Москва објави за денеска прекин на огнот за неколку украински градови


Руските власти најавија дека од денеска ќе стапи на сила прекинот на огнот за неколку украински градови за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори. „Руската Федерација објавува прекин на огнот во 10 часот (по московско време) на 8 март“, за евакуација на цивили од Киев, како и од други градови. Станува збор за градовите Суми, …

Москва објави за денеска прекин на огнот за неколку украински градови Read More »

Оштетен нуклеарен истражувачки објект во Харков


Украина пријавила до Меѓународната агенција за атомска енергија дека нуклеарен истражувачки објект, каде се произведуваат радиоизотопи за медицински и индустриски цели, бил оштетен од руското бомбардирање во градот Харков. Тоа го потврди генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси, истакнувајќи дека бомбардирањето не предизвикало зголемување на нивото на радијација на локацијата. „Мораме да дејствуваме сега …

Оштетен нуклеарен истражувачки објект во Харков Read More »

ОН: Бројот на цивилни жртви во Украина надмина 1.200


Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти од почетокот на руската инвазија врз Украина има повеќе од 1.200 цивилни жртви, од кои најмалку 406 загинати и 801 повреден. Повеќето од повредените се во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина. Бројките се груба проценка и ОХЦХР нагласува реалните се веројатно значително повисоки. …

ОН: Бројот на цивилни жртви во Украина надмина 1.200 Read More »

Работниците во Чернобил заробени веќе 12 дена


Повеќе од 100 работници во украинската нуклеарна централа Чернобил – местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот во 1986 година, се заглавени таму повеќе од 12 дена откако руските сили го зазедоа објектот на првиот ден од инвазијата. Заробени се и 200 украински чувари, кои биле задолжени за безбедноста во моментот на нападот. Како што …

Работниците во Чернобил заробени веќе 12 дена Read More »

Колони возила пред бензинските пумпи пред да поскапат горивата


На бензинските пумпи низ Скопје вечерва има зголемена фреквенција на возила откако Регулаторната комисија за енергетика објави дека од полноќ цените на горивата се зголемуваат од 5,5 до 10 денари. Вработените на бензинските пумпи велат дека гориво има. Од полноќ, Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат по цена повисока за 5,5 денари, а дизелот …

Колони возила пред бензинските пумпи пред да поскапат горивата Read More »

Кнаус: ЕУ треба годинава да ги почне преговорите со сите земји од Западен Балкан, а не да се движи во круг


Европската Унија треба да прати позитивна визија за регионот, каде што ќе каже дека сите шест земји може да станат дел од оваа зона на стабилноста, во наредните пет години. И дека ние ќе ги започнеме преговорите со сите шест оваа година, изјави вечерва Гералд Кнаус, директор на Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ), коментирајќи што …

Кнаус: ЕУ треба годинава да ги почне преговорите со сите земји од Западен Балкан, а не да се движи во круг Read More »

Владата најавува таргетирани мерки за стопанството и за ранливите категории граѓани


Во Владата на Република Северна Македонија се одржа состанок со членовите на Економскиот совет во кој учествуваат претставници од академијата, гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, претставници на стопанските комори, одделни претставници на поголемите компании од земјата, на синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор. На состанокот, со кој претседаваше …

Владата најавува таргетирани мерки за стопанството и за ранливите категории граѓани Read More »

Дуплантис го собори светскиот рекорд во скок со стап


Швеѓанецот Арманд Дуплантис го собори денеска светскиот рекорд, кој и досега беше во негова сопственост, прескокнувајќи во третиот обид 6.19 метри на митингот во сала во Белград. Дуплантис (22) за еден сантиметар го подобри рекордот од Глазгов, постигнат во февруари 2020 година. Во сопственост на шведскиот атлетичар е и светскиот рекорд на отворено, кога истата …

Дуплантис го собори светскиот рекорд во скок со стап Read More »

Ракетиран албанскиот почесен конзулат во Харков


Зградата во која работеше почесниот конзулат на Албанија во украинскиот град Харков синоќа беше погодена од руски ракети, соопшти Министрството за Европа и надворешни работи. „Во нападот немаше повредени или жртви. Осудувајќи го нападот, албанскиот конзулат потврдува дека неговиот персонал е безбеден“, се наведува во објавата на Твитер. Во врска со овој тежок инцидент остро …

Ракетиран албанскиот почесен конзулат во Харков Read More »

Од денеска може да се аплицира за билети за мундијалскиот бараж во Палермо


Навивачите на македонската фудбалска репрезентација од денеска до 15 март можат по електронски пат да аплицираат за билет за натпреварот на „црвено – жолтите“ од мундијалскиот бараж против Италија на гостински терен. Барањата за влезници, како што соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), можат да се поднесуваат на електронската адреса: [email protected]. Македонските фудбалери на дуелот …

Од денеска може да се аплицира за билети за мундијалскиот бараж во Палермо Read More »

