Директорот на Светската програма за храна му одговори на Маск како може светот да се спаси од глад


Директорот на Светската програма за храна на ОН (WFP), Дејвид Бисли, претстави план како да се потрошат 6,6 милијарди долари за борба против гладта во светот, со што одговори на предлогот на директорот на Тесла, Илон Маск, да ги продаде акциите на Тесла за финансирање план, ако WFP може да опише точно како би функционирал. …

Директорот на Светската програма за храна му одговори на Маск како може светот да се спаси од глад Read More »

Американски држави почнуваат истрага за Инстаграм и влијанието врз децата


Јавните обвинители во неколку американски држави нагласија дека почнале заедничка истрага за да утврдат дали Мета (поранешен Фејсбук), кој е сопственик на Инстаграм, намерно им дозволувал на децата и тинејџерите да ја користат неговата социјална мрежа, додека знаеле дека може да биде штетно за нивното физичко и ментално здравје. – Истрагата ќе испита дали Мета …

Американски држави почнуваат истрага за Инстаграм и влијанието врз децата Read More »

Уништувањето на бразилската амазонска прашума лани зголемено за 22 отсто


Уништување шуми во бразилската амазонска прашума е зголемено за 22 отсто за една година и го достигна највисокото ниво од 2006 година, се вели во годишниот извештај на бразилската влада. Бразилската агенција за вселенски истражувања ИНПЕ регистрирала 13.235 квадратни километри уништени шуми во најголемата прашума во светот во своите сателитски податоци за време на официјалниот …

Уништувањето на бразилската амазонска прашума лани зголемено за 22 отсто Read More »

Денеска денот „Д“ за ново парламентарно мнозинство – средба на Заев и Гаши за влез на Алтернатива во Владата


Можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата, ќе биде тема на најавената за денеска средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Средбата треба да се одржи во Клубот на пратениците во 15:30 часот. Координаторот на пратеничката група на СДСМ …

Денеска денот „Д“ за ново парламентарно мнозинство – средба на Заев и Гаши за влез на Алтернатива во Владата Read More »

Македонско – полски бизнис форум


Во рамки на посетата на претседателот на Полска Анджеј Дуда на земјава, денеска ќе биде одржан македонско – полски визнис форум на коj претставници на компании од двете земји ќе ги разгледуваат можностите за интензивирање на економската соработка. На бизнис форумот ќе се обратат претседателите на Стево Пендаровски и Анджеј Дуда, по што ќе биде …

Македонско – полски бизнис форум Read More »

Полскиот претседател Анджеј Дуда во официјална посета на Северна Македонија


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Дуда, ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен …

Полскиот претседател Анджеј Дуда во официјална посета на Северна Македонија Read More »

Што ќе каже Владата за предлог-мерките на Комисијата за заразни болести


Во очекување Владата да се произнесе за предлогот на Комисијата за заразни болести за заострување на мерките против КОВИД-19 и зголемување на опфатот на имунизација, Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера, вкупно се вакцинирани 818.689, а ревакцинирани се 787.837 граѓани. Трета доза примиле 59.735 граѓани. Во меѓувреме предложените мерки наидоа на поделени реакции …

Што ќе каже Владата за предлог-мерките на Комисијата за заразни болести Read More »

Современата ирска кинематографија прв пат на репертоарот на „Киненова“


Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, во рамките на својата редовна програма, годинава за прв пат ја претставува современата ирска кинематографија во Македонија. По тој повод, во кино-салата на Кинотека на Македонија, во сабота со почеток во 20 часот ќе се одржи свеченост на која ќе присуствува амбасадорот на Ирска за Романија, Северна Македонија и Молдавија, Пол …

Современата ирска кинематографија прв пат на репертоарот на „Киненова“ Read More »

Операта „Дрдорењата на Лапо“ премиерно на сцената на НОБ по повод 700 години од смртта на Данте Алигиери


По повод 700 години од смртта на големиот италијански поет Данте Алигиери во Националаната опера и балет, вечер со почеток од 20 часот ќе биде изведена операта „Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино. Операта е истовремено традиционална и современа, бидејќи обработува теми и настани од време кое се случило пред 700 години, но кои …

Операта „Дрдорењата на Лапо“ премиерно на сцената на НОБ по повод 700 години од смртта на Данте Алигиери Read More »

Седумдесет години од формирањето на Ботаничката градина при ПМФ


Ботаничката градина при Факултетот за природно-математички науки во Скопје денеска одбележува 70 години од формирањето.  Јубилејната прослава, како што е најавено, ќе се одржи во дворот на Ботаничката градина. Ќе се обратат деканот на Природно-математичкиот факултет во Скопје проф. д-р Александар Скепаровски, Робертина Брајановска од Македонското еколошко друштво и проф. д-р Рената Ќуштеревска – раководител на Институтот за …

Седумдесет години од формирањето на Ботаничката градина при ПМФ Read More »

