Зеленски: Тешко е да се предвиди колку ќе трае војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата рече дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае војната. – Се разбира, и јас слушам различни предвидувања. Имам многу повеќе информации од некои медиуми за намерите и можностите на руската армија. За потенцијалот на руската економија. За емоционалната состојба на општеството во Русија, …

Зеленски: Тешко е да се предвиди колку ќе трае војната Read More »

Премиерот на Украина ќе го посети Вашингтон


Делегација предводена од украинскиот премиер Денис Шмигал следната недела ќе го посети Вашингтон, пренесе Бгнес. Во делегацијата ќе бидат и министерот за финансии Сергеј Марченко и гувернерот на Централната банка Кирил Шевченко. Нивната посета се совпаѓа со традиционалната пролетна посета на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Се очекува Шмигал, Марченко и Шевченко да одржат билатерални состаноци со финансиски претставници на Г7 и да присуствуваат на тркалезна …

Премиерот на Украина ќе го посети Вашингтон Read More »

Во општините од североистокот недостигаат засолниште, кризен центар и СОС линии за жртвите на семејно насилство


Во шесте општини од североисточниот регион недостигаат засолниште, кризен центар и СОС линии за жените жртви од родово базирано и семејно насилство, покажува анализата на невладините организации од Куманово. Постоечките програми од социјална заштита не ги препознаваат жртвите на насилството, како лица во социјален ризик, се наведува во анализата на Националниот ромски центар, Националната мрежа …

Во општините од североистокот недостигаат засолниште, кризен центар и СОС линии за жртвите на семејно насилство Read More »

Изложба на карикатури „На тенок мраз“ од Лазо Плавевски


Изложбата на карикатури „На тенок мраз“ од Лазо Плавевски денеска на пладне ќе биде отворена во Музејот на современата уметност – Скопје. Лазо Плавевски припаѓа на генерацијата карикатуристи која на културната сцена во нашата земја се појави во 70-те години. Куратор на поставката е Љиљана Неделковска, која посочува дека изложбата го прикажува творештвото на Плавевски …

Изложба на карикатури „На тенок мраз“ од Лазо Плавевски Read More »

Петков и Јотова во посета на Битола


Претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков денеска во Битола ќе отвори клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“. Бугарскиот премиер придружуван од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, ќе промовираат владини проекти на таа држава на кои …

Петков и Јотова во посета на Битола Read More »

КОВИД пандемијата во помирен период, од есен подготовки за евентуален нов бран


Продолжува трендот на опаѓање на бројките на новозаболени и активни случаи на КОВИД-19. Надлежните остануваат на ставот дека сега се наоѓаме во безбедна зона, но дека треба да бидеме подготвени за евентуален нов бран во текот на есента. – Сега се наоѓаме во многу помирен дел од пандемијата, но од есен ќе се прават подготовки …

КОВИД пандемијата во помирен период, од есен подготовки за евентуален нов бран Read More »

„Филмотопија“- нова книга од Игор Анѓелков


Книгата со филмска есеистика „Филмотопија“ од Игор Анѓелков денеска ќе излезе од печат. Авторот со тоа ја заокружува трилогијата составена и од книгите „ФИЛМ.МКД“ (2015) и „Филмски град“ (2018), сите во издание на „ИЛИ-ИЛИ“. Анѓелков, како што соопшти издавачот, продолжува ревносно да ја следи филмската продукција кај нас и во светот, и низ рецензентски и …

„Филмотопија“- нова книга од Игор Анѓелков Read More »

Бајден ќе испрати висок службеник во посета на Украина


Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека размислува да испрати високо официјално лице во посета на Украина, со цел да нагласи дека Вашингтон е заштитник на украинската нација. На прашањето дали ќе испрати официјално лице, Бајден рече дека „моментално се одлучува за тоа“. На почетокот на неделава портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, рече дека …

Бајден ќе испрати висок службеник во посета на Украина Read More »

Денеска е Лазарева сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден


Саботата пред Цветници се вика Лазарева сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и распнувањето на Христос на Голгота. Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. …

Денеска е Лазарева сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден Read More »

Облачно и ветровито, од утре пад на температурите за 10 степени


Умерено до значително облачно време ќе преовладува денеска во земјава, а кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд претежно во посеверните делови. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, а кон крајот на денот од северните делови ќе сува засилен ветер од северен правец. Минималната …

Облачно и ветровито, од утре пад на температурите за 10 степени Read More »

Астрономски календар


Денеска е сабота, 16 април 2022 година, 102-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 263 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 54 минути, а ќе зајде во 19 часот и 14 минути. Денов трае 13 часа и 20 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее …

Астрономски календар Read More »

