Стапката на невработеност во третиот квартал изнесува 16,5 отсто


Во третиот квартал стапката на невработеност во земјава изнесува 16,5 отсто. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, таа бележи пад од 0,2 отсто во однос на претходниот квартал кога изнесувала 16,7 отсто. Бројките покажуваат дека активното население во овој квартал изнесувало 941.136 лица, од кои вработени се 785.561 лице, а невработени 155.575 лица. …

Стапката на невработеност во третиот квартал изнесува 16,5 отсто Read More »

Голем деловен потфат: „Алкалоид“ успешно го имплементира информатичкиот SAP S/4HANA систем


„Aлкалоид“ – Скопје, една од најуспешните компании во регионот и предводник на економијата на Северна Македонија, на крајот на ноември 2020 година, го заврши проектот за конверзија на постојниот систем на „Алкалоид“ SAP ERP 6.0 во SAP S / 4HANA верзија, што создаде услови за понатамошен развој на деловниот информативен систем на „Алкалоид“ и примена …

Голем деловен потфат: „Алкалоид“ успешно го имплементира информатичкиот SAP S/4HANA систем Read More »

ФИТР и Стартап Македонија ќе соработуваат за развој на македонскиот стартап екосистем


Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Асоцијацијата на стартап заедницата на Република Северна Македонија – Стартап Македонија, потпишаа меморандум за соработка, со цел спроведување и јакнење на меѓусебната соработка. Договорот, како што соопшти ФИТР, подразбира поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, пред се во областа на иновациската дејност и стартап заедницата. …

ФИТР и Стартап Македонија ќе соработуваат за развој на македонскиот стартап екосистем Read More »

„Мерк“ ги продаде акциите на „Модерна“, по зголемување на цената за 620 проценти


„Мерк“ објави дека го продала својот удел во „Модерна“ во првата половина на четвртиот квартал. Ден претходно, „Модерна“ достави барање до Сојузната управа за храна и лекови (ФДА) да одобри итна употреба на нејзината вакцина против КОВИД-19. „Мерк“ инвестираше 50 милиони долари во „Модерна“ во 2015 и во 2018 година. Вредноста на акциите на „Модерна“ …

„Мерк“ ги продаде акциите на „Модерна“, по зголемување на цената за 620 проценти Read More »

Бајден: Ќе се вакцинирам јавно кога Фаучи ќе каже дека е сигурно


Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден го повикал главниот американски инфектолог Ентони Фаучи да продолжи да ја извршува својата работа и да биде главен медицински советник во тимот на новата администрација за борба против Ковид-19. – Го прашав да остане на истата функција која ја извршувал за последните неколку претседатели и му понудив да биде …

Бајден: Ќе се вакцинирам јавно кога Фаучи ќе каже дека е сигурно Read More »

Историчарите продолжуваат со напорите за приближување на ставовите, Скопје порачува дека ќе ќе разговара со Софија и покрај ветото


Додека трае дводневната средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, властите во Скопје со пораки дека разговорите со Бугарија ќе продолжат и покрај најавеното бугарско вето за старт на преговорите за членство на земјава со ЕУ, а научната заедница и МПЦ со порака дијалогот со Софија да се води на рамноправна и …

Историчарите продолжуваат со напорите за приближување на ставовите, Скопје порачува дека ќе ќе разговара со Софија и покрај ветото Read More »

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5


На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од 9,9 проценти од БДП во земјите од ЕУ. Од друга страна, секој наш граѓанин во 2018 година на здравствена заштита од …

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5 Read More »

Тутунарите и откупувачите на средба со министерот Хоџа


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска ќе одржи работен состанок со тутунопроизводителите и откупувачите на тутун. На средбата, како што најави вчера заменик-министерот Трајан Димковски, ќе се разговара за ситуацијата со откупот. Димковски ја оцени состојбата со откупот како катастрофална, нагласувајќи дека цените се многу ниски, а и сите пунктови не се …

Тутунарите и откупувачите на средба со министерот Хоџа Read More »

Облачно со услови за повремен слаб дожд


Понекаде во котлините ќе се задржи магливо и ќе има умерена до значителна облачност. Врнежите преку ноќта краткотрајно ќе престанат, а ветерот ќе намалува со интензитетот, но ќе остане јужен. Наутро понекаде по котлините магливо. Преку денот значително облачно со повремен дожд поинтензивен во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура …

Облачно со услови за повремен слаб дожд Read More »

ЛЕ: Адеми ја мина групната фаза, Елмас ќе чека разврска во последното коло


Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми обезбеди „европска пролет“ со Динамо Загреб во Лигата на Европа (ЛЕ), додека неговиот репрезентативен колега Елиф Елмас шансата да ја мине групната фаза со својот Наполи ќе мора да ја бара во последното коло. Адеми го одигра целиот меч и запиша асистенција во триумфот на Динамо на гостински терен кај …

ЛЕ: Адеми ја мина групната фаза, Елмас ќе чека разврска во последното коло Read More »

