Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност


Американскиот државен секретар Марко Рубио утринава изјави дека „дејствата на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик ги поткопуваат институциите на Босна и Херцеговина (БиХ) и ја загрозуваат нејзината безбедност и стабилност“. Тој ги повика партнерите во регионот да му се придружат на Вашингтон во спротивставувањето на „тоа опасно и дестабилизирачко однесување“. „Нашата влада ги …

Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност Read More »

Пукање во паб во Торонто, 12 лица повредени


Дванаесет лица се повредени во инцидент со пукање во паб во Торонто, соопшти полицијата. Како што е наведено, сомничениот се уште е во бегство. Полицијата истражува пукање што се случило синоќа во пабот „Скарборо“, јави Си-Би-Ес њуз. Повредените лица се пренесени во болница, но засега нема информации за нивниот пол и возраст. Портпаролот на градот …

Пукање во паб во Торонто, 12 лица повредени Read More »

Рубио телефонски разговараше со Сибих и Баро за завршување на војната во Украина


Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа телефонски разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибих и со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро за завршување на војната во Украина, соопшти Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека во разговорот со Сибих, Рубио нагласил дека американскиот претседател Доналд Трамп е решен што поскоро да …

Рубио телефонски разговараше со Сибих и Баро за завршување на војната во Украина Read More »

Дигиталната трансформација не е веќе прашање на избор, туку неопходност за компаниите


Во четвртокот во Скопје, Women on Boards Adria (WOBA) и Finance Talks by EoS успешно организираа конференција под наслов „Забрзана дигитална трансформација и револуцијата на вештачката интелигенција”, која обедини визионерски лидери од академската заедница, бизнисот и владата. Овој настан не претставуваше само дискусија за иднината – туку и поттик за преземање на активности за обликување …

Дигиталната трансформација не е веќе прашање на избор, туку неопходност за компаниите Read More »

Пригоден поштенски жиг за Меѓународниот ден на жената во одбележување на 30-годишниот јубилеј од Пекиншката декларација


По повод Меѓународниот ден на жената и 30-годишнината од Пекиншката декларација и Платформата за акција, UN Women во Северна Македонија, во соработка со Пошта на Северна Македонија, претстави специјален пригоден поштенски жиг. Овој симболичен гест ја истакнува посветеноста на земјата кон родовата еднаквост и континуираните заложби за обезбедување еднакви можности за жените и девојчињата. Поштенскиот …

Пригоден поштенски жиг за Меѓународниот ден на жената во одбележување на 30-годишниот јубилеј од Пекиншката декларација Read More »

Грчкиот парламент не изгласа недоверба на владата на Мицотакис


Со 136 гласа „за“ и 157 „против“ грчкиот Парламент, како и што се очекуваше, доцна синоќа го отфрли предлогот за недоверба на Владата доставен од четирите опозициски партии поради железничката несреќа кај Темпи, а во исто време со гласањето пред Парламентот се одржа протест што заврши со инциденти меѓу маскирани лица и полицијата, јави дописничката …

Грчкиот парламент не изгласа недоверба на владата на Мицотакис Read More »

Масовни протести на американските научници поради кратењата во научните програми


Во САД синоќа се одржаа масовни протести и маршеви на научници, академски истражувачи и нивни поддржувачи, вклучувајќи неодамна отпуштени федерални работници, а против кратењата на парите за истражувања и научни програми од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Пред споменикот на Линколн во Вашингтон се собраа илјадници да протестираат против „деструктивните“ политики на Трамп. …

Масовни протести на американските научници поради кратењата во научните програми Read More »

Зајакнувањето на одбраната на Европа би можело да резултира со зајакната улога на Европската комисија


Европската Унија се повеќе се позиционира на меѓународната сцена како геополитички фактор или се обидува да биде глобален актер повеќе отколку што тоа го правеше порано, но ограничувачки фактор за неа е тоа што некои сфери, како на пример одбраната, не се во нејзина, туку се во надлежност на земјите членки.  Експертите посочуваат дека главни …

Зајакнувањето на одбраната на Европа би можело да резултира со зајакната улога на Европската комисија Read More »

Жените во делата на македонските сликари – изложба во Галерија Матица


По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, во Галерија Матица денеска ќе биде отворена изложба на четириесет дела од македонски автори кои ги прикажуваат повеќеслојните искуства, борби и триумфи на жените. -Секое дело зборува за уникатните приказни за издржливост, сила и убавина што ги носат жените. На изложбата ќе бидат застапени дела на …

Жените во делата на македонските сликари – изложба во Галерија Матица Read More »

