„Фанк шуи“ со концерти во Англија
Македонскиот бенд „Фанк шуи“ оваа пролет ќе имаат свое гостување во Англија. Како што најавија од бендот, на 29 април ќе одржат концерт во Лондон, а ден потоа ќе гостуваат на „Sound City“ фестивал во Ливерпул. „Фанк шуи“ ја започнаа 2022 година со онлајн претставување на најголемиот и најпрестижен „шоукејс“ фестивал во Европа – „Eurosonic“ …