За Шахпаска враќањето на работа е логично, родилки и мајки на деца до шест години најавија протест пред Владата


Од следната среда, односно на 23 септември на работа се враќаат родителите на децата до шест години, лицата кои користеа продолжено породилно отсуство, додека бремените жени продолжуваат да ги користат мерките, односно се ослободуваат од одење на работа. Согласно владината одлука на работните позиции од 23 септември се враќаат и хронично болните, со исклучок на …

За Шахпаска враќањето на работа е логично, родилки и мајки на деца до шест години најавија протест пред Владата Read More »

Власта ветува модел за прочистување во судството во првите 100 дена


Прочистување на судството и обвинителството вети новата Влада, а веќе вчера министерот за правда Бојан Маричиќ најави дефинирање на моделот до истекот на првите 100 дена од мандатот. Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски ветуваат дека концептот и моделот ќе бидат дефинирани во комуникација со сите чинители во правосудниот сектор. …

Власта ветува модел за прочистување во судството во првите 100 дена Read More »

Завршува годинешниот 23. Скопје филм фестивал


Со проекција на филмовите од програмите Светски филм и 100-годишнина од раѓањето на Федерико Фелини, вечерва завршува 23-то издание на Скопје филм фестивал. Програмата ја затвораат британскиот филм „Фани Лај“ (2019) и култното ремек-дело на Фелини „Осум и пол“ (1963). Скопје филм фестивал, на 23-тото издание понуди повеќе од дваесет играни и документарни филмови поделени …

Завршува годинешниот 23. Скопје филм фестивал Read More »

Македонски ПЕН центар: Данило Коцевски беше жива енциклопедија за Скопје и скопјани


Македонскиот ПЕН центар изрази длабоко жалење за ненадејната смрт на нивниот истакнат член – македонскиот книжевен критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет Данило Коцевски. Оттаму велат дека Коцевски со својот полиграфски талент се вградил во современата македонска книжевност и култура не само како автор на триесетина книги од различни жанрови, туку и како главен уредник …

Македонски ПЕН центар: Данило Коцевски беше жива енциклопедија за Скопје и скопјани Read More »

За три до четири недели ќе имаме вакцина против Ковид-19, тврди Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека вакцина против смртоносниот коронавирус може да биде достапна за 3-4 недели. – Многу сме близу до тоа да се здобиеме со вакцина, изјави Трамп на јавен настан во Филаделфија. – Ако сакате да ја знаете вистината, на претходната влада ќе и требаа можеби години да пронајде вакцина поради Администрацијата …

За три до четири недели ќе имаме вакцина против Ковид-19, тврди Трамп Read More »

Сончево и ветровито време


Сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска во земјава. Синоптичарите најавуваат слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 27 до 34 степени. Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти …

Сончево и ветровито време Read More »

НАСА: Откритито на фосфин на Венера е „најзначаен настан“ досега


Американски и британски научници открија дека во горните слоеви на атмосферата на Венера има фосфин (гас кој го испуштаат некои живи организми), со што се укажува на можноста од постоење живот надвор од Земјата. -Живот на Венера? Откритие на фосфин, нуспроизвод на анаеробната биологија, е еден од најважните настани што води кон заклучок за вонземски …

НАСА: Откритито на фосфин на Венера е „најзначаен настан“ досега Read More »

Ќе требаат 100 милиони евра за спас на најзагрозените дејности (инфографика)


Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ предлага враќање на мерката 14.500 денари по вработен за дејностите кои биле најсилно погодени од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид -19. Поточно, предлогот на „Finance Think“ е да се доделат 14.934 денари месечно по вработен за компании кои во периодот јули – септември имале пад на …

Ќе требаат 100 милиони евра за спас на најзагрозените дејности (инфографика) Read More »

Корона вирусот го чини глобалниот туризам 460 милијарди долари


Корона – кризата го чини глобалниот туристички сектор 460 милијарди долари приходи во првите шест месеци од 2020 година, како резултат на намалувањето на бројот на патници, соопштија Обединетите нации. Изгубените приходи меѓу јануари и јуни изнесуваат „се околу пет пати поголеми отколку загубите на приходите од меѓународниот туризам пријавени во 2009 година во услови …

Корона вирусот го чини глобалниот туризам 460 милијарди долари Read More »

Македонија сака да учествува во изградбата на терминалот за гас кај Александрополис


Премиерот Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Грција, оствари средба со Кристос Копелузос, извршен директор на групацијата „Копелузос“, која е основачки акционер на компанијата „Гастрејд“. На средбата, која се оствари на покана на компанијата „Гастрејд“ учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, …

Македонија сака да учествува во изградбата на терминалот за гас кај Александрополис Read More »

Преработувачите очекуваат зголемено производство и повеќе вработувања


Поповолни очекувања за состојбата во преработувачката индустријата имаат раководителите на деловните субјекти во оваа гранка. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, раководителите очекуваат поповолна состојба за обезбедност на производството со порачки и обемот на производството во наредните три месеци.  Според нивните оценки, залихите на готовите производи се зголемени, а се очекува бројот на …

