Изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата


Изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата ќе биде отворена денеска во големиот салон на галерија „Ко-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. На изложбата ќе бидат претставени дела на преку четириесетина учесници од повеќе земји. 

Седници на собраниските комисии за европски и за економски прашања


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски и за економски прашања. Предлог – законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во прво читање и Предлог – законот за платежни услуги и платни системи, по скратена постапка, во второ читање, се на дневниот ред на седницата на Комисијата …

Седници на собраниските комисии за европски и за економски прашања Read More »

„Бизнис надвор од границите“ – прва трговска мисија на компании од Грција во Северна Македонија


Американската Стопанска комора во државава денеска и утре е домаќин на првата трговска мисија на компании од Грција во Северна Македонија „Бизнис надвор од границите“, организирана заеднички со Американско-грчката стопанска комора. Главна цел на трговската мисија е да се истражат потенцијалите за нови инвестициски можности за директни инвестиции во нашата земја, зголемување на билатералната трговија …

„Бизнис надвор од границите“ – прва трговска мисија на компании од Грција во Северна Македонија Read More »

Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година


Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН Центар и Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги објават добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година. Годинашните лауреати на поетскиот фестивал во Струга ќе бидат прогласени во Македонската академија на науките и уметностите, традиционално на Светскиот …

Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година Read More »

Португалските острови ги погодија 90 земјотреси за 24 часа


Властите на португалските Азорски Острови се во дополнителна готовност, откако 90 помали земјотреси го погодија островот Сао Хорхе во Атлантскиот Океан за 24 часа, иако нема извештаи за причинета материјална штета. Последен пат вулканот Урзелина на Сао Хорхе исфрли лава во 1808 година, а Цивилната заштита на Азорските Острови побара мислење од експерти од регионалниот …

Португалските острови ги погодија 90 земјотреси за 24 часа Read More »

Сончево со мала облачност и засилен ветер


Времето претпладне ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. …

Сончево со мала облачност и засилен ветер Read More »

Како олигарсите на Путин го купија Лондон


  Роман Абрамович имаше триесет и четири години – со бебешки лик, енергичен, веќе еден од најбогатите руски олигарси – кога направи нешто навидум необјасниво. Годината беше 2000. Абрамович, сирак и кој го напуштил факултетот, стана инсајдер во Кремљ, собрал огромно богатство преземајќи ја контролата врз бизнисите кои некогаш ѝ припаѓале на советската држава. Тој …

Како олигарсите на Путин го купија Лондон Read More »

Од Ковид-19 починаа осум лица, регистрирани нови 273 случаи од 2.799 тестирани


Нови 273 случаи на КОВИД-19 од 2.799 направени тестови се регистрирани во изминатите 24 часа, а од нив 45 се реинфекции. Пријавени се вкупно осум починати лица, од кои пет во изминатото деноноќие. Според податоците од Институтот за јавно здравје, евидентирани се и 233 оздравени пациенти. Од новодијагностицираните 273, од Скопје се 161, Битола – …

Од Ковид-19 починаа осум лица, регистрирани нови 273 случаи од 2.799 тестирани Read More »

Kако светот ќе ги замени руските нафтени продукти?


Додека Борис Џонсон леташе во Заливот оваа недела за да побара повеќе нафта за да ги замени резервите од Русија, тој беше обвинет од лидерот на лабуристите, Кир Стармер, дека „оди рака под рака од диктатор до диктатор “. Во исто време, извештајот подготвен од Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) подвлече колку се ограничени опциите …

Kако светот ќе ги замени руските нафтени продукти? Read More »

Протест на НСП и НСОН за усогласување на платите со минималната плата


Синдикатот на полицијата на Македонија (СПМ) и Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) денеска на протест пред Владата побараа усогласување на платите во секторите образование и полиција со износот на минималната плата, согласно со колективните договори. Учесниците на протестот се собраа пред хотелот Вип од каде се упатија пред зградата на Владата. Од полицискиот …

Протест на НСП и НСОН за усогласување на платите со минималната плата Read More »

Повеќе од 3,3 милиони бегалци ја напуштиле Украина по руската инвазија


Повеќе од 3,3 милиони бегалци ја напуштиле Украина по руската инвазија, соопштија денеска ОН додека речиси 6,5 милиони се смета дека се внатрешно раселени во државата. УНХЦР, агенцијата за бегалци на ОН, соопшти дека 3.328.692 Украинци заминале од почетокот на војната на 24 февруари, а уште 58.030 се приклучиле на егзодусот по вчерашното ажурирање. Околу …

Повеќе од 3,3 милиони бегалци ја напуштиле Украина по руската инвазија Read More »

