УС Опен му ја одзеде акредитацијата на фоторепортерот кој предизвика прекин на мечот Медведев – Бонци


На фоторепортерот кој предизвика прекин на мечот од првото коло на УС Опен помеѓу Данил Медведев и Бенџамин Бонци му е одземена акредитацијата. Инцидентот се случи вчера во третиот сет, кога Медведев губеше со 3-6, 5-7, 4-5, а Бонци имаше меч-поен. Французинот ја сервираше првата топка во мрежата, а фотографот, кој мислеше дека играта е …

УС Опен му ја одзеде акредитацијата на фоторепортерот кој предизвика прекин на мечот Медведев – Бонци Read More »

ССМ: Во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната


Сојузот на синдикати на Македонија објави дека во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната, а само 26,7 проценти над просечната плата.  – Загрижува фактот што 169.082 работници, односно 1/3 или 33,1 проценти од работниците примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра. Со одбивањето да се зголеми минималната плата, од страна …

ССМ: Во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната Read More »

СКСЗМ: Критериумите за ваучерите на Владата ги дискриминираат малите и средни претпријатија


Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) денеска преку соопштение реагира во врска со условите предвидени во јавниот повик на Владата за доделување ваучери за студентите. -Условот од мерката на Владата за доделување ваучери во износ од 250 евра за студентите за набавка на лаптопи или таблети, според кој компаниите треба да имаат најмалку две експозитури …

СКСЗМ: Критериумите за ваучерите на Владата ги дискриминираат малите и средни претпријатија Read More »

УниКредит се обидува да ја преземе втората по големина приватна банка во Германија. Германците се загрижени


Италијанската банка УниКредит објави дека го зголемила својот директен удел во Комерцбанк и се стреми да ја преземе втората по големина приватна банка во Германија, на што се спротивставуваат и германската банка и локалната самоуправа бидејќи се смета за непријателско преземање. Банката со седиште во Милано објави дека „во догледно време“ ќе ги конвертира и …

УниКредит се обидува да ја преземе втората по големина приватна банка во Германија. Германците се загрижени Read More »

Мерц: Германија не поминува низ привремен пад, туку е во длабока структурна криза


Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека економските предизвици со кои се соочува земјата се многу посериозни отколку што претходно се проценуваше, нагласувајќи дека Германија повеќе не поминува низ привремен пад, туку е во длабока структурна криза. „Го кажувам ова самокритично, оваа задача е поголема отколку што некој можеше да замисли пред една година“, рече Мерц …

Мерц: Германија не поминува низ привремен пад, туку е во длабока структурна криза Read More »

Економскиот натпревар се пресели во вселената


Повеќе од 90 земји, 10.000 компании и 5.000 инвеститори сега се активни во вселената. Според Бостонската консалтинг група, ова покажува дека „вселената повеќе не е домен само на неколку суперсили, туку станува место на интензивна глобална конкуренција за иновации, влијание и економска моќ“. Според извештајот објавен оваа недела, нивото на економски приходи поврзани со вселенските …

Економскиот натпревар се пресели во вселената Read More »

Ројтерс: ЕЦБ засега нема да ги менува каматните стапки


Европската централна банка (ЕЦБ) најверојатно ќе ги задржи тековните каматни стапки на следниот состанок во септември, иако разговорите за ново намалување би можеле да продолжат на есен доколку европската економија почне да покажува знаци на забавување, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори од ЕЦБ. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, во јули изјави дека централната банка …

Ројтерс: ЕЦБ засега нема да ги менува каматните стапки Read More »

Швајцарците докажаа: Работата во недела е штетна


Работата во недела е штетна за физичката, менталната и социјалната благосостојба, особено кога флексибилното работно време е ограничено, според заклучокот на студијата спроведена од Швајцарскиот интердисциплинарен центар за родови истражувања на Универзитетот во Берн. Студијата ја презентираше „Алијансата за неделата“, група синдикати, религиозни организации и Швајцарското друштво за трудова медицина, известуваат агенциите. Коалицијата се спротивставува …

Швајцарците докажаа: Работата во недела е штетна Read More »

Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ коментираше за својата победа над 19-годишниот Американец Лернер Тин (6:1, 7:6 (7:3), 6:2) ноќеска во првото коло на Отвореното првенство на САД. -Сакам да бев на возраст на Лернер. Кога одиш накај 40-тата треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти. Сè уште имам оган и мотивација, а навивачите …

Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти Read More »

ДЗР утврди еден куп пропусти кај Системот за интегрирано планирање на ресурсите и голем ризик од несоодветно управување со податоците


Недостиг на безбедносни политики, користење на застарени оперативни системи и на заеднички лозинки и без двојна потврда, како и неажурирани резервни копии, се дел од слабостите на системот за интегрирано планирање на ресурсите што ги утврдиле ревизорите. Системот за интегрирано планирање на ресурсите го употребува Службата за општи и заеднички работи на Владата за извршување …

ДЗР утврди еден куп пропусти кај Системот за интегрирано планирање на ресурсите и голем ризик од несоодветно управување со податоците Read More »