(Фото) Протест на ВМРО-ДПМНЕ – се бара оставка од премиерот Заев


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и вечерва излезе на протести во Скопје, блокирајќи го сообраќајот пред Владата, како и пред министерствата за правда и за надворешни работи. Под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, учесниците на протестот ја обвинија Владата за распродавање на државата и за загрозување на националниот идентитет. Претседателот на Унија на млади сили на …

(Фото) Протест на ВМРО-ДПМНЕ – се бара оставка од премиерот Заев Read More »

Во Грција 100 починати од Ковид-19 и 1.882 новозаразени


Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран голем број смртни случаи од Ковид-19, починаа 100 лица, а заразени се 1.882 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 622 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, девет повеќе од вчера. …

Во Грција 100 починати од Ковид-19 и 1.882 новозаразени Read More »

Пандев: Се надевам дека ќе имаме голема навивачка поддршка на ЕП


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го нарече пласманот на Европското првенство „круна“ на неговата кариера и најави дека „црвено-жолтите“ со поддршка од трибините можат да ги изненадат фаворитите во групата. -Првиот пласман на нашата репрезентација на едно големо натпреварување е круна на мојата кариера. Ми годат сите пофалби, пред сè бидејќи нашата репрезентација …

Пандев: Се надевам дека ќе имаме голема навивачка поддршка на ЕП Read More »

Трет ден на самитот Македонија 2025 – во фокусот претприемништвото, младите и иновациите


Претприемништво, непроценливата вредност на вработените за успехот на еден бизнис, младите и иновациите, беа главните теми на последниот ден од виртуелниот Самит Македонија 2025. Денешниот ден на Самитот започна со панел-дискусијата насловена “Што е потребно за врвен успех: интервју со најуспешната жена-претприемач со македонско потекло во светот“ односно Сузан Ничовски, која е основач и претседател …

Трет ден на самитот Македонија 2025 – во фокусот претприемништвото, младите и иновациите Read More »

Познати полуфиналните двојки во Лигата на нации


УЕФА  ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир на второто издание на Лигата на нации, кој идниот октомври ќе се одржи во Италија.  Првата полуфинална двојка ја сочинуваат домаќинот Италија и Шпанија, додека вечерашната жрепка во Нион одлучи во второто полуфинале да се сретнат Белгија и Франција.  Италија ќе ја пречека Шпанија на стадионот „Сан Сиро“ во Милано на 6 октомври 2021 година, додека ден подоцна …

Познати полуфиналните двојки во Лигата на нации Read More »

Снег и магла на Попова Шапка, намaлена видливост и на Стража и патот Демир Капија-Гевгелија


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено со умерен интензитет, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 70 метри има на планинскиот превој Стража, од 30 до 40 метри на …

Снег и магла на Попова Шапка, намaлена видливост и на Стража и патот Демир Капија-Гевгелија Read More »

Во неготинско Војшанци промовирана фотонапонската централа на ЕВН Македонија


Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на промовирањето фотонапонската централа на ЕВН Македонија, АД Скопје, во неготинско Војшанци. Тој упати честитки за завршената работа и рече дека му е чест и задоволство што присуствува на овој настан, нагласувајќи дека инвестицијата е изградена во рекордно време со најсовремена технологија на двострани панели, кои произведуваат електрична енергија преку директна …

Во неготинско Војшанци промовирана фотонапонската централа на ЕВН Македонија Read More »

НЛБ банка овозможи мобилно банкарство за корисниците на новите Huawei телефони


НЛБ Банка го овозможи користењето на НЛБ мКлик – мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство за правни лица на платформата AppGallery, за корисниците на новите модели на Huawei мобилни телефони. Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица и преку платформата Huawei AppGallery е од големо значење, …

НЛБ банка овозможи мобилно банкарство за корисниците на новите Huawei телефони Read More »

Најмалку 10 компании заинтересирани за ТЕЦ Неготино


Најмалку 10 компании се заинтересирани за ТЕЦ Неготино, но физибилити студијата, која се очекува да биде готова на почетокот на следната година, ќе покаже дали овој енергетски капацитет ќе се продава целосно или ќе се оди по пат на јавно-приватно партнерство. Премиерот Зоран Заев денеска во Неготино истакна дека овој енергетски капацитет буди сериозен интерес. …

Најмалку 10 компании заинтересирани за ТЕЦ Неготино Read More »

Потпишана Спогодба за партнерство, трговија и соработка со Велика Британија


Спогодба за партнерство, трговија и соработка со која се уредуваат трговските односи меѓу Северна Македонија и Велика Британија по излезот на Обединетото Кралство од Европската унија, денеска во Скопје потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и британската амбасадорка Рејчел Галовеј. Според шефот на дипломатијата Османи, со потпишувањето на оваа Спогодба се озбедува континуитет на …

Потпишана Спогодба за партнерство, трговија и соработка со Велика Британија Read More »