Руската државна ТВ го нападна Пригожин


Руската државна телевизија го нападна шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој започна вооружен бунт минатиот месец, и рече дека „истрагата за тоа што се случи сè уште енергично се води“. Пригожин, кој е во егзил, ја презеде контролата врз јужниот руски град Ростов на Дон на 24 јуни, зазеде команден центар таму каде …

Руската државна ТВ го нападна Пригожин Read More »

Руски проектил погоди станбен блок во Лавов, најмалку четворица загинати


 Најмалку четири лица загинаа, а деветмина се ранети во руски ракетен напад врз градот Лавов во западна Украина, објави украинското Министерство за надворешни работи на Твитер. Градоначалникот Андриј Садови во објава на неговиот канал Телеграм посочи дека спасувачите трагаат по преживеани меѓу остатоците од станбена зграда.   Тој рече дека улицата ќе остане затворена се …

Руски проектил погоди станбен блок во Лавов, најмалку четворица загинати Read More »

Зеленски во интервју за Си-ен-ен: Сакав контраофанзивата да почне порано, Западот задоцни со испораката на оружје


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-ен-ен кажа дека сакал контраофанзивата против руските сили да почне порано и дека за таа цел побарал од западните сојузници да ја забрзаат испораката на оружје, пренесуваат британските медиуми. -Сакав контраофанзивата да почне многу порано, бидејќи сите разбраа дека ако контраофанзивата почне подоцна, поголем дел од нашата територија …

Зеленски во интервју за Си-ен-ен: Сакав контраофанзивата да почне порано, Западот задоцни со испораката на оружје Read More »

Без струја дел од општините Аеродром и Сарај


Делови од општините Сарај и Аеродром во различни периоди од денов ќе останат без електрична енергија. Како што информира РЦУК – Скопје, од 09.00 до 11.00 часот струја нема да имаат корисниците од дел од ТЦ Скопјанка и зградите помеѓу булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Јане Сандански“, а од 09.00 до 14.00 часот корисниците …

Без струја дел од општините Аеродром и Сарај Read More »

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Рама


Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради официјална посета на албанскиот премиер Еди Рама.  За сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Александар Македонски“, Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“, улиците „Беласица“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Орце Николов“, како и дел од улицата „Франклин Рузвелт“. Секторот за внатрешни работи Скопје …

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Рама Read More »

Премиерот на Албанија Рама во официјална посета на земјава


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе го пречека и ќе биде домаќин на Еди Рама, претседател на Владата на Албанија, кој е во официјална посета на државава. Ковачевски ќе го пречека Рама пред платото на Владата со највисоки државни почести. По средбата во Владата, двајцата премиери ќе одржат прес-конференција. За време на посетата на Скопје, Рама …

Премиерот на Албанија Рама во официјална посета на земјава Read More »

Северна Македонија 112-та според индексот на кревкост


Северна Македонија е на 112 место од 179 рангирани земји според индексот на кревкост за 2023 на Фондот за мир, кој ја проценува ранливоста на државите од конфликт или колапс. Индексот се заснова на дванаесет индикатори: безбедносен апарат, фракционерски елементи, групни поплаки, економски пад и сиромаштија, нерамномерен развој, одлив на мозоци, државен легитимитет, јавни услуги, …

Северна Македонија 112-та според индексот на кревкост Read More »

Прес-конференција на Стопанската комора за данок на солидарност


 Стопанската комора, која пред два дена апелираше Владата да го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, денеска ќе одржи и прес-конференција на оваа тема. На прес-конференцијата ќе присуствуваат претседателот на Комората Бранко Азески, потпретседателот Зоран Јовановски и извршниот директор Антони Пешев. Стопанската комора на 4 јули годинава соопшти дека бизнис заедницата бара повлекување и запирање …

Прес-конференција на Стопанската комора за данок на солидарност Read More »

Седница на Комисијата за финансирање и буџет


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет. На дневен ред на седницата се Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2022 година, како и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година.

Јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање


Во организација на Зелен институт, денеска во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање. На дебатата се поканети градоначалничката на Градот Скопје, претседателот и членовите на Советот на Градот Скопје, претставници на градските служби и на ЈП „Паркови и зеленило“, општините во …

Јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање Read More »

Форум за соодветно користење на училишните ресурси


Министерството за образование и наука, УНИЦЕФ и Светска Банка денеска ќе бидат домаќини на меѓународен форум за соодветно користење на училишните ресурси. На форумот ќе се соберат креатори на политики, експерти и практичари за да ги продискутираат извлечените поуки и клучните фактори на успех од реорганизацијата на училишната мрежа во европските земји. Форумот се организира …

Форум за соодветно користење на училишните ресурси Read More »

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува осум. Во Скопје ќе биде сончево и топло со …

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи Read More »

Липковско Слупчане поради дефект без електрична енергија, жителите го блокираат влезот на селото


 Поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на континуирани кражби од страна на жителите на липковско Слупчане, денеска селото се соочува со прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопшти ЕВН. Од компанијата наведуваат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, не постојат услови за нормално извршување на работите и дека поради неовластено …

Липковско Слупчане поради дефект без електрична енергија, жителите го блокираат влезот на селото Read More »

Поради невреме наноси на дел од улиците во тетовско Теарце


Краткотрајното невреме со интензивен дожд, силен ветер и град го зафати и тетовскиот регион, дел од улиците во селото Теарце се беа поплавени со наноси од земја, камења и дрвја. Невремето започнало околу 18 часот и 30 минути. Во Теарце имаше интензивен дожд, силен ветер и град. Поради тоа улиците што се во горниот дел …

Поради невреме наноси на дел од улиците во тетовско Теарце Read More »

Една жртва и најмалку тројца повредени во руски напад во областа Херсон


 Едно лице загина, а најмалку три се повредени по денешниот руски напад во областа Херсон, соопшти Регионалното обвинителство. – Покрената е истрага за смртта и повредите предизвикани од непријателското гранатирање на населбата Билозерска во Херсонската област. Русија ја гаѓаше населбата околу 19 часот по локално време, соопшти обвинителството.

Има штети од невремето во Битола, уништени се и посеви во Пелагонија (фото)


  БИТОЛА – Невремето што денес ја зафати Битола предизвика штети во градот под Пелистер. Како што беше посочено на состанокот на штабот за заштита и спасување пријавени се штети на следните локации: удар од гром на улицата Караорман број 104 в, поплавени визбени простории на улицата Ѓорче Петров, на броевите 21 и 39, поплавени …

Има штети од невремето во Битола, уништени се и посеви во Пелагонија (фото) Read More »

„Јаху“ се враќа на берзата, со нов капитал во трка со „Гугл“ и „Мајкрософт“


„Јаху“  (Yahoo), еден од најстарите и најпознатите интернет брендови, кој некогаш беше миленик на „дотком“ берзата, планира да се врати на пазарот. Главниот извршен директор Џим Ланзоне изјави за Фајненшл тајмс дека неговата цел е повторно да ја одведе компанијата на ИПО (иницијална јавна понуда) како дел од планот да ја врати групата од Силиконската …

„Јаху“ се враќа на берзата, со нов капитал во трка со „Гугл“ и „Мајкрософт“ Read More »

Пропадна и третиот тендер за поставување на фотоволтаици на зградата на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“


Пропадна и третиот тендер  да се постават фотонаппонска централа на кровната конструкција на зградата на рекоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“  -Штип. Ректорот Дејан Мираковски вели дека интерес од големите фирми за реализирање на овој проект нема. Тие како државна институција имаат критериуми кои треба да бидат исполнети, поточно фирмите да бидат со А лиценца, а …

Пропадна и третиот тендер за поставување на фотоволтаици на зградата на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Read More »

Курти одби да се сретне со Рама во Приштина, бара одржување на седница на двете влади


 Косовскиот премиер, Албин Курти одби да се сретне со неговиот албански колега, Еди Рама, кој утре ќе допатува во дводневна посета на Косово, и нагласи дека тоа ќе го направи единствено на заедничка седница на двете влади, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната владина седница, Курти пред новинарите изјави дека заедничката седница на …

Курти одби да се сретне со Рама во Приштина, бара одржување на седница на двете влади Read More »

ЕУ испраќа оценска мисија во Скопје за работата на Судскиот совет


Европската Унија испраќа оценска мисија во Скопје за работата на Судскиот совет, по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци. Ова го најави евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Топ тема на ТВ Телма. Гир рече дека тоа веќе и е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, …

ЕУ испраќа оценска мисија во Скопје за работата на Судскиот совет Read More »