„Мерк“ ги продаде акциите на „Модерна“, по зголемување на цената за 620 проценти


„Мерк“ објави дека го продала својот удел во „Модерна“ во првата половина на четвртиот квартал.

Ден претходно, „Модерна“ достави барање до Сојузната управа за храна и лекови (ФДА) да одобри итна употреба на нејзината вакцина против КОВИД-19.

„Мерк“ инвестираше 50 милиони долари во „Модерна“ во 2015 и во 2018 година.

Вредноста на акциите на „Модерна“ во текот на 2020 година се зголеми за 620 проценти. Таа акција вредеше 19,23 американски долари на 2 јануари 2020 година, додека сегашната вредност е 149,34 долари.

Откако „Мерк“ објави дека го продала својот удел, вредноста на акцијата на „Модерна“ падна, за вчера да закрепне.

„Мерк“ најави дека ќе учествува во компанијата „Модерна“ преку други инвестиции.