„Ербас“ пријави пораст на приходите и профитот


Европскиот производител на авиони „Ербас“ пријави голем пораст на приходите и профитот во првиот квартал благодарение на закрепнувањето на побарувачката од кризата со коронавирусот и најави зголемување на производството што до крајот на годината треба да ги надмине нивоата пред пандемијата. Приходите на најголемиот светски производител на авиони се зголемија за 15 отсто во првите …

„Ербас“ пријави пораст на приходите и профитот Read More »

ЕМА се надева дека до септември ќе ги одобри прилагодените вакцини за омикрон сојот


Европската агенција за лекови денеска соопшти дека се надева дека вакцината, адаптирана за одредени варијанти на коронавирус, како што е омикронот, ќе биде одобрена до септември. -Наш приоритет е да се осигураме дека приспособените вакцини потенцијално ќе бидат одобрени најдоцна до септември за да бидат подготвени за новите есенски кампањи за имунизација во ЕУ, рече …

ЕМА се надева дека до септември ќе ги одобри прилагодените вакцини за омикрон сојот Read More »

Започнува караванот на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти


НЛБ Банка, во соработка со своите партнери: Сава Осигурување, Кроациа Осигурување Живот, Сава Пензиско Друштво, Триглав Осигурување Живот и Генерали Инвестмент, го организира вториот караван за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти. Караванот ќе се одвива во текот на целиот месец мај, пред експозитурите на НЛБ Банка ширум земјата. Едномесечниот караван има за цел да …

Започнува караванот на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти Read More »

„Гаспром“ ќе користи делови од „Северен тек 2“ за снабдување на населението во Русија


Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ сака засега да користи делови од руско-германскиот гасовод „Северен тек 2“, кој е ставен во мирување, за снабдување на сопственото население. Со оглед на тоа што гасоводот во Балтичкото Море во моментов не се користи, „Гаспром“ одлучи да ги „искористи вишокот руски транспортни капацитети на копно за развој на снабдувањето со …

„Гаспром“ ќе користи делови од „Северен тек 2“ за снабдување на населението во Русија Read More »

Грчката Влада бара одговори од Репортери без граници за 108-то место на Грција во извештајот за слободата на медиумите


Во неодамнешниот извештај на Репортери без граници за слободата на медиумите, Грција беше рангирана на 108 место, со пад од 38 позиции во споредба со лани, а портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, коментира дека во конкретниот извештај не се запазени двата принципи на научност и сериозност и преку писмо до Репортери без граници бара …

Грчката Влада бара одговори од Репортери без граници за 108-то место на Грција во извештајот за слободата на медиумите Read More »

Инфлацијата во Турција ги урна сите рекорди, во април достигна речиси 70 отсто


Стапката на инфлација во Турција, мерена преку растот на потрошувачките цени, во април достигна речиси 70 отсто на годишно ниво, според денешната прелиминарна статистика. Индексот на потрошувачките цени се зголеми за 69,97 отсто на годишно ниво минатиот месец од 61,14 отсто во март, објави турскиот статистички институт Туркстат, додавајќи дека месечната инфлација во април пораснала …

Инфлацијата во Турција ги урна сите рекорди, во април достигна речиси 70 отсто Read More »

На Велика Британија и се заканува рецесија, проценува централната банка


Британската централна банка денеска  ги зголеми клучните каматни стапки за да ја ограничи инфлацијата, истовремено предупредувајќи на заканата од рецесија поради високите животни трошоци што ќе ја намалат потрошувачката на домаќинствата. Централната банка по четврти пат од декември ги зголемува клучните каматни стапки, за четвртина процентен бод, на еден процент, што е највисоко ниво од …

На Велика Британија и се заканува рецесија, проценува централната банка Read More »

ЕП го поддржа продолжувањето на шемата за ковид-потврдите за уште една година


Европскиот Парламент денеска ја поддржа одлуката за продолжување на шемата за употреба на дигиталните ковид-сертификати за уште една година, за што веднаш ќе започнат преговори со Советот. За да се осигури дека граѓаните на ЕУ имаат корист од слободното движење без оглед на развојот на пандемијата на Ковид-19, Европарламентот на пленарна седница ја поддржа одлуката …

ЕП го поддржа продолжувањето на шемата за ковид-потврдите за уште една година Read More »

Блинкен позитивен на коронавирус, немал близок контакт со Бајден


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е позитивен на коронавирусот и има благи симптоми, соопшти Стејт департментот. Хина ја пренесува Белата куќа во веста дека дека американскиот претседател не бил негов близок контакт. „Државниот секретар ќе се изолира дома и виртуелно ќе работи. Тој со нетрпение очекува да се врати во Стејт департментот и да ги …

Блинкен позитивен на коронавирус, немал близок контакт со Бајден Read More »

СЗО: Во пандемијата на коронавирус починаа речиси 15 милиони луѓе ширум светот


Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека пандемијата на коронавирус убила речиси 15 милиони луѓе ширум светот, што е 13 отсто повеќе смртни случаи од очекуваното. СЗО смета дека многу земји ја потцениле битката со смртните случаи од Ковид, имајќи предвид дека претходно биле пријавени само 5,4 милиони смртни случаи од коронавирусот. Во Индија имало …