Преработувачите очекуваат зголемено производство и повеќе вработувања Read More »

Мозокот на космонаутите се менува во Вселената


Мозокот на астронаутите кои престојуваат на Меѓународната вселенска станица (МВС) се менува за тие да можат да се прилагодат на вселенските услови, објаснуваат руски научници. Се работи за новиот научен труд на Елена Томиловскаја – истражувачка на Институтот за медицински и биолошки прашања при Руската академија на науките. Во него, се вели дека истражувањата врз …

Мозокот на космонаутите се менува во Вселената Read More »

Исплатата на штедачите од Еуростандард банка се одвива без застои, велат банкарите


Обесштетувањето на лицата кои имаат депозити до 30 илјади евра во Еуростандард банка кое почна од денеска во банките се одвива тековно и без застои. Нема поголеми гужви од вообичаеното. Исплатата, како што информираат за МИА од банките преку кои се врши обесштетувањето на штедачите, се врши тековно и брзо, има мало задржување кај оние …

Исплатата на штедачите од Еуростандард банка се одвива без застои, велат банкарите Read More »

Азиските земји во развој во рецесија првпат после 60 години


Пандемијата на коронавирусот ги втурна азиските економии во развој во рецесија за првпат по 60 години, соопшти денеска Азиската банка за развој (АДБ). Економијата во таа група азиски земји годинава ќе се намали за 0,7 проценти, наведува АДБ во ажурираните проценки, менувајќи ја јунската проценка дека се очекува пад на активностите за 0,1 процент. Ова значи дека регионот ќе биде …

Азиските земји во развој во рецесија првпат после 60 години Read More »

Задолжителните и доброволните пензиски фондови со речиси 550 илјади членови и над 1,37 милијарди евра акумулирани средства


До крајот на август годинава во задолжителните и доброволните пензиски фондови се регистрирани 547.616 членови, а вкупната вредност на нивните акумулирани средства надминува 1,37 милијарди евра. И покрај пандемијата предизвикана од КОВИД-19 акумулираните средства во фондовите во вториот квартал од оваа година забележале раст од 7,9 отсто во однос на првите три месеци од 2020 …

Задолжителните и доброволните пензиски фондови со речиси 550 илјади членови и над 1,37 милијарди евра акумулирани средства Read More »

Неред во рангирањето на земјите во „Дуинг бизнис“


Водењето бизнис е тешко во многу делови на светот. Затоа, Светска банка ги стимулира владите да го олеснат и ги рангира според тоа каде е најмал товарот на регулативата. Оваа година, нејзиниот индекс Дуинг бизнис (ДБ) и самиот беше зафатен со процедурални проблеми. На 27 август Банката соопшти дека објавувањето на следниот пакет рангирања ќе …

Неред во рангирањето на земјите во „Дуинг бизнис“ Read More »

СЗО: Ковид-19 нема да биде последната пандемија


Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека Ковид-19 не е последната пандемија и повика на политички и финансиски инвестиции за спречување пандемии. Тој на презентацијата на извештајот на Советот за следење на глобалната подготвеност (ГПМБ) за 2020 година рече дека ова нема да биде последна пандемија или последна глобална здравствена криза. …

СЗО: Ковид-19 нема да биде последната пандемија Read More »

Истражување: Коронавирусот може да продре во мозокот


Главоболките, конфузијата и делириумот што ги доживеале некои заболени од Ковид-19 можно е да се резултат на директно продирање на коронавирусот во мозокот, покажуваат резултати од спроведено истражување. Истражувањето е прелиминарно, но обезбедува неколку групи докази во прилог на досега непотврдената теорија. Според истражувањето предводено од имунологот Акико Ивасаки од универзитетот Јеил, вирусот е способен …

Истражување: Коронавирусот може да продре во мозокот Read More »

Планот на ЕК за штетните гасови може да ги „пензионира“ моторите со внатрешно согорување


Европската унија ќе спроведе амбициозен план за ограничување на штетните гасови што нема да го остави секторот економија непроменет и ќче донесе порестриктивни барања до индустриите, јави Блумберг. Според климатските барања поставени за 2030 година, европските производители на автомобили ќе мора да ги исполнуваат новите стандарди, и тоа може да предизвика „пензионирање“ на моторите со …

Планот на ЕК за штетните гасови може да ги „пензионира“ моторите со внатрешно согорување Read More »

Асанж во САД би можел да биде осуден на 175 години затвор


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж може да биде осуден на 175 години затвор, ако одлучи да биде екстрадиран во САД, предупреди вчера американскиот адвокат Ерик Луис. Тој во своето сведочење преку видео врска истакна дека бара казна за Асанж во висина од околу 20 години, но оти може да биде побарана  и казна и до …

Асанж во САД би можел да биде осуден на 175 години затвор Read More »