СОНК викендов ќе решава дали ќе го стави штрајкот во мирување


Советот на СОНК не добил конкретен предлог за покачување на платите и затоа до крајот на викендот треба да одлучи за главното барање од Владата, за ставање на штрајкот во мирување, во интерес на враќањето на учениците во клупите и нормалното функционирање на градинките. Ова го изјави претседателот на СОНК Јаким Неделков по средбата во …

СОНК викендов ќе решава дали ќе го стави штрајкот во мирување Read More »

ФДА итно одобри тест за Ковид-19 кој се прави преку здив


Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) даде дозвола за итно одобрување на тест за за Ковид-19, кој се прави преку здив, јави ДПА. Уредот е отприлика со големина на рачен куфер, соопшти денеска ФДА. Корисниците дуваат во цевка, како да дуваат балон. Тестот „InspectOR COVID-19 Breathalyzer“ ги дава резултатите за помалку од три минути, …

ФДА итно одобри тест за Ковид-19 кој се прави преку здив Read More »

НЛБ Банка засади 3.700 садници во малешевскиот регион, погоден во големите шумски пожари минатата година


Под мотото „Пошумуваме заедно“, НЛБ Банка реализираше голема волонтерска акција за пошумување на малешевскиот регион, кој беше еден од најпогодените во големите шумски пожари минатото лето. Акцијата беше спроведена во соработка со ЈП „Национални шуми“ (Малешевија) и Општина Берово кои активно се вклучија во организацијата и засадувањето на 3.700-те садници црн бор и јасен, карактеристични …

НЛБ Банка засади 3.700 садници во малешевскиот регион, погоден во големите шумски пожари минатата година Read More »

Дела на осуммина уметници на ДЛУМ претставени на изложбата „Поместени граници“


Со шестото издание на годишната изложба „Поместени граници“ на Друштвото на ликовните уметници на  Македонија (ДЛУМ), која денеска беше отворена во паркот на Министерството за култура, се одбележува  Светскиот ден на уметноста – 15 Април. До 20 часот вечерва таму може да се посети изложбата на која  се претставени делата на осуммина уметници: Марија Светиева, …

Дела на осуммина уметници на ДЛУМ претставени на изложбата „Поместени граници“ Read More »

„Отворен Балкан“: Паѓаат бариерите за вработување, кон крајот на мај почнува примената на Идентификацискиот број


Државјаните на Србија, Албанија и Северна Македонија ќе можат да се вработат во некоја од земјите членки на „Отворен Балкан“ со добивање Идентификациски (матичен) број на Отворен Балкан“, без какви било дополнителни административни процедури, јави дописникот на МИА од Белград. Регионалната имплементација на договорите со кои се регулира слободниот пристап до пазарите на трудот во …

„Отворен Балкан“: Паѓаат бариерите за вработување, кон крајот на мај почнува примената на Идентификацискиот број Read More »

„Фанк шуи“ со концерти во Англија


Македонскиот бенд „Фанк шуи“ оваа пролет ќе имаат свое гостување во Англија. Како што најавија од бендот, на 29 април ќе одржат концерт во Лондон, а ден потоа ќе гостуваат на „Sound City“ фестивал во Ливерпул.     „Фанк шуи“ ја започнаа 2022 година со онлајн претставување на најголемиот и најпрестижен „шоукејс“ фестивал во Европа – „Eurosonic“ …

„Фанк шуи“ со концерти во Англија Read More »

Кривичен суд – Скопје: Пресудата за сообраќајката кај „Сити мол” заснована врз постоечките законски одредби


Претседателот на судечкиот совет во случајот за сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, при одмерување на казната се водел исклучиво од постоечките законски одредби кои ги регулираат овие кривични дела, сите отежителни околности поврзани со загубата на млад живот, зачестеноста на конкретните кривични дела како и репресивното и превентивното влијание на пресудата, велат од Основниот Кривичен …

Кривичен суд – Скопје: Пресудата за сообраќајката кај „Сити мол” заснована врз постоечките законски одредби Read More »

На 18 април експертски панел на Сеавус за Автоматизирано тестирање


Меѓународната компанија за развој на софтвер Сеавус, дел од групацијата Арикома, го најави хибридниот настан во вид на експертски панел, што ќе се одржи на 18-ти април во кафулето Јавна соба (Public Room), со почеток во 17.30 часот. Настанот ќе биде пренесуван и онлајн, а ќе биде посветен на Автоматизирано Тестирање. Експертите на Сеавус за …

На 18 април експертски панел на Сеавус за Автоматизирано тестирање Read More »

Протестираат производителите на зелка од Струмичко, Николовски вели пласман има, протестот е насочен кон цената и трговците


Производители на пролетна зелка денеска со протест со трактори по улиците на градот и со едночасовна блокада на крстосницата кај ТЦ „Глобал“ го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени. Тие бараат зелката да не се откупува под 30 денари за килограм и побараа итна средба со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и Инспекторатот за …

Протестираат производителите на зелка од Струмичко, Николовски вели пласман има, протестот е насочен кон цената и трговците Read More »