СЗО: Во пандемијата на коронавирус починаа речиси 15 милиони луѓе ширум светот Read More »

Богатите Руси најдоа нова оаза – бегаат во Дубаи за да ги избегнат санкциите


Дубаи се појави како рај за богатите Руси кои бегаат од влијанието на западните санкции поради војната во Украина. Руски милијардери и претприемачи пристигнуваат во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во невиден број, изјавија бизнис лидерите за Би-Би-Си. Купувањето имот во Дубаи од страна на Русите се зголеми за 67 отсто во првите три месеци од …

Богатите Руси најдоа нова оаза – бегаат во Дубаи за да ги избегнат санкциите Read More »

КСС избира ново раководство, Ралповски единствен кандидат за уште еден мандат


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на конгрес го избира новото раководство, а единствен кандидат за претседател е досегашниот претседател Благоја Ралповски. – Очигледно се задоволни од она што се случуваше во изминатите години. Мислам дека синдикатот го издигнавме на едно повисоко ниво и докажавме дека синдикалното организирање не е мртво, туку напротив го оживеавме …

КСС избира ново раководство, Ралповски единствен кандидат за уште еден мандат Read More »

Бектеши: Северна Македонија е вклучена во сите регионални иницијативи за сигурно снабдување со гас


Министерот за економија Крешник Бектеши во обраќањето на меѓународната конференција на министрите за енергетика од Западен Балкан, заедно со нивните колеги од Украина, Турција и Азербејџан, истакна дека дека учесниците во Софија се исправени пред воената агресија на Русија во Украина која предизвикува големи загуби за сите. Како што јави дописникот на МИА од Софија, …

Бектеши: Северна Македонија е вклучена во сите регионални иницијативи за сигурно снабдување со гас Read More »

Кирил Петков: Новите интерконектори овозможуваат да се направи нова енергетска карта на регионот


Бугарскиот премиер Кирил Петков на отворањето на меѓународната министерска тркалезна маса во Софија, посветена на регионалната соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција, што се одржа во резиденцијата „Бојана“, рече дека новите интерконектори овозможуваат да се направи нов енергетска карта на регионот. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, енергетските миксови …

Кирил Петков: Новите интерконектори овозможуваат да се направи нова енергетска карта на регионот Read More »

Развојна банка: Бескаматни кредити за фирми погодени од енергетската и економската криза, аплицирање од 11 мај


Микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и економската криза од 11 мај 2022 година ќе можат да аплицираат за средства од новата бескаматна кредитна линија наменета за обртни средства, соопшто Развојната банка. Јавниот повик ќе трае 15 дена, а барањето за кредит субјектите може да го достават електронски на …

Развојна банка: Бескаматни кредити за фирми погодени од енергетската и економската криза, аплицирање од 11 мај Read More »

Анкета на Народната банка: Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“


Речиси 90 отсто од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, покажува најновата Анкета за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година. Само 40 отсто од банките и штедилниците имаат воведено нови производи и услуги како реакција …

Анкета на Народната банка: Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“ Read More »

Лани животот го осигурале над 260.000 граѓани, вложиле над две милијарди денари


Вкупните вложувања на граѓаните во животно осигурување минатата година надминаа две милијарди денари или 32,5 милиони евра. Ова е рекордно односно највисоко годишно ниво на вложувања во животно осигурување од востановувањето на пазар за животно осигурување во 2005 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Како што информираат од АСО, повеќе …

Лани животот го осигурале над 260.000 граѓани, вложиле над две милијарди денари Read More »

Ранг – листа на најскапите земји и градови за живеење: Каде се наоѓаат Македонија и Скопје


Порталот „Нумбео“ ја ажурираше својата годишна листа на најскапи и најевтини земји за живеење во светот. Во рангирањето се пресметуваат трошоците за домување, облека, храна, превоз, интернет, комунални услуги, намирници и низа други параметри. Во регионот најскапо е да се живее во Словенија, која е на 45 место, Хрватска на 59, Србија на 94, Босна …

Ранг – листа на најскапите земји и градови за живеење: Каде се наоѓаат Македонија и Скопје Read More »

Федералните резерви на САД ја зголемија каматната стапка


Федералните резерви на САД вчера ја зголемија каматната стапка за 0,50 процентни поени, што е најголемото еднократно зголемување на цената на парите од 2000 година, пренесе АП. Во вторникот почна дводневната седница на ФЕД, а бидејќи инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 40 години, речиси сите очекуваа вакво зголемување на каматните стапки. …

Федералните резерви на САД ја зголемија каматната стапка Read More »

Русија вежбала нуклеарни напади


Русија соопшти дека нејзините сили вежбале симулирани нуклеарни ракетни напади во западната енклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија долж балтичкиот брег. Русија во средата вежбаше „симулирани електронски лансирања“ на мобилни балистички ракетни системи Искандер со нуклеарна способност, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. Руските сили вежбале единечни и повеќекратни напади врз …

Русија вежбала нуклеарни напади Read More »