Нафтата поскапува осум недели по ред


И изминатата недела имаше раст на цените на нафтата на светските берзи, осма недела по ред, како последица на тензиите меѓу САД и Русија, околу Украина, но и на проценките за зголемената побарувачка оваа година на рекордно ниво. Новите, највисоки цени на нафтата од крајот на 2014 година, најмногу се должат на скокот во петокот …

Нафтата поскапува осум недели по ред Read More »

Лос Анџелес по втор пат во својата историја го освои Суперболот


Лос Анџелес на домашен терен го победи Синсинати со 23:20 (7:3, 6:7, 3:10 и 7:0) во финалето на НФЛ одиграно ноќта недела кон понеделник пред 70 илјади гледачи. За Лос Анџелес ова е втор трофеј во популарниот Супербол, откако претходно беа најдобри во 1999 година. Синсинати го загуби своето трето финале. Ова беше првиот Супербол …

Лос Анџелес по втор пат во својата историја го освои Суперболот Read More »

Вакво глобално затоплување немало во последните 200 илјади години


Глобалното затоплување, кое се забележува сега, е најсилното во последните 200.000 години, изјави Петри Талас, генерален секретар на Светската метеоролошка организација (СМО). Според него, настаните во последните 100 години се единствени. – Почнавме да ги користиме фосилните ресурси на планетата – нафтата и гасот – и тоа доведе до зголемени емисии на јаглерод диоксид во …

Вакво глобално затоплување немало во последните 200 илјади години Read More »

Словенија досега на вакцини потрошила 68,5 милиони евра


Словенија досега за вакцини против Ковид-19 платила 68,5 милиони евра, а поради истечен рок или несоодветно чување фрлени се околу 2,5 отсто или 74 илјади дози, соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје на Словенија со краток рок, или до почетокот на април, во моментов има уште 3.300 дози АстраЗенека и 14.800 дози од …

Словенија досега на вакцини потрошила 68,5 милиони евра Read More »

ЗОИ: Судот во Лозана и дозволи на Валиева да продолжи да се натпреварува


Судот за спортска арбитража (CAS) не ги задоволи жалбите на ИОК, ВАДА и ИСУ за случајот Камила Валиева. Така, на руската лизгачка и е дозволено да учествува во уметничко лизгање сингл на Олимпијадата во Пекинг. Оваа одлука беше објавена рано утрово. Сослушувањето на засегнатите страни се одржа преку конференциска врска вчера попладне и заврши доцна …

ЗОИ: Судот во Лозана и дозволи на Валиева да продолжи да се натпреварува Read More »

Медиумите го критикуваат Макрон бидејќи ја почнал изборната кампања без официјална кандидатура


 Францускиот претседател Емануел Макрон официјално не објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во април, но сè уште прави долгорочни планови за земјата, а неговиот предизборен тим активно се среќава со гласачите, коментираат француските медиуми. Поради сето тоа тој е цел на критики дека неправедно ја користи претседателската функција за кампања за вториот мандат, …

Медиумите го критикуваат Макрон бидејќи ја почнал изборната кампања без официјална кандидатура Read More »

И покрај забраната, „Конвојот на слободата“ се движи кон Брисел


„Конвојот на слобода“, канадскиот протест против антиковид мерките, се движи кон седиштето на ЕУ и покрај забраната на белгиските власти, јавува дописничката на МИА од Брисел. Федералната полиција на Белгија преку Твитер ги предупреди граѓаните денеска да не доаѓаат во Брисел со автомобил бидејќи се забранети сите протести со моторни возила. „Конвојот на слободата“ што …

И покрај забраната, „Конвојот на слободата“ се движи кон Брисел Read More »

Деблокиран граничниот премин САД-Канада на мостот Амбасадор


Најфреквентниот граничен премин меѓу САД и Канада, мостот „Амбасадор“, повторно е отворен, по речиси еднонеделната блокада од демонстранти кои се противат на ограничувањата поврзани со Ковид-19. „Мостот Амбасадор сега е целосно отворен, и повторно е овозможен слободен проток на трговија меѓу канадската и американската економија, се вели во соопштение на компанијата „Детроит Интернешнл бриџ“ која управува со …

Деблокиран граничниот премин САД-Канада на мостот Амбасадор Read More »

Почнува скрининг-тестирање за Ковид-19 за процена на имунитетот на населението


Од денеска почнува скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки. Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за …

Почнува скрининг-тестирање за Ковид-19 за процена на имунитетот на населението Read More »

Македонските дипломати засега остануваат во Киев, нивните семејства се враќаат во Скопје


