Инфлацијата во февруари изнесуваше 5 отсто, а цените на мало беа повисоки 4,2 отсто на годишно ниво


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари  годинава, изнесува 0,5  проценти. Индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи зголемување од 5 проценти, а индексот на цените на мало зголемување од 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според …

Инфлацијата во февруари изнесуваше 5 отсто, а цените на мало беа повисоки 4,2 отсто на годишно ниво Read More »

Членството во СЕПА ќе овозможи заштеда од 50-60 милиони евра на граѓаните, вели премиерот


Членството Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) што претставува европската евро платежна зона за граѓаните и државата ќе значат финансиски придобивки во милиони евра поради тоа што нема да се плаќаат трошоци и провизии. Ова е оцената на премиерот Христијан Мицкоски денеска од настан во скопската општина Кисела Вода на новинарско прашање за значењето …

Членството во СЕПА ќе овозможи заштеда од 50-60 милиони евра на граѓаните, вели премиерот Read More »

ДЗС: Пораст на извозот на стоки од земјава за пет проценти во однос на истиот период лани


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 35 635.8 милиони денари и бележи пораст од 5.0 % во однос на истиот период од претходната година. Како што соопштува Државниот завод за статистика, вредноста на увезената стока, во јануари 2025 …

ДЗС: Пораст на извозот на стоки од земјава за пет проценти во однос на истиот период лани Read More »

Димитриеска – Кочоска: Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација


Веќе почнуваат да се гледаат и видливи се резултатите од нашата работа. Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, осврнувајќи се на податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика за невработеноста, индустриското производство и извозот. – Државниот завод за статистика објави податоци за стапката …

Димитриеска – Кочоска: Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација Read More »

Стојкоски: Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто


Осум правни субјекти од кои три маркети, една аптека и тројца најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени на 15 дена поради непочитување на владините мерки за маржите. Како што соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, кај овие правни субјекти контролите утврдиле маржи до 70 отсто. Според Стојкоски, освен клуч на …

Стојкоски: Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто Read More »

Џонсон Мети во стратешко партнерство со Brainster NextCollege за поврзување на образованието и индустријата


Најголемата производствена компанија Џонсон Мети направи стратешко партнерство со Brainster NextCollege за да ги поврзе образованието и индустријата. Ова партнерство ќе доведе до обликување и унапредување на академските програми на Brainster NextCollege како водечка едукативна и иновативна институција. Партнерството меѓу двете компании се однесува на неколку клучни проекти и модули. Еден од нив е лансирање …

Џонсон Мети во стратешко партнерство со Brainster NextCollege за поврзување на образованието и индустријата Read More »

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата


  „Успехот на секоја жена е инспирација за друга. Денес сме опкружени со бројни примери на успешни жени кои секојдневно докажуваат дека посветеноста, упорноста и трудот се вреднуваат во општеството. Според одредени научни истражувања, жените на лидерските позиции во централните банки претставуваат значаен столб во справувањето со бројните предизвици“, истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервјуто …

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата Read More »

„Лидл“ ја организира првата конференција за IFS сертификација за безбедност и квалитет на храна


На 05.03.2025 се одржа првата конференција за IFS (International Featured Standards) во организација на Лидл Северна Македонија во деловниот центар „Премиум“, во Скопје. Настанот обедини повеќе од 140 учесници меѓу кои повеќе од 60 локални производители на прехранбени и непрехранбени производи, експерти од индустријата, претставници од Агенција за храна и ветеринарство, како и претставник од …

„Лидл“ ја организира првата конференција за IFS сертификација за безбедност и квалитет на храна Read More »

Француските борбени авиони Мираж-2000, донирани на Киев, за првпат одбија руски напад врз Украина


Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека користеле борбени авиони Мираж-2000, донирани од Франција, првпат за одбивање руски напад. -Вклучени се и борбени авиони, особено авионите Ф-16 и Мираж-2000. Вреди да се напомене дека француските ловци, кои пристигнаа во Украина пред само еден месец, првпат учествуваа во одбивањето на нападот, се вели во соопштението на воздухопловните …

Француските борбени авиони Мираж-2000, донирани на Киев, за првпат одбија руски напад врз Украина Read More »

Почнува судскиот процес против обвинетите за смртта на Марадона


 Повеќе од четири години по смртта на Диего Армандо Марадона, во вторник започнува судењето на седум здравствени работници обвинети за небрежност што потенцијално доведе до смрт на аргентинската фудбалска икона. Судењето во Сан Исидро, предградие на Буенос Аирес, се очекува да трае до средината на јули, со сослушување на речиси 120 сведоци, меѓу кои семејството, …

Почнува судскиот процес против обвинетите за смртта на Марадона Read More »

На железничка станица во Париз пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна


Неексплодирана бомба од Втората светска војна е откриена утрово за време на работи што се извршувале на станицата Гар ду Норд (Gare du Nord) во Париз. Сообраќајот околу станицата е целосно запрен. Прекинот на сообраќајот се однесува на локалните метро линии и меѓуградските и меѓународните возови, соопшти железничката компанија ТЕР. Бомбата била откриена на шините …

