде во прекин поради реконструкција


На автопатот А1, на делницата Демир Капија – Смоквица, поточно кај вториот тунел (Т2) во близина на местото “Јаворица”, сообраќајот ќе биде пренасочен со соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација поради реконструкција на патот. Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот на патниот правец Смоквица – Демир Капија, ќе биде во прекин за сите …

Сообраќајот на патот Демир Капија-Смоквица ќе биде пренасочуван, а во обратен правец ќе биде во прекин поради реконструкција Read More »

Finance Think: Жените во Македонија се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања во споредба со мажите


На македонскиот пазар на труд постои хоризонтална професионална сегрегација т.е. жените се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања во споредба со мажите, занимањата во кои доминираат мажите (на пример ИТ стручњаци, инжинери, техничари) се поатрактивни на пазарот на труд, а побарувачката за работници во овие занимања е поголема. Професионалниот јаз (однос помеѓу понудата …

Finance Think: Жените во Македонија се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања во споредба со мажите Read More »

Пазарниот инспекторат на терен, глобите за непочитување на одлуките за основните прехранбени производи од 500 до 10.000 евра


Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека од денеска нивните инспектори се на терен и ќе вршат контроли дали се почитуваат одлуките на Владата за ограничување на маржите и за замрзнување на цените на прехранбените производи.  Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на овие две одлуки се движат од …

Пазарниот инспекторат на терен, глобите за непочитување на одлуките за основните прехранбени производи од 500 до 10.000 евра Read More »

Министерката Димитриеска Кочовска дојде на протестот на сметководителите


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска неочекувано и ненајавено дојде на протестот што го одржуваа професионалните сметководители на кои, како што тие тврдат, им е одземено правото на работа.  – Треба да се најде фер решение, напишете ми ги писмено сите забелешки и доставете ми ги, им порача министерката на сметководителите. Таа ги покани да …

Министерката Димитриеска Кочовска дојде на протестот на сметководителите Read More »