Деведесет доживотни казни за Патрик Крузиус кој уби 23 луѓе во „Волмарт“ во 2019 година


Самонаречениот бел националист кој уби десетици лица во продавница „Волмарт“ во Тексас планирано стрелајќи во Јужноамериканци доби 90 последователни доживотни затворски казни, јавија дел од американските медиуми. Пресудата беше изречена од федерален судија по дводневни емоционални сведочења пред судот на жртвите и нивните семејства. Патрик Крузиус (24) беше осуден денеска во судот во Ел Пасо …

Деведесет доживотни казни за Патрик Крузиус кој уби 23 луѓе во „Волмарт“ во 2019 година Read More »

Средба Ердоган-Зеленски во Истанбул


урскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул го прими неговиот украински колега Володимир Зеленски, јави агенцијата Анадолија. Ердоган го пречека Зеленски, кој дојде во Истанбул на негова покана, со свечена церемонија во вилата Вахдетин. По пречекот, средбата продолжи зад затворени врати. Двајцата лидери се ракуваа во знак на добредојде, а потоа продолжија на тет-а-тет …

Средба Ердоган-Зеленски во Истанбул Read More »

Во последните 48 часа, 70 милиони нови корисници се регистрирале на платформата Тредс


За помалку од 48 часа, 70 милиони нови корисници се регистрирани на апликацијата Тредс (Threads), што е двојно повеќе од 30 милиони регистрирани во првите 24 часа од лансирањето на апликацијата. Сопственикот на Мета, кој е сопственик и на „Тредс“, Марк Закерберг, изјави дека тоа далеку ги надминало нивните очекувања. Тој рече дека сака „љубезноста“ …

Во последните 48 часа, 70 милиони нови корисници се регистрирале на платформата Тредс Read More »

Невработеноста во САД во јуни намалена за 3,6 отсто


 Отворени помалку работни места во јуни, раст на платите и намалена невработеност од 3,6 отсто, се дознава од месечниот извештај на американското Министерство за труд објавен денеска. Работодавците во САД вработиле 209.000 работници во јуни, солидна бројка но помала од 306.000 вработени во мај. Минатиот месец исто така порасна бројот на Американци вработени на делумно …

Невработеноста во САД во јуни намалена за 3,6 отсто Read More »

Богоев – Гажели: Во завршна фаза активностите за оне-стоп-шоп на Ќафасан – Ќафтане


  Во завршна фаза се активностите за воспоставување на концептот оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Воспоставувањето на концептот за гранични контроли со едно застанување ја зголемува соработката помеѓу државите и ја забрзува регионалната интеграција. Ова се главните пораки од денешната средба на директорот на Царинска управа Стефан Богоев со директорот …

Богоев – Гажели: Во завршна фаза активностите за оне-стоп-шоп на Ќафасан – Ќафтане Read More »

Инфлацијата во јуни конечно едноцифрена, се намали на 9,3 отсто


  Годишната инфлација во јуни се спушти под десет отсто и по подолго време е едноцифрена.  Како што соопштија од Министерството за финансии, повикувајќи се на податоците на Државниот завод за статистика, таа во јуни изнесуваше 9,3 отсто. „Едноцифрена инфлација за јуни 2023 година. Охрабрувачки податоци за нивото на инфлацијата во земјата објави денеска Државниот …

Инфлацијата во јуни конечно едноцифрена, се намали на 9,3 отсто Read More »

Само двајца инвеститори од зоните реагирале за законот за данок на солидарност


 Директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски не смета дека врз странските инвеститори во зоните негативно ќе се одрази евентуалното донесување на законот за данок на солидарност со европско знаменце. Според него, по разговорите со засегнатите компании минатата година, кога законот беше најавен, реакција имало само во еден или во два …

Само двајца инвеститори од зоните реагирале за законот за данок на солидарност Read More »

Работилница на ЗНМ: Потребна е поголема свесност за почитувањето на авторските права


Преземањето фотографии е кривично дело, а „Гугл“ не треба да биде основен извор и архива. Ако за некоја фотографија на интернет нема наведено дека е дозволено споделувањети и под кои услови, тогаш се подразбира дека сите права се задржани и тогаш нејзино користење е можно само во договор со авторот. Ова беше порачано на денешната …

Работилница на ЗНМ: Потребна е поголема свесност за почитувањето на авторските права Read More »

Ковачевски за дијалогот со синдикатите: Работите се движат во насока на постигнување договор за платите


Работите се движат во насока на постигнување договор. Верувам дека целта може да биде постигната и да добиеме едно долгорочно решение со кое од септември па во текот на наредните години ќе се обезбеди зголемување на платите, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Смета дека има капацитет и Владата, и синдикатот, да изнајдат такво решение од заемен …

Ковачевски за дијалогот со синдикатите: Работите се движат во насока на постигнување договор за платите Read More »

Хелсиншки комитет со инцијатива до Уставен суд за измените во Законот за работни односи поврзани со „Бехтел и Енка“


Хелсиншкиот комитет за човекови права на 4 јули 2023 година доставил иницијатива до Уставниот суд на РСМ за оценување на уставноста и законитоста на членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (ЗРО), поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски …

Хелсиншки комитет со инцијатива до Уставен суд за измените во Законот за работни односи поврзани со „Бехтел и Енка“ Read More »

Инвестицијата за електрични автомобили во Тетово чека Владата да одобри закуп на земјиштето


По 11 месеци разговори, компанијата која планира инвестиција за електрични автомобили во Тетово потпиша договор со три домашни градежни фирми за изградба на објектот. Моментно се чека Владата да даде согласност на договорот за закуп на земјиште, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски. Како што оцени Деспотовски, работите …

Инвестицијата за електрични автомобили во Тетово чека Владата да одобри закуп на земјиштето Read More »

Во јуни биле потребни најмалку 48.543 денари за да се помине месецот


На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени. За храна и …

Во јуни биле потребни најмалку 48.543 денари за да се помине месецот Read More »

Ковачевски: Данокот на солидарност е за компании со поголеми профити, да не ја заборавиме помошта на државата во кризните години


Законот за солидарен придонес не е дел од системските закони за даноци туку се работи за еднократен солидарен придонес кој се однесува на компании кои оствариле добивки над просечните во текот на изминатите години и овие добивки ги направиле во време на кризните години, изјави премиерот Димитар Ковачевски во врска со ставот на бизнис-секторот дека …

Ковачевски: Данокот на солидарност е за компании со поголеми профити, да не ја заборавиме помошта на државата во кризните години Read More »

Ангеловска-Бежоска: Преку вклучување на жените до економски раст повисок за 30 отсто


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на панел-дискусијата „Жени лидери“ којашто ја отвори претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) во Љубљана, Словенија. Како што информира Народна банка, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека поголемата вклученост на жените во работната сила може да придонесе за побрз и поинклузивен економски раст. – …

Ангеловска-Бежоска: Преку вклучување на жените до економски раст повисок за 30 отсто Read More »

Влезот на првата голема македонска компанија во ТИРЗ е „заглавен“ во Комисијата за заштита на конкуренцијата


Договорот со првата голема македонска компанија која планира инвестиција во една од скопските развојни зони е подготвен и поднесен на разгледување кај надлежните институции пред околу три месеци, изјави денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски. Деспотовски потсети дека според проекциите и најавите, компанијата требаше да стартува со инвестицијата минатиот …

Влезот на првата голема македонска компанија во ТИРЗ е „заглавен“ во Комисијата за заштита на конкуренцијата Read More »

Северна Македонија го презеде од Црна Гора претседавањето со Транспортната заедница


Северна Македонија денеска од Црна Гора го презеде претседавањето со Транспортната заедница и во следната година ќе биде домаќин на активности и настани кои ќе придонесат за усогласување со транспортните политики на земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, министерот Бочварски и заменик претседателот на Владата на …

Северна Македонија го презеде од Црна Гора претседавањето со Транспортната заедница Read More »

САД без НБА ѕвездите на Светското првенство


Соединетите Американски Држави ќе настапат на претстојното Светско првенство без суперѕвездите од НБА лигата, што стана јасно откако селекторот, тренер на Голден Стејт, Стив Кер, денеска го објави списокот со 12 кошаркари. Во американскиот состав, сепак, сè уште има четири членови на Ол Стар екипи, и тоа се Тајрес Халибартон (Индијана), Ентони Едвардс (Минесота), Брендон …

САД без НБА ѕвездите на Светското првенство Read More »

Државата не се откажува од данокот за солидарност и другите даночни измени, ќе ги „спакува“ со европско знаменце


Законите од даночната сфера кои што беа повлечени од собраниска процедура ќе се доработат и повторно ќе бидат испратени во Собранието за нивно усвојување, но овој пат со европско знаменце. Ова е суштината на одговорот од Министерството за финанси на прашањето на Независен зошто се повлечени законите за данокот на солидарност, како и измените и …

Државата не се откажува од данокот за солидарност и другите даночни измени, ќе ги „спакува“ со европско знаменце Read More »

Министерот Бесими се пофали дека купил граѓанска обврзница, ќе ѝ ја подари на ќерка си


Министерот за финансии Фатмир Бесими, на службениот фејсбук профил се пофали дека купил граѓанска обврзница која ќе ѝ ја поради на неговата ќерка. Ова, како што наведува, го направил за да го илустрира процесот на инвестирање и придобивките од новиот инструмент, кој го промовира Министерството за финансии. „Денеска решив симболично да купам една ‘Граѓанска обврзница’ …

Министерот Бесими се пофали дека купил граѓанска обврзница, ќе ѝ ја подари на ќерка си Read More »

Во компаниите во ТИРЗ надмината бројката од 17 илјади вработени


  Во компаниите во технолошки индустриски развојни зони со средината на ова година „пробиена“ е бројката од 17 илјади вработени, соопшти денес на брифинг со новинарите директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски. „Ја ‘скршивме’, односно ја надминавме бројката од 17 илјади вработени во зоните“, рече Деспотовски. Тој посочи дека на крајот на минатата година …

Во компаниите во ТИРЗ надмината бројката од 17 илјади вработени Read More »