Германија бара надзор врз нафтените компании поради сомневање за договор за цените на горивата


Германскиот институт за економски истражувања бара контрола врз нафтените компании поради сомнежи за договорено зголемување на цените на нафтените деривати. „Има само неколку рафинерии во Германија кои имаат голема моќ што се искористува“, изјави Клаудија Кемферт, одговорна за енергетика во Институтот за економски истражувања (DIW). Таа рече дека рафинериите во моментов остваруваат дополнителни приходи, што …

Германија бара надзор врз нафтените компании поради сомневање за договор за цените на горивата Read More »

Лавров: Соработката меѓу Русија и Кина сега ќе стане посилна


Соработката меѓу Русија и Кина само ќе стане посилна во сегашните околности, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Оваа соработка ќе стане посилна, бидејќи во време кога Западот очигледно ги поткопува темелите на кои е изграден меѓународниот систем на вредности, секако дека ние како две суперсили (Русија и Кина) ќе треба …

Лавров: Соработката меѓу Русија и Кина сега ќе стане посилна Read More »

Брзиот воз Белград – Нови Сад пуштен во употреба, Вучиќ и Орбан меѓу првите патници


Двокатна железничка композиција со четири вагони ја помина денес делницата од Белград до Нови Сад по новата брза пруга што денеска беше промовирана, за нешто повеќе од половина час, јавија медиумите во Србија. Кога целосно ќе биде завршен овој важен инфраструктурен проект од Белград до главниот град на Унгарија, Будимпешта, ќе се патува за два …

Брзиот воз Белград – Нови Сад пуштен во употреба, Вучиќ и Орбан меѓу првите патници Read More »

Во понеделник во Албанија ќе биде ден без возила заради заштеда на гориво


Албанскиот премиер Еди Рама објави дека в понеделник ќе биде „ден без возила заради заштеда на гориво, а не од еколошки аспект“. Тој ја најави и опцијата работа од дома, како во времето на карантинот поради пандемијата на Ковид-19, што „е добра можност за штедење на нафта“. – Агенцијата за енергетика го потврди она што …

Во понеделник во Албанија ќе биде ден без возила заради заштеда на гориво Read More »

Промовиран јубилениот 60. број КИНОПИС


Со пригодна презентација на најновото издание на КИНОПИС во петокот во кино-салата на Кинотеката беше одбележан јубилејот на единственото македонско списание за историја, теорија и култура на филмот и на другите уметности. Промотери на овој јубилеј на списанието беа д-р Атанас Чупоски, советник-филмолог и уредник во редакцијата, и Петар Волнаровски, главен и одговорен уредник на …

Промовиран јубилениот 60. број КИНОПИС Read More »

Борби во Мариупол за една од најголемите челичарници во Европа


Во опколениот пристаништен град Мариупол, украинските и руските сили се борат за фабриката за челик Азовстал, една од најголемите во Европа, изјави денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Вадим Денисенко. – Сега е борбата за Азовстал. Можам да кажам дека го загубивме овој економски гигант. Всушност, една од најголемите металуршки фабрики во Европа …

Борби во Мариупол за една од најголемите челичарници во Европа Read More »

Русија призна дека употребила „непобедливо оружје“: Како функционираат суперсоничните ракети?


Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руската армија со хиперсонично оружје уништила голем украински подземен склад за ракети и муниција за авиони во регионот Ивано-Франковск, објавија западните медиуми. Министерството, исто така, соопшти дека се уништени украинско воено радио и извидувачки центри во близина на Одеса со помош на крајбрежен ракетен систем. – Авијацискиот ракетен …

Русија призна дека употребила „непобедливо оружје“: Како функционираат суперсоничните ракети? Read More »

Поставена првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан – обезбеден е брз проток за транспортерите


На граничниот премин Табановце, на влез во Северна Македонија, Царинската управа на Северна Македонија ја постави првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан што е еден од првите проекти на иницијативата кои даваат конкретен и видлив резултат за побрз проток на стоки, услуги, луѓе и капитал, соопшти Владата. Најважната придобивка од Зелената лента за …

Поставена првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан – обезбеден е брз проток за транспортерите Read More »

Во мирување протестот на вработените во Пошта, почнати преговори


Нема да се одржи протестот што го најавија за утре напладне синдикалните организации од АД Пошта на Северна Македонија. Одлуката за протестот е ставена времено во мирување поради почнати преговори за сидникалното барање за линеарно покачување на платите на вработените, информираа денеска од Конфедерацијата на слободни синдикати. Синдикалните претставници вчера одржале состанок со Управниот одбор …

Во мирување протестот на вработените во Пошта, почнати преговори Read More »