Владата ќе одржи тематска седница за иницијативи и активности на земјите од Западен Балкан


Владата денеска преку видео конференциска врска ќе ја одржи 110-тата тематска седница, на која ќе бидат разгледани информациите за извршени преговори за усогласување на заедничката Изјава за слободен проток на податоци во регионот на Западен Балкан и на заедничката Изјава за интероперабилен Западен Балкан. Како што информираат од владината прес-служба, двете информации се операционализирање и …

Владата ќе одржи тематска седница за иницијативи и активности на земјите од Западен Балкан Read More »

Колку е оправдан стравот од инфлација – преработувачите предупредуваат, власта најавува интервенции


Инфлацијата во септември годинава се искачи на 3,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според најновите податоци, трошоците трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 проценти, што е најголем раст годинава. Сепак, доза на оптимизам влева податокот дека …

Колку е оправдан стравот од инфлација – преработувачите предупредуваат, власта најавува интервенции Read More »

Бизнисот очекува наместо популизам, општините да се зафатат со реалните проблеми


И најдобрите владини програми не можат да се реализираат со постоечкиот модел на локална самоуправа, особено со слабиот капацитет на некои градоначалници.  Крајно време е општините да престанат да сервираат популизам, и наместо со дневни проблеми, да се зафатат со долгорочно решавање на клучните прашања, порачува бизнис секторот. Стопанствениците во разговор за МИА се децидни …

Бизнисот очекува наместо популизам, општините да се зафатат со реалните проблеми Read More »

Отворање на изложбата „Subscript“ на Горан Деспотовски


Во Чифте амам вечерва ќе биде отворена изложбата „Subscript“ на  уметникот Горан Деспотовски од Нови САД. Изложбата има ретроспективен карактер и се протега низ корпусот на неколку негови дела, главно во медиумот на инсталацијата. Во најголем дел од реализираните инсталации и објекти, авторот ја претставува личноста, групата, масата луѓе во форма на кукли што го …

Отворање на изложбата „Subscript“ на Горан Деспотовски Read More »

Нобелова награда за мир: Фаворити – активисти за слобода на медиумите, белоруските опозиционери и Грета Тунберг


Активисти за слободата на медиумите, белоруските опозиционери или активистите за климатските промени, како Грета Тунберг? Денеска, очите на светската јавност ќе бидат вперени кон Осло, каде што ќе се објави името на новиот добитник на Нобеловата награда за мир. Доделувањето на оваа престижна награда е кулминација на сезоната на Нобелови награди и, како и секогаш, …

Нобелова награда за мир: Фаворити – активисти за слобода на медиумите, белоруските опозиционери и Грета Тунберг Read More »

Кампањата за локалните избори влегува во последната недела – што ветуваат партиите и нивните кандидати


Изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ денеска е меѓу граѓаните на Чешиново-Облешево, Зрновци, Кочани и Арачиново, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Македонски Брод, Сопиште, Аеродром и Гази Баба. ДУИ ќе ги продолжи изборните активности во Дебар, а „Левица“ во Богданци и Гевгелија. Изборните …

Кампањата за локалните избори влегува во последната недела – што ветуваат партиите и нивните кандидати Read More »

Бајден: Невакцинираните Американци се закана за економијата


Невакцинираните Американци се закана за економијата, изјави американскиот претседател Џо Бајден, нагласувајќи дека не постои друг начин за борба против пандемијата освен вакцинацијата. – Факт е дека ова е пандемија на невакцинираните. Тие ги преплавија нашите болници, одделенија за итни случаи и единици за интензивна нега. Невакцинираните пациенти не оставаат простор за оние кои имале …

Бајден: Невакцинираните Американци се закана за економијата Read More »

Активни 10.785 случаи на КОВИД-19, вакцинирани 47 отсто од полнолетните граѓани


Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава е 10.785 лица, додека опфатот на вакцинација со една доза, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто …

Активни 10.785 случаи на КОВИД-19, вакцинирани 47 отсто од полнолетните граѓани Read More »

Американска нуклеарна подморница се судрила со објект за време на пловидба во Јужното Кинеско Море


Американска нуклеарна подморница се судрила со неидентификуван објект додека патролираше во Јужното Кинеско Море, област каде Кина има големи претензии, соопшти американската морнарица. „Американската нуклеарна подморница „Конектикат“ се судри со неидентификуван објект за време на навигацијата во индо-пацифичкиот регион“, објави денеска прес-службата на Пацифичката флота на американската морнарица. Подморницата за брз напад, од класата Сиволф …

Американска нуклеарна подморница се судрила со објект за време на пловидба во Јужното Кинеско Море Read More »

„Македонија2025“ ќе го презентира индексот на бирократија за Северна Македонија


Организацијата „Македонија2025“ по повод Меѓународниот ден за борба против бирократијата денеска ќе го презентира Индексот на бирократија за Северна Македонија, кој е дел од проектот „Кон намалување на бирократскиот товар“. На настанот најавени се обраќања на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, извршната директорка на „Македонија2025“ Никица Мојскоска Блажевски …