Облачно, со слаб ветер и температура до 16 степени


Претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе од 9 до 16 степени. Во Скопје, умерено облачно со умерен ветер од северен правец. …

Облачно, со слаб ветер и температура до 16 степени Read More »

ИстокPress: Ване Богдов ја предаде штипската конфекција „Вабо“ на работниците


Од први јануари 2022 година познатата штипска конфекција „Вабо“ ќе премине во рацете на работниците. Во нивно име (во име на работниците) со овој стопански колектив ќе раководат Тања Николова, дипломиран технолог со долгогодишен работен стаж во конфекцијата и Дарко Роглев, референт по извоз, пишува порталот ИстокPress. -Вчера имавме собир на работниците на кои ја …

ИстокPress: Ване Богдов ја предаде штипската конфекција „Вабо“ на работниците Read More »

Гувернерот на Оклахома укина смртна казна неколку часови пред нејзиното извршување  


Гувернерот на Оклахома, Кевин Стит, денеска нареди укинување на смртната казна за Џулиус Џонс, на кога за само неколку часови требаше да му биде инјектирана смртоносна доза.  Џонс (41), во изминатите 20 години очекуваше исполнување на смртна казна поради убиство од 1999 година на бизнисменот Пол Ховел од предградие на Оклахома сити.  На судењето и …

Гувернерот на Оклахома укина смртна казна неколку часови пред нејзиното извршување   Read More »

Претседателска дебата на Радев и Герџиков на тема Македонија


Актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за втор мандат Румен Радев и независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС Анастас Герџиков, на дебата на БНТ во пресрет на вториот изборен круг, искажаа слични позиции за темата Македонија, јави дописникот на МИА од Софија. Според Герџиков, потребен е поинаков пристап во односите меѓу двете земји, но не од …

Претседателска дебата на Радев и Герџиков на тема Македонија Read More »

Самит на Македонија2025: Визијата е земјава да стане водечка економија и најпросперитетна држава во регионот


Не постојат добри услови за почеток на позитивните промени. Добрите услови ќе бидат резултат на позитивните промени. Успехот на нашата генерација ќе се оценува врз основа на тоа дали ќе успееме да обезбедиме подобра иднина за нашите млади, тука во Република Северна Македонија. А тоа ќе го постигнеме само ако изградиме напредно општество втемелено врз …

Самит на Македонија2025: Визијата е земјава да стане водечка економија и најпросперитетна држава во регионот Read More »

На српскиот пазар македонското вино се перцепира како едно од најдобрите


Македонските вина се на петтото место како најквалитетни по Франција, Србија, Италија и Шпанија, а на високото трето место се позиционирани според соодносот квалитет и цена според Истражувањето на ставовите и перцепцијата на потрошувачите во Србија за македонски производи за широка потрошувачка достапни на српскиот пазар, што денеска пред претставници на компании производители на вино …

На српскиот пазар македонското вино се перцепира како едно од најдобрите Read More »

Пакистанскиот парламент ја одобри хемиската кастрација во новиот закон против силување


Пакистанскиот парламент го одобри новиот закон против силување што на судовите им дозволува да наредат хемиска кастрација за некои престапници и предвидува формирање специјални трибунали за итни судења, јави ДПА. Законот предвидува престапниците повратници, криминалците вклучени во групно силување и педофилите да се соочат со хемиска кастрација, казни што групите за правата на човекот и …

Пакистанскиот парламент ја одобри хемиската кастрација во новиот закон против силување Read More »

Почна новата кампања за економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан


Почна кампањата насловена „#ЕУиТИ – Заедно можеме” низ целиот регион на Западен Балкан, која има за цел да ги истакне можностите и приоритетните проекти кои ќе се спроведат во регионот, како дел од Економскиот и инвестициски план (ЕИП) на ЕУ за регионот. Како што соопштија организаторите, ЕИП издвојува речиси 30 милијарди евра за финансирање и инвестиции во областите на зелена …

Почна новата кампања за економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан Read More »

Битиќи: Земјава ќе биде пионер во воведувањето асистенти за вештачка интелигенција


До пред десет години не можеше ни да се замисли дека владините седници ќе се одвиваат онлајн, но пандемијата го покажа спротивното. И тоа како може да се функционира дигитално. Јавната администрација е подготвена, но не сум сигурен за останатите чинители во општеството и зошто одбиваат да одат онлајн, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир …

Битиќи: Земјава ќе биде пионер во воведувањето асистенти за вештачка интелигенција Read More »

Почна исплатата на дополнителните средства за тутунарите


Почна исплатата на финансиската поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари во рамки на пакет поддршката за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19, соопштија од Генералниот секретаријат при Владата. На сметките на производителите на тутун од утре ќе почнат да стигнуваат парите за откупените количини. -Се работи за поддршка од три …

Почна исплатата на дополнителните средства за тутунарите Read More »