Липковско Слупчане поради дефект без електрична енергија, жителите го блокираат влезот на селото


 Поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на континуирани кражби од страна на жителите на липковско Слупчане, денеска селото се соочува со прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопшти ЕВН.

Од компанијата наведуваат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, не постојат услови за нормално извршување на работите и дека поради неовластено користење на струјата од страна на мештаните се оптоварува мрежата што предизвикува големи дефекти.

– И во ова село кражбите на електрична енергија се околу 80 проценти исто како што беше случајот во скопското Арачиново. Наплатата е само 20 отсто, велат од ЕВН.
 
ТВ 21 со видео на Фејсбук вечерва објави дека жителите на селото го блокираат влезот на селото, палејќи оган со автомобилски гуми.