На железничка станица во Париз пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна Read More »

Објавена „Амбиент“ – книга шеста (2020–2024) на Зоран Иванов


Од печат излезе „Амбиент“ – книга шеста (2020–2024) (анализи, колумни, коментари, интервјуа…) на Зоран Иванов, еден од бардовите на македонското новинарство. Приредувач, редактор и издавач и на оваа книга, како и на претходните „Амбиент“– 1, 2, 3, 3/1, 4 и 5, е Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат …

Објавена „Амбиент“ – книга шеста (2020–2024) на Зоран Иванов Read More »

Трагедија во Хрватска: Во пожар во ромска населба загинаа три деца


 Три деца на возраст од три, седум и девет години загинаа во пожар што синоќа ја зафати нивната семејна куќа во ромската населба Куршанец кај Чаковец, соопшти хрватската полиција. Според првичните информации, пожарот избувнал околу 22:30 часот во поткровјето на куќата. Во моментот на пожарот, мајката (25) и таткото (29) успеале да излезат од куќата, …

Трагедија во Хрватска: Во пожар во ромска населба загинаа три деца Read More »

Владата на Црна Гора подготви обврзници за задолжување до 900 милиони евра


Владата на Црна Гора, на предлог на Министерството за финансии, одлучи да се задолжува со издавање државни обврзници во вкупен износ до 900 милиони евра, дознава „Вијести“. Извор од извршната власт соопшти дека ова било одлучено вчера на седница, врз основа на Законот за буџет за годинава. Од оваа сума, до 800 милиони евра ќе …

Владата на Црна Гора подготви обврзници за задолжување до 900 милиони евра Read More »

Рокот за пријавување на програмата „Работник со млади“ продолжен до 12 март


 Сојузот за младинска работа (СМР) го продолжува рокот за пријавување на програмата „Работник со млади“, до среда, 12 март 2025 година. Програмата нуди обука за професионална младинска работа, комбинирајќи теоретска и практична настава.  Обуката ќе се одржува онлајн во периодот од март до јуни 2025 година, на македонски јазик. СМР најави дека ќе биде водена …

Рокот за пријавување на програмата „Работник со млади“ продолжен до 12 март Read More »

Видео: Вселенското летало „Старшип“ на Маск експлодира, отпадоци паѓаа насекаде, летовите се стопирани


Вселенското летало „Старшип“ (Starship) на „Спејс икс“ (SpaceX) експлодираше во четвртокот, само неколку минути по полетувањето од Тексас, спречувајќи обид да се распоредат тест сателити. Ова е втор последователен неуспех во ракетната програма за Марс што ја води Илон Маск. Вселенското летало се распаднало набргу откако почнало неконтролирано да ротира, додека моторите му биле исклучени, …

Видео: Вселенското летало „Старшип“ на Маск експлодира, отпадоци паѓаа насекаде, летовите се стопирани Read More »

Пад на берзанските индекси на Волстрит


На Волстрит, берзанските индекси паднаа вчера, при што Насдакк падна на територијата на корекција, како резултат на несигурноста на инвеститорите во однос на трговската политика на Вашингтон. Индексот Дау Џонс падна за 0,99 отсто, на 42.579 поени, додека С&П 500 потона за 1,78 отсто, на 5.738 поени, а индексот Насдак за 2,61 отсто, на 18.069 …

Пад на берзанските индекси на Волстрит Read More »

Косово: Ниту една партија нема доволно пратеници за формирање влада, потребни се коалиции


Процесот на пребројување на гласовите за парламентарните избори во Косово на 9 февруари заврши во средата, а Движењето Самоопределување (ПС) на премиерот Албин Курти доби најмногу – 42,28 отсто од гласовите, обезбедувајќи 48 места, но не доволно за формирање нова влада на Косово само со помош на несрпските малцински заедници, јави Бета. Курти продолжува да …

Косово: Ниту една партија нема доволно пратеници за формирање влада, потребни се коалиции Read More »

Суд во Јужна Кореја ја поништи наредбата за апсење на поранешниот претседател Јун Сук-јол


Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-јол, кој беше отстранет од функцијата со импичмент од парламентот, е ослободен од притвор откако Суд денеска ја поништи наредбата за негово апсење, поради која беше задржан во средината на јануари годинава, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Јун беше уапсен во неговата резиденција во Сеул од вториот обид, по обвинение …

Суд во Јужна Кореја ја поништи наредбата за апсење на поранешниот претседател Јун Сук-јол Read More »

Њујорк Тајмс: Стејт департментот планира затворање на дипломатски мисии и отпуштање на вработени во странство


Американскиот Стејт департмент подготвил планови за затворање на десетина конзулати до почетокот на летото, јави Њујорк Тајмс, повикувајќи се американски официјални претставници. Стејт департментот разгледува опции да затвори и дополнителен број мисии, пишува весникот.  Меѓу десетината конзулати што ќе бидат затворени, главно ќе бидат затворени оние во Западна Европа, според тројца официјални претставници запознаени со …

Њујорк Тајмс: Стејт департментот планира затворање на дипломатски мисии и отпуштање на вработени во странство Read More »