СпејсХ го одложи пробниот лет на Старшип поради технички проблеми


  Компанијата на милијардерот Илон Маск, СпејсХ (SpaceX), го откажа лансирањето на десеттата мисија на ракетата Старшип (Starship) од Тексас поради технички проблеми на местото на лансирање. Британските медиуми соопштија дека до доцнењето дојде по серијата претходни неуспеси за време на тестовите годинава, што повторно ги одложи клучните развојни фази за ракетата. Ракетата „Super Heavy“, …

СпејсХ го одложи пробниот лет на Старшип поради технички проблеми Read More »

Париз го повика американскиот амбасадор по неговите обвинувања против Макрон


Франција денеска го повика американскиот амбасадор во Париз, Чарлс Кушнер, по неговите „неприфатливи“ коментари упатени кон францускиот претседател Емануел Макрон, кого дипломатот го обвини за „недостаток на доволно мерки“ за борба против антисемитизмот. „Изјавите на амбасадорот се неприфатливи. Тие се спротивни на меѓународното право, а особено на обврската да не се меша во внатрешните работи …

Париз го повика американскиот амбасадор по неговите обвинувања против Макрон Read More »

Ник Кејв во Скопје: Незаборавна вечер со големиот рок музичар и поет


Многуилјадната публика на стадионот на АРМ во Скопје синоќа уживаше речиси три часа во настапот на славниот австралиски рок музичар и поет, Ник Кејв кој беше придружуван од басистот на „Рејдиохед“, Колин Гринвуд. Во својот препознатлив стил, со доза на хумор и мајтап, но и со повеќе „сочни“ зборови, Кејв не дозволи на концертот да …

Ник Кејв во Скопје: Незаборавна вечер со големиот рок музичар и поет Read More »

Протекоа стотици илјади приватни разговори на четботот „Грок“


Стотици илјади приватни разговори што корисниците ги воделе на Грок, четботот со вештачка интелигенција на Елон Маск, станаа јавно достапни и видливи во резултатите од пребарувањето на Гугл, очигледно без знаење на корисниците. Протекувањето се случило поради начинот на кој функционира функцијата за споделување разговори, објавува Би-Би-Си. Кога корисниците на Грок ќе изберат да споделат …

Протекоа стотици илјади приватни разговори на четботот „Грок“ Read More »

Пауел најави намалување на каматните стапки на ФЕД, акциите скокнаа


Американските акции скокнаа во петокот откако претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, навести за можноста за намалување на каматните стапки за време на неговиот долгоочекуван говор во Џексон Хоул. На годишниот конклав на ФЕД во Вајоминг, Пауел во млакиот говор рече дека иако невработеноста во САД останува ниска, „со политиката во поблага зона, фундаменталните перспективи …

Пауел најави намалување на каматните стапки на ФЕД, акциите скокнаа Read More »

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион


 Албанија е европски шампион во производство на обновлива енергија, со 99,3 проценти, по што следува Норвешка со 99,1 отсто, објави албанската владина Агенција за медиуми и информации (MIA- Media and Information Agency). – Овој показател е важен факт, во време кога енергетските предизвици се од витално значење на нашиот континент, а управувањето со ресурсите е …

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион Read More »

Осум земји од Централна и ЈИ Европа ја зајакнуваат соработката на пазарот на капитал, меѓу нив и Македонија


Осум земји од Централна и Југоисточна Европа се согласија за Нацрт-меморандум за разбирање во врска со соработката во развојот на пазарот на капитал, кој треба да биде потпишан во понеделник. Меморандумот ќе го потпишат министрите за финансии или високи функционери на Хрватска, Словенија, Полска, Словачка, Романија, Бугарија, Унгарија и Северна Македонија, пишува Банкар.ме. Целта на …

Осум земји од Централна и ЈИ Европа ја зајакнуваат соработката на пазарот на капитал, меѓу нив и Македонија Read More »

СДСМ: Паѓа животниот стандард


Владата на Христијан Мицкоски ги запре политиките на СДСМ за постојано покачување на платите и го доведе животниот стандард на граѓаните до точка на преживување, истакна денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. „Додека платите стагнираат, цените вртоглаво растат, животниот стандард на граѓаните опаѓа постојано. Просечната плата во Македонија денеска изнесува само околу 35% од …

СДСМ: Паѓа животниот стандард Read More »

Нето платата во јуни реално е помала за 1,5 проценти во однос на мај


Просечаната нето плата во јуни годинава е за 1,5 проценти помала во однос на мај годинава, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Нето платата исплатена во јуни е помала и во номинален износ во однос на мај, за 0,7 проценти. Се топи и реалната вредност на платите во однос на минатата година. Така, …

Нето платата во јуни реално е помала за 1,5 проценти во однос на мај Read More »

Економската активност во Германија падна повеќе од очекуваното: БДП се намали за 0,3 проценти


Економската активност во Германија се намали за 0,3 проценти во вториот квартал во споредба со претходните три месеци, што е за 0,2 процентни поени повеќе од прелиминарната проценка, објави во петокот статистичката служба Дестатис. Прелиминарните податоци објавени од статистичката служба на крајот на минатиот месец покажаа, сепак, дека БДП се намалил за само 0,1 процент …

Економската активност во Германија падна повеќе од очекуваното: БДП се намали за 0,3 проценти Read More »