Македонската амбасада во Украина засега продолжува да работи и дипломатите остануваат во Киев, но нивните семејства неделава ќе се вратат во Скопје. Во Украина остануваат и околу 30 набљудувачи од Северна Македонија во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ. Во Украина во моментов престојуваат околу сто македонски државјани, а МНР разработи план со активности …

Македонските дипломати засега остануваат во Киев, нивните семејства се враќаат во Скопје Read More »

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет на УКИМ


Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од денеска до 18 февруари по четврти пат ќе организира Меѓународна недела, која втора година се одржува онлајн поради пандемијата. Излагањата на учесниците ќе бидат на актуелни теми од хуманистичките и општествените науки. Како што соопшти факултетот, предавање ќе имаат петнаесетина професори од универзитети од САД, Обединетото …

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет на УКИМ Read More »

Променливо облачно со слаб ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 5 до 12 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб …

Променливо облачно со слаб ветер Read More »

Српското МНР им препорача на своите граѓани да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на Украина


Срспкото Министерство за надворешни работи им препорача на граѓаните на Република Србија кои моментално престојуваат во Украина да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на територијата на таа земја, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во соопштението, МНР им препорачува на граѓаните на Република Србија кои планираат да патуваат во Украина …

Српското МНР им препорача на своите граѓани да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на Украина Read More »

Сали: Прекинот на струја не ја попречи работата на Клиничкиот центар и негата на пациентите


По прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање, објави на Фејсбук министерот Беким Сали. – Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во …

Сали: Прекинот на струја не ја попречи работата на Клиничкиот центар и негата на пациентите Read More »

Швајцарците не изгласаа забрана на експериментите врз животните


Граѓаните на Швајцарија, според првичните проекции, на денешниот референдум го отфрлија барањето за забрана на експерименти врз животните. „За“ забрана на експерименти врз животни се изјасниле само 21 процент од излезените гласачи, додека 79 биле „против“. Иницијаторите на иницијативата сакаа да се укинат експериментите со образложение дека се неетички и непотребни, но им се спротивстави …

Швајцарците не изгласаа забрана на експериментите врз животните Read More »

На српските телевизии нема ни секунда негативно известување за Русија и Кина за разлика од САД


Бирото за социјални истражувања (БИРОДИ) денеска соопшти дека од декември 2020 година до крајот на ноември 2021 година, во централните дневни вести на националните телевизии: РТС, Пинк, Прва, Хепи, Б92, не се известува негативно за властите на Кина и на Русија и нивните дипломатски претставници во Србија, за разлика од САД, јави дописникот на МИА …

На српските телевизии нема ни секунда негативно известување за Русија и Кина за разлика од САД Read More »

Самохраните родители излегоа на улица, бараат права и поголемо разбирање од институциите


Праведни институции, дефинирање на статусот самохраност, финансиска поддршка како и бесплатна партиципација во високото образование за децата на самохраните родители, се само дел од барањата на самохраните родители кои денеска под мотото „Темата за самохраните родители не смее да биде табу тема“, излегоа на улиците на Скопјхе за да го изразат своето незадоволство од државните …

Самохраните родители излегоа на улица, бараат права и поголемо разбирање од институциите Read More »

Вучиќ ќе биде носител на сите изборни листи на СНС на изборите на 3 април


Лидерот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ и актуелен претседател на Србија ќе биде носител на сите изборни листи на СНС, Даница Груичиќ на парламентарните, а Александар Шапиќ на белградските избори, кои на сите ниво треба да се одржат на 3 април, јави дописникот на МИА од Белград. Ова е одлучено на денешната седница …

Вучиќ ќе биде носител на сите изборни листи на СНС на изборите на 3 април Read More »

Научниците се на чекор до „светиот грал на физиката“


Научниците направија значаен чекор напред во совладувањето на фузијата, која многумина ја нарекуваат „свет грал на физиката“! Научниците за фузија, собрани во еден од најголемите истражувачки конзорциуми – EUROfusion, соборија нов рекорд со ослободување на постојана енергија на фузија од неверојатни 59 мегаџули. Ова достигнување на JET во Обединетото Кралство, најголемиот и најмоќниот оперативен токамак …

Научниците се на чекор до „светиот грал на физиката“ Read More »

Кумановци се исплашија поради група странци, полицијата смирува – имаат легален престој, деновиве ќе ја напуштат државата


Групата граѓани странци, кои се во Куманово, припадници на Еврејска верска заедница, имаат легален престој и привремено престојуваат во државата. Во наредните денови ќе ја напуштат државата, информираа денеска од СВР Куманово. Кумановската полиција повика на толерантност, откако кумановци покажаа интерес за овие граѓани кои се сместени во приватни куќи во кумановската населба Зелен Рид. …

Кумановци се исплашија поради група странци, полицијата смирува – имаат легален престој, деновиве ќе ја напуштат државата Read More »