„Македонија2025“ ќе го презентира индексот на бирократија за Северна Македонија Read More »

Ден на МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска го одбележува Денот на Академијата. Во свечената сала на МАНУ, по повод Денот на Академијата, како што е најавено, ќе говори претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев. Во рамки на одбележувањето ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашните добитници Елена Верижникова и Фрсоа Пејоска-Бушро. Пригодни говори …

Ден на МАНУ Read More »

Австриската Влада на „стаклени нозе“, Зелените се сомневаат во способноста на канцеларот Курц


Австриската опозиција вчера побара оставка од канцеларот Себастијан Курц и поднесе барање за одржување вонредна седница на Парламентот, а неговиот владин партнер – партијата на Зелените, изрази јасни резерви за натамошното опстојување на канцеларот на оваа функција. Опозициските Социјалдемократска партија (СПО), Слободарската партија (ФПО) и Неос сметаат дека Курц не треба веќе да биде канцелар …

Австриската Влада на „стаклени нозе“, Зелените се сомневаат во способноста на канцеларот Курц Read More »

Лидерот на германските конзервативци Армин Лашет најави повлекување


Лидерот на германските конзервативци Армин Лашет денеска ја најави својата оставка од раководството на ЦДУ, по катастрофалните резултати на неговата партија ЦДУ на парламентарните избори во септември, на кои беше кандидат за канцелар. -Многу брзо ќе се справиме со прашањето за новиот тим на ЦДУ, рече тој во Берлин, ослабен под притисок на изборниот пораз. …

Лидерот на германските конзервативци Армин Лашет најави повлекување Read More »

Бислимоски: РКЕ ги презеде сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем, инцидентот нема да ме поколеба


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски вечерва изјави дека како регулаторно тело ги презеле сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем и дека постапката за одземање на лиценцата на „У пауер“ е почната откако е добиен допис од МЕПСО за злоупотреба на балансираната енергија за комерцијални цели. – Преземавме мерки за да го …

Бислимоски: РКЕ ги презеде сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем, инцидентот нема да ме поколеба Read More »

Доделени 135 стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје


По повод 120 годишнината од раѓањето на донаторот на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска се доделени 135 стипендии на студенти кои во академската 2021/2022 година се запишаа на првиот циклус студии на скопскиот Универзитет. Иако првично беше планирано да бидат доделени 40 стипендии, Одборот на Фондацијата „Атанас Близнакоф“, …

Доделени 135 стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Read More »

Во американскиот Конгрес постигнат договор за кревање на лимитот на задолжување


Во американскиот Конгрес денеска беше постигнат договор за зголемување на лимитот за задолжување, соопшти шефот на демократите Чак Шумер, и додаде дека со него се избегна потенцијално катастрофална ситуација во која државата нема да може да ги плати доспеаните обврски. -Имам добри вести, постигнавме договор за зголемување на лимитот на задолжување до декември, рече Шумер. …

Во американскиот Конгрес постигнат договор за кревање на лимитот на задолжување Read More »

ЕК прифати граѓанска иницијатива за заштита од 5Г мрежата


Европската комисија ја регистрираше граѓанската иницијатива за подобра заштита против можни штетни последици од 5Г мрежата во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Иницијативата наречена “Стоп за 5Г, останете конектирани, но заштитени“ доби зелено светло од Европската комисија откако беше оценето дека ги исполнува сите критериуми, иако тоа не значи дека Комисијата се согласува …

ЕК прифати граѓанска иницијатива за заштита од 5Г мрежата Read More »

ФАО: Цените на храната во септември на највисоко ниво во изминатите 10 години


Цените на храната се зголемија во септември на светските пазари, втор месец по ред, достигнувајќи рекордно ниво во изминатите десет години, поттикнати од поскапувањето на житариците и растителните масла, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи цените на кошницата со основни прехранбени производи, …

ФАО: Цените на храната во септември на највисоко ниво во изминатите 10 години Read More »

Бил Гејтс веќе не е еден од двајцата најбогати луѓе во Америка


Заврши ерата на коосновачот на Мајкрософт како прв или втор најбогат Американец, делумно поради трансферите на акции поврзани со неговиот развод. Ова е негово најниско рангирање на „Форбс 400“ во последните 30 години    За првпат од 1991 година, коосновачот на Мајкрософт не е број 1 или број 2 на „Форбс 400“, кој годишно ги …

Бил Гејтс веќе не е еден од двајцата најбогати луѓе во Америка Read More »

Адора инженеринг: Ги купивме топланите, а не целиот имот на Топлификација, ќе ја почитуваме одлуката на Собранието на доверители


Адора инженеринг очекува Собранието на доверители на скопска Топлификација во стечај, на 8-ми октомври да се произнесе за продажбата на топланите Исток и Запад, кои беа купени од страна на Адора за 9,27 милиони евра. Од компанијата на Ванчо Чифлиганец велат дека тие ќе прифатат било каква одлука на Собранието на доверители, без разлика дали …

Адора инженеринг: Ги купивме топланите, а не целиот имот на Топлификација, ќе ја почитуваме одлуката на Собранието на доверители Read More »