Без струја делови од Драчево, Островска, Кисела Вода, Козле и реонот околу салонот на „Мерцедес“ во Гази Баба


  Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од населбите Драчево, Островска, Кисела Вода и Козле и реонот околу салонот на „Мерцедес“ во Општина Гази Баба, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Како што се наведува во соопштението, според добиеното известување од ЕВН, од 08:30 …

Без струја делови од Драчево, Островска, Кисела Вода, Козле и реонот околу салонот на „Мерцедес“ во Гази Баба Read More »

Концерт по повод 78 години од формирањето на Филхармонијата


  Оркестарот на Филхармонијата вечерва ќе одржи концерт насловен „Азно“, со кој ќе одбележи 78 години од формирањето на институцијата. На роденденскиот концерт како солист ќе настапат Кирил Трусов, еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена во моментов, и македонската обоистка Гордана Јосифова Неделковска. Диригент на концертот е маестро Борјан Цанев, а на програмата …

Концерт по повод 78 години од формирањето на Филхармонијата Read More »

Облачно со локални врнежи од дожд и северозападен ветер


  Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд и со умерен, а наместа долж Повардарието и повремено засилен, ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. Времето утре …

Облачно со локални врнежи од дожд и северозападен ветер Read More »

Северна Македонија станува членка на Унијата за Медитеранот


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Барселона ќе присуствува на свечениот чин на пристапување на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот, што ќе се одржи во рамки на Седмиот регионален форум на Организацијата. На состанокот на шефови на дипломатиите од 42-те земји членки на Унијата за Медитеранот, Османи учествува на покана на …

Северна Македонија станува членка на Унијата за Медитеранот Read More »

Борел: Белград и Приштина постигнаа договор за регистерските таблички


  Белград и Приштина постигнаа договор во врска со регистерските таблички, потврди високиот преставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, јави дописникот на МИА од Белград. -Со радост ви соопштувам дека главните преговарачи на Белград и Приштина постигнаа договор за мерките, како би ја избегнале натамошната ескалација и во потполност се фокусираат на предлогот …

Борел: Белград и Приштина постигнаа договор за регистерските таблички Read More »

Нова сензација на Мундијалот, Јапонија ја шокираше Германија


Јапонците направија големо изненадување на СП во Катaр совладувајќи ја Германија со 2:1. Групата Е на Светското првенство во Катар беше отворена со средбата меѓу Германија и Јапонија, на која на полувремето водеше светскиот шампион од 2014 година, но упорните  Јапонци направија пресврт во второт полуврме и на крајот славеа со резултат 2:1. Стрелец за …

Нова сензација на Мундијалот, Јапонија ја шокираше Германија Read More »

АмЧам одржа Генерално собрание и избра четири нови членови на Одборот на директори


Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам Северна Македонија) денеска го одржа своето 22-ро Генерално собрание на кое беа избрани четири нови членови на Одборот на директори и беше направен преглед на најзначајните реализирани проекти и активности од годината што изминува. На Собранието се обрати американската aмбасадорка во земјава Анџела Агелер, која се заблагодари на …

АмЧам одржа Генерално собрание и избра четири нови членови на Одборот на директори Read More »

Истражување: Бизнис довербата во Европа за 2023 година е најниско историско ниво


  Бизнис довербата во Европа за следната 2023 година е помала отколку за време на финансиската криза 2008-2009 година и екот на пандемијата со Ковид-19 односно е на историски најниско ниво. Загриженоста за пристапот до енергија и суровини, недостиг на квалификации и трошоците за работна сила се меѓу клучните предизвици кои ги обликуваат наодите, врз …

Истражување: Бизнис довербата во Европа за 2023 година е најниско историско ниво Read More »

Стопанска банка – Скопје одбележа почеток на градба на нова управна зграда, прва во својата богата историја


  Денес на свечена церемонија Стопанска банка – Скопје го одбележа започнувањето на градежните работи за изградба на нова управна зграда. Како дел од урбаната средина во срцето на градот, новиот современ објект ќе обезбеди врвни услови за работа за вработените на Банката и за нејзините бројни клиенти. Стопанска банка АД – Скопје, како дел …

Стопанска банка – Скопје одбележа почеток на градба на нова управна зграда, прва во својата богата историја Read More »

Народната банка со надолни корекции за растот на БДП, нагорни за инфлацијата


  Раст на домашниот бруто-производ од два до 2,3 отсто оваа година и на инфлацијата од 14,3 отсто предвидува Народната банка во најновите макроекономски прогнози кои ги презентира денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Ова претставува надолна проекција за економскиот раст, а нагорна за инфлацијата  во однос на претходните априлски проекции, рече таа на прес конференција во …

