Најмногу дискриминирале државни институции


Благо намалување на бројот на претставки за 20 отсто бележи Извештајот за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година во однос на 2023-та. Зголемен е бројот на претставки во однос на националната или етничка припадност, зад што најчесто стои политичко уверување. Работата и работните односи се најчестите области во кои се пријавува дискриминација, но …

Најмногу дискриминирале државни институции Read More »

ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија


Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со затворање на најмалку 20 отсто од капацитетот на стадионот на следниот натпревар кој ќе биде против репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, поради „неприфатливо однесување“ на албанските навивачи на неодамнешниот дуел против Андора. Паралелно со ова, Фудбалската федерација на …

ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија Read More »

Бездомник од Калифорнија освои милион долари на лотарија


Неименуван бездомник од Калифорнија освоил милион долари на лотарија откако купил билет во локална продавница за алкохол која често ја посетува, пишува Гардијан. -Тој влезе во продавницата, ја изгреба картичката и рече: „О Боже, дали е ова реално?“ „Човеку, јас повеќе не сум бездомник!“, изјавил менаџерот на продавницата, потсетувајќи се на ноќта кога била освоена …

Бездомник од Калифорнија освои милион долари на лотарија Read More »

Николоски: Очекувам во брзо време инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија


 Очекувам дека во брзо време ќе видиме инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија. Потпишавме неколку договори за економска соработка што се услов за идната соработка. Посебно е важно тоа што Дубаи станува центар за извозот кон Истокот, што е одлична можност за домашно извозните компании да ја користат помошта и логистиката што ја нуди …

Николоски: Очекувам во брзо време инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија Read More »

Сѐ повеќе Американци сакаат да студираат во Канада поради мерките на Трамп


Се повеќе студенти кои живеат во САД аплицираат на канадските универзитети или изразуваат интерес за студирање во Канада, откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ги намали федералните средства за универзитетите и да ги укине визите за странските студенти, пишува Гардијан. Универзитетот на Британска Колумбија (UBC) во Ванкувер вели дека бројот на апликации за …

Сѐ повеќе Американци сакаат да студираат во Канада поради мерките на Трамп Read More »

Никој не може да гарантира дека по уставните измени не би имало пречки, вели еврокомесарката за проширување Марта Кос


Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) во одговор на прашање на МИА дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на …

Никој не може да гарантира дека по уставните измени не би имало пречки, вели еврокомесарката за проширување Марта Кос Read More »

НБА: Голден Стејт и Орландо изборија место во плејофот


 Кошаркарите на Голден Стејт се пласираа во првото коло од плеј-офот на Западната конференција во НБА, совладувајќи го Мемфис рано утрово на својот терен во Сан Франциско со 121:116. Џими Батлер беше најефикасен во тимот на Голден Стејт со 38 поени, додека Стивен Кари додаде еден поен помалку. Голден Стејт во плејофот ќе влезе од …

НБА: Голден Стејт и Орландо изборија место во плејофот Read More »

Сѐ уште трае блокадата на РТС во Белград, со помош на полицијата утрово внесени дел вработени во медиумот


Со асистенција на српската полиција и на жандармеријата во опрема за разбивање демонстрации, вработени во РТС беа спроведени да влезат во зградата на медиумот во центарот на Белград, јави дописникот на МИА од Белград. При акцијата на полицијата беа истуркани студентите во блокада кои не дозволуваат влегување во РТС од понеделникот навечер. Студентите трет ден …

Сѐ уште трае блокадата на РТС во Белград, со помош на полицијата утрово внесени дел вработени во медиумот Read More »

Италијанскиот претседател Матарела хоспитализиран за имплантација на пејсмејкер, планирана е операција


Италијанскиот претседател Серџо Матарела синоќа бил примен во болница на закажана операција за да се вгради пејсмејкер, пренесуваат италијанските медиуми. Матарела е хоспитализиран во болницата „Санто Спирито“ во Рим поради вградување пејсмејкер, соопштија медицински извори, објаснувајќи дека неговата состојба е добра. Претседателската палата соопшти дека Матарела вчера работел и го примил премиерот на Црна Гора, …

Италијанскиот претседател Матарела хоспитализиран за имплантација на пејсмејкер, планирана е операција Read More »

Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди американските претставници кои учествуваат во разговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина да не прават неприфатливи отстапки во однос на окупираните украински територии, јави ДПА. -Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со нивната национална територија, рече Зеленски. …

Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина Read More »

Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина


 Американскиот претседател Доналд Трамп нареди ревизија на потенцијалните нови царини за сите американски увозни клучни минерали, наведувајќи го „преголемото потпирање“ на Вашингтон на Кина за преработените верзии на минералите. Трамп потпиша налог со кој му се наредува на министерот за трговија Хауард Лутник да покрене истрага за националната безбедност според член 232 од Законот за …

Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина Read More »

Администрацијата на Трамп предлага прекин на финансирањето на мировните мисии на ОН


 Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предлага да се прекине финансирањето на мировните мисии на ОН, објави Ројтерс, повикувајќи се на внатрешен документ што го видела, јави БТА. Мотивот се проблеми и неуспеси во работењето на мисиите во Мали, Либан и Демократска Република Конго. Вашингтон најмногу придонесува во буџетот на ОН, заедно со Кина, која …

Администрацијата на Трамп предлага прекин на финансирањето на мировните мисии на ОН Read More »

Трамп потпиша извршна наредба за намалување на цените на лековите


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за намалување на цените на лековите, со кој и наредува на својата влада да развие низа мерки за намалување на цените на фармацевтските производи во САД, каде што се значително повисоки од оние во странство. Активностите вклучуваат подобрување на процесот на преговарање помеѓу системот на јавното здравствено осигурување и …

Трамп потпиша извршна наредба за намалување на цените на лековите Read More »

САД ја одбија резолуцијата на Г-7 за осуда на рускиот напад во Суми


САД одбија поддршка за заедничката резолуција на сојузниците од Г-7 за осуда на рускиот напад во Суми, при што загинаа 35 лица, јави синоќа агенцијата „Блумберг“. Според извештајот, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ова го образложила со желбата да „се задржи простор за преговори“ со Москва за крај на војната во Украина. Како што наведуваат …

САД ја одбија резолуцијата на Г-7 за осуда на рускиот напад во Суми Read More »

Со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски, којшто треба да одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. На минатото рочиште, Палевски одговарајќи на прашања од неговиот бранител Јовица Страшески негираше одговорност за двојното убиство, тврдејќи дека …

Со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче Read More »

Марта Кос: Северна Македонија е шампион на Планот на раст за Западен Балкан


Северна Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, што навистина добро функционира и таа прва ги доби средствата за предфинансирање, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА.   Таа потенцира дека од вкупната …

Марта Кос: Северна Македонија е шампион на Планот на раст за Западен Балкан Read More »

Велигденски концерт на Македонската филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер ќе го одржи Велигденскиот концерт насловен „Низ трње до ѕвездите“ на кој првпат ќе биде изведена „Голема миса“ во це-мол, вокално–инструментално ремек-дело на Волфганг Амадеус Моцарт. Диригентка е Ребека Тонг од Индонезија, а како солисти ќе настапат сопранистките Милена Арсовска и Гонца Богоромова Краповски, тенорот Благој Нацоски и басот Игор …

Велигденски концерт на Македонската филхармонија Read More »

Еден месец од трагедијата во Кочани – со истрагата досега опфатени над 60 физички и три правни лица


Денеска се навршува еден месец од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени. Ова е најголемата несреќа од независноста на државата. Досегашната истрага покажа дека постоеле системски грешки и пропусти во изминатите години поради што досега со истрагата опфатени се вкупно над 60 физички и три …

Еден месец од трагедијата во Кочани – со истрагата досега опфатени над 60 физички и три правни лица Read More »

Концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ посветен на трагедичниот настан во Кочани


Мандолинскиот орекстар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри вечер ќе одржи Пролетен концерт во фоајето на Музејот на македонската борба, посветен на трагедичниот настан во Кочани. На програмата сe композиции и оперски арии од В.А.Моцарт, Ж.Бизе, Ф.Тости, Љ.Бранѓолица, Ф.Лехар, Џ.Верди, Ф.Шуберт, Г.Коларовски, П.Маскањи, а како солисти ќе настапат оперските пејачи Михајло Арсенски-тенор, …

Концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ посветен на трагедичниот настан во Кочани Read More »

Концерт на скопскиот колектив Светлост со Кен Вандермарк и Пал Нилсен во МКЦ


Скопскиот колектив Светлост, заедно со Кен Вандермарк од САД и Пал Нилсен од Норвешка, вечер ќе одржат концерт во Кино Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат од Скопскиот џез фестивал (СЏФ). Како што се наведува во соопштението, од соработката на домашното трио и двете големи меѓународни имиња на современиот џез ќе произлезе албум, којшто …

Концерт на скопскиот колектив Светлост со Кен Вандермарк и Пал Нилсен во МКЦ Read More »