Шолц: Европа во моментот не може без рускиот гас и нафта


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека увозот на енергенси од Русија е клучен за секојдневниот живот на европските граѓани и оти во моментот континентот не може да ги обезбеди на друг начин. – Додека во САД и во ЕУ се разговара за санкции против руските енергетски извори како одговор на инвазијата врз Украина, снабдувањето …

Шолц: Европа во моментот не може без рускиот гас и нафта Read More »

„Макпетрол“: Снабдувањето со горива ќе се нормализира во следните денови


Снабдувањето со сите видови горива на бензинските станици на „Макпетрол“ ќе се нормализира во следните денови. Состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери, порачуваат од компанијата. – Побарувачката на горива во земјава …

„Макпетрол“: Снабдувањето со горива ќе се нормализира во следните денови Read More »

Просечната пензија на крајот на годинава ќе биде околу 17.300 денари


Просечната месечна пензија на крајот на минатата година изнесуваше 15.876 денари, а на крајот на 2022 година проекциите се дека ќе биде околу 17.300 денари, порача премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионерите Станка Трајкова. -Минатата недела преку отворен дијалог со пензионерите обезбедивме континуиран раст на пензиите, а со …

Просечната пензија на крајот на годинава ќе биде околу 17.300 денари Read More »

Попладнево седница на владиниот Економски совет, ќе се дефинираат новите мерки за поддршка на граѓаните и стопанството


Не би сакал да коментирам за дополнителните, нови мерки пред да се донесат. Попладнево ќе заседава Економскиот совет на кој ќе се разгледуваат финансиските импликации врз буџетот, крајните цени на производите и алатките за задржување на ликвидноста на компаниите. Се прават анализи од сите аспекти кои влијаат врз цената на одреден производ и услуга – …

Попладнево седница на владиниот Економски совет, ќе се дефинираат новите мерки за поддршка на граѓаните и стопанството Read More »

За потрошувачката кошничка пред пет години требаа 4,25 минимални плати, денеска две, вели Ковачевски


Пред пет години беа потребни 4,25 минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка, а денес кошничката може да се покрие со две минимални плати, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според него, поскапувањата на храната и енергенсите се резултат на дисбалансот што го предизвика руско-украинската криза. Земјава, сепак, како што напомена премиерот, има најниски …

За потрошувачката кошничка пред пет години требаа 4,25 минимални плати, денеска две, вели Ковачевски Read More »

Германија интензивно бара алтернативи за руската енергија


Во Германија интензивно се разговара за мерките за ублажување на драстичниот раст на цената на енергенсите и за намалување на зависноста од руски извори на долг рок, а се размислува и за продолжување на рокот до кој германските нуклеарни централи треба да бидат исклучени. „Технички, можно е да се остават нуклеарните централи подолго во функција, …

Германија интензивно бара алтернативи за руската енергија Read More »

„Фајнанс тинк“: Постигнатото решение за усогласување на пензиите е коректно


Економскиот институт „Фајнанс тинк“ (Finance Think) оценува дека постигнатото решение за  усогласување на пензиите е коректно поради тоа што не ја нарушува патеката на стабилизација на пензискиот фонд отпочната по 2019 година, и обезбедува пристојно зачувување на животниот стандард на пензионерите. Сепак, нагласуваат, решението не е ново и оти постоело претходно пред укинувањето во 2019 …

„Фајнанс тинк“: Постигнатото решение за усогласување на пензиите е коректно Read More »

Дали претстои период на стагнација проследен со висока инфлација – што велат економистите


Претседателот на Здружението на економисти на Србија, Александар Влаховиќ, на бизнис форумот на Копаоник денеска предупреди дека стравот од стагфлација (стагнантен економски раст проследен со висока инфлација) во Европа е повеќе од изразен, а сега клучната неизвесност се должи на руско-украинската криза. Говорејќи за моменталната состојба на глобалната економија тој истакна дека е нејасно дали …

Дали претстои период на стагнација проследен со висока инфлација – што велат економистите Read More »

Колку чини реклама на „Бурџ калифа“?


Реклама или порака на облакодерот „Бурџ калифа“, чини најмалку 250.000 дирхами (62.500 евра), за триминутната реклама, пишува „Арабијан бизнис“ (Arabian Business). Цените се движат од 62.500 евра за три минути во работните денови од 20 до 22 часот, но за викендите се искачуваат до 88.000 евра. За два триминутни термина секоја вечер меѓу 20 и …

Колку чини реклама на „Бурџ калифа“? Read More »

Инфлацијата во февруари се искачи на 7,6 отсто, цените на мало повисоки за 8,6 отсто


Трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава се зголемиле за еден процент, а цените на мало за 1,2 проценти. Во февруари годинава во однос на февруари лани трошоците на живот се повисоки за 7,6 проценти, а цените на мало за 8,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Инаку, кај нас, како …

Инфлацијата во февруари се искачи на 7,6 отсто, цените на мало повисоки за 8,6 отсто Read More »