Народната банка со надолни корекции за растот на БДП, нагорни за инфлацијата Read More »

Ново поевтинување на бензините, цената пониска за два денари за литар


  Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,5, а …

Ново поевтинување на бензините, цената пониска за два денари за литар Read More »

Поради недоволна информираност и знаење, компаниите не излегуваат на берзата


  Малата информираност и знаењето за функционирањето на берзата и за користењето на хартиите од вредност, како и последиците од здравствената, енергетската и економската криза се основните причини за неизлегувањето на македонските компании на берзата, е главниот заклучок на тркалезната маса што ја организираше Македонска берза. Сепак, учесниците на трибината посочија дека е идеално да …

Поради недоволна информираност и знаење, компаниите не излегуваат на берзата Read More »

Бесими: Јавниот долг до крајот на годинава нема да достигне 60 отсто од БДП


  До крајот на годината јавниот долг нема да достигне ни 60 отсто од БДП, иако предвидувавме да биде 65,6 проценти, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими пред собраниската Комисија за финансирање и буџет. Бесими се јави за збор веднаш откако претседателот на Комисијата Бојан Стојаноски го квалификуваше Предлог-буџетот за 2023 година како историски …

Бесими: Јавниот долг до крајот на годинава нема да достигне 60 отсто од БДП Read More »

За ВМРО-ДПМНЕ Предлог-буџетот 2023 е нереален, инфлаторен и расипнички


Историски највисок, нереален, инфлаторен и надуен балон кој е прашање на време кога ќе експлодира. Вака претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет Бојан Стојаноски го квалификуваше Предлог-буџетот за 2023 година што го образложи министерот за финансии Фатмир Бесими. Стојаноски се јави прв за збор на денешната седница на Комисијата на чиј дневен ред …

За ВМРО-ДПМНЕ Предлог-буџетот 2023 е нереален, инфлаторен и расипнички Read More »

Бесими-Нуредини – Обезбедена директна поддршка за општините од 50 милиони евра за инфраструктурни проекти


  Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедуваат 50 милиони евра директна финансиска поддршка за општините во РС Македонија за реализација на проекти за подобрување на водната инфраструктура. Договорите за реализација на овој проект денеска беа потпишани од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова …

Бесими-Нуредини – Обезбедена директна поддршка за општините од 50 милиони евра за инфраструктурни проекти Read More »

Справување со кризата, фискална консолидација: Што содржи Предлог – буџетот за 2023


  Вкупните приходи на Буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Како што рече денеска министерот за финансии Фатмир …

Справување со кризата, фискална консолидација: Што содржи Предлог – буџетот за 2023 Read More »

Завршува ремонтот во ТЕЦ „Неготино“, термоелектраната на мрежа на почетокот на декември


  Во ТЕЦ „Неготино“ завршуваат сервисните и ремонтните активности и електраната се подготвува за враќање на мрежа на почетокот на декември, соопштија од ЕСМ. Проверките и санирањата се изведуваат од страна на вработени во термоелектраната, домашни стручни лица и стручен тим од Украина, односно од производителот на опремата вградена при изградбата на ТЕЦ „Неготино“. Во …

Завршува ремонтот во ТЕЦ „Неготино“, термоелектраната на мрежа на почетокот на декември Read More »

Достапна првата транша од 110 милиони евра од ПЛЛ аранжамнот од ММФ


Република Северна Македонија ја добива првата транша од 110 милиони евра од вкупно одобрените од Меѓународниот монетарен фонд преку Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). Средствата стануваат достапни откако Одборот на директори на ММФ ја одобри двегодишната програма на Република Северна Македонија во рамки на Инструментот за претпазливост и ликвидност. -Политиките што ги спроведуваме овозможија …

Достапна првата транша од 110 милиони евра од ПЛЛ аранжамнот од ММФ Read More »

Работнички демонстрации во „Фокскон“, најголемата фабрика за ајфони во Кина


Во најголемата кинеска фабрика за „Ајфон“ (iPhone) , што е во сопственост на тајванскиот подизведувач „Фокскон“(Foxconn), денеска се организираа демонстрации, што можеа да се видат од снимките објавени на социјалните мрежи Веибо и Твитер. Сликите покажуваат голем број работници како шетаат по улица, а некои од нив стојат пред редот од лица во бели заштитни …

Работнички демонстрации во „Фокскон“, најголемата фабрика за ајфони во Кина Read More »