Две лица полесно повредени во сообраќајка со повеќе возила на Партизанска


Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила синоќа околу полноќ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Шеф на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов потврди за МИА дека во директен судир со комбе на Брза помош од приватна болница, две лица биле полесно повредени. Повредените се …

Две лица полесно повредени во сообраќајка со повеќе возила на Партизанска Read More »

„За СИТЕ жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“ – Меѓународен ден на жената


 Меѓународниот ден на жената – 8 март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки …

„За СИТЕ жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“ – Меѓународен ден на жената Read More »

Симулациска вежба за вонредни состојби на скопскиот аеродром


Во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија денеска и утре на Меѓународниот Аеродром Скопје се одржува симулациска вежба за вонредни состојби. -Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот или јавниот ред и мир, …

Симулациска вежба за вонредни состојби на скопскиот аеродром Read More »

Осмомартовски марш – „Нека јадат ружи!“


По повод Денот на жената 8 Март, Платформата за родова еднаквост денеска во Скопје организира Марш за женски права, кој годинава ќе се одржи под слоганот „Нека јадат ружи!“.  Организаторот повикува на женски марш и на солидарен женски бојкот за да се одбележи Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените. …

Осмомартовски марш – „Нека јадат ружи!“ Read More »

Утрото студено, а потоа сончево и топло до 23 степени


Времето утрово постудено, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне …

Утрото студено, а потоа сончево и топло до 23 степени Read More »

Стапката на невработеност во САД достигна 4,1 отсто, помалку вработени од очекуваното


Бројот на нововработени во економијата на САД, не вклучувајќи го земјоделскиот сектор, во февруари се зголемил за 151.000, но прогнозите биле бројката да достигне повеќе од 160.000, јавија дел од американските медиуми. Според ревидираните податоци објевни денеска од америкаското Биро за труд, бројот на нови работни места во јануари изнесувал 125.000. Стапката на невработеност е …

Стапката на невработеност во САД достигна 4,1 отсто, помалку вработени од очекуваното Read More »

Рововска битка за минимална плата


Сѐ поизвесно е дека минималната плата ќе се зголеми за околу 1.800 денари, односно онолку колку што следува според постојното законско решение, а не како што бараат синдикатите таа да достигне околу 30 илјади денари или 500 евра. Владата, тоа станува сѐ поочигледно, нема намера да ги исполни барањата на претставниците на работниците, префрлајќи ја …

Рововска битка за минимална плата Read More »

Тројца Бугари прогласени за виновни во суд во Лондон, шпионирале за Русија


Тројца Бугари денеска се прогласени за виновни пред судот во Лондон за учество во руска шпионска група раководена од поранешниот менаџер на германската фирма за финансиски услуги „Вајркард“, Јан Марсалек, со цел да вршат надзор во полза на Кремљ на американска воена база и следење на поединци, кои биле цел на Москва. Кетрин Иванова (43), …

Тројца Бугари прогласени за виновни во суд во Лондон, шпионирале за Русија Read More »

Јуростар: Од утре продолжува железничкиот сообраќај од Париз по откривањето на бомбата од Втората светска војна


Железничката компанија „Јуростар“ соопшти дека од утре ќе продолжи редовниот сообраќај меѓу Париз и Лондон, како и на релација Париз-Брисел, откако претходно денеска беше откриена бомба од Втората светска војна на железничката станица во Париз, пренесува БФМ. Претходно денеска, за време на работа на станицата „Гар ди Нор“ во Париз, беше откриена неексплодирана бомба од …

Јуростар: Од утре продолжува железничкиот сообраќај од Париз по откривањето на бомбата од Втората светска војна Read More »

Барањата за азил во Германија значително намалени на почетокот на годината


Бројот на барања за азил во Германија во јануари и февруари е значително помал во однос на истиот период минатата година, објави Федералната канцеларија за миграција и бегалци. Канцеларијата објави дека вкупно 29.947 лица поднеле барање за азил во јануари и февруари – што е намалување за 43,4 отсто во споредба со истиот период минатата …

Барањата за азил во Германија значително намалени на почетокот на годината Read More »

Бизнис конфедерацијата на Македонија се залага работниците и работодавачите сами да преговараат за минималната плата


Се залагаме за покачување на минималната плата преку социјален дијалог и колективно преговарање меѓу работниците и работовачите и тоа за секој сектор посебно, изјави претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков кој денеска во Штип учествува на националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, а во организација на Здружението „Гласен Текстилец“. …

Бизнис конфедерацијата на Македонија се залага работниците и работодавачите сами да преговараат за минималната плата Read More »