Има нови барања од синдикатите, Тренчевска очекува во вторник да се потпише Колективниот договор


Министерката за социјална работа и политика, Јованка Тренчевска денеска изјави дека утврово одржале состанок со министерот за финансии и Конфедерацијата на синдикатите и дека синдикатите во меѓувреме поднеле нови барања пред потпишување на Општиот колективен договор. Таа рече дека тие барања ќе бидат разгледани на следниот Економско-социјален совет што ќе се одржува во вторник и …

Има нови барања од синдикатите, Тренчевска очекува во вторник да се потпише Колективниот договор Read More »

Мицкоски: Трите даночни закони се дополнителен товар за лојалните граѓани, a не борба со сивата економија


Власта во парламентот сака да ги провне законите за ДДВ, за солидарност и за персонален данок и со тоа да удри по џебот на лојалните граѓани. Тоа не е борба со сивата економија, изјави денеска во Прилеп Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање дали законите кои се во собраниска процедура ќе бидат …

Мицкоски: Трите даночни закони се дополнителен товар за лојалните граѓани, a не борба со сивата економија Read More »

Дизелот поскапува за два денара


За два денара поскапува ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ, а малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, Мазутот М-1 НС и Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на дизелот ќе изнесува 72,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 натаму …

Дизелот поскапува за два денара Read More »

Делегација на Стопанската комора кај Пендаровски: Како до побрз економски раст


Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот на комората Бранко Азески и претставници од Асоцијацијата во Стопанската комора на Северна Македонија ТИМ-40. Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговараше за актуелните општествено – политички случувања во земјава и нивните влијанија врз економскиот амбиент, како …

Делегација на Стопанската комора кај Пендаровски: Како до побрз економски раст Read More »

Јовевски и Ацевски договорија поголема соработка меѓу ЈО и ДЗР, ќе има ли резултати


Главниот државен ревизор Максим Ацевски и заменик главниот државен ревизор Орхан Адеми, денеска во просториите на Државниот завод за ревизија остварија работна средба со јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и јавниот обвинител – раководител на Одделението во ЈОРСМ за соработка со други институции Башким Бесими. Работната средба, како што е наведено во …

Јовевски и Ацевски договорија поголема соработка меѓу ЈО и ДЗР, ќе има ли резултати Read More »

Бектеши и Реџепи во Вашингтон ветија дека тендерот за гасниот интерконектор со Грција ќе биде наскоро


Министерот за економија Крешник Бектеши во рамки на официјалната посета на Вашингтон оствари билатерална средба со американскиот помошник државен секретар за енергија Џефри Пајат. Како што информира Министерството за економија, на средбата со фокус на енергетските проекти и енергетско поврзување на регионот присуствуваше и директорот на НОМА Гас Бајрам Реџепи. Министерот Бектеши изрази благодарност за …

Бектеши и Реџепи во Вашингтон ветија дека тендерот за гасниот интерконектор со Грција ќе биде наскоро Read More »

Цистерната на патот Струмица – Радовиш ја гасеа шест пожарникари со две противпожарни возила


Шест пожарникари со две противпожарни возила ја гаснеа цистерната што утрово се запали на регионалниот пат Струмица-Радовиш. РЦУК – Струмица соопшти дека во 9:18 часот настанал пожар на камион на кој му се дупнала гумата. Камионот превезувал 20 тони на нафта.  Со пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата. Камионот се запалил на …

Цистерната на патот Струмица – Радовиш ја гасеа шест пожарникари со две противпожарни возила Read More »

Неколкумина повредени во напад со нож во Холандија, полицијата трага по сторителот


Неколку лица се тешко повредени денеска во напад со нож во холандскиот град Лајден. Полицијата соопшти дека трага по маж, кој повреди неколку лица во хуманитарен центар на градот. Осомничениот се здобил со повреда на главата, велат од полицијата. Во хуманитарниот центар се сместени повеќе социјални установи, објави холандската телевизија NOS.

Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица”


Започнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот „Беласица”, информираа од АД ЕСМ. Оттаму соопштуваат дека ќе се вложат максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок. – Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции …

Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица” Read More »

„Бехтел и Енка“ ангажирале домашни проектантски фирми за испитување на теренот


Нешто повеќе од еден месец по помпезно објавените почетоци на работењето на делниците на коридорите 8 и 10д и уплатените околу 170 милиони евра аванси од страна на ЈП за државни патишта на сметката на конзорциумот „Бехтел и Енка“, на терен не можат да се забележат никакви активности. Возачи кои минуваат по постојните патни правци …

„Бехтел и Енка“ ангажирале домашни проектантски фирми за испитување на теренот Read More »

Јувентус ја напушти Суперлигата


Најтрофејниот италијански фудбалски клуб Јувентус објави синоќа преку својот официјален сајт дека се повлекува од проектот за формирање Суперлига, зад кој сега остануваат само шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона. Одлуката на Јувентус доаѓа само неколку денови откако клубот од Торино се спогоди со УЕФА околу казната поради финансиски малверзации поврзани со плати на играчите …

Јувентус ја напушти Суперлигата Read More »

Се подготвува новата четиригодишна Рамка за партнерство со Светска банка


Заменик-министерот за финансии Филип Николоски во седиштето на Светска банка во Вашингтон остварил средби со извршниот директор на СБ, Кун Давидсe и директорот за човечки развој Мајкл Рутковски. Средбата, соопштија од Министерството за финансии, е во функција на подготовка на новата Рамка за партнерство на земјата со Светска банка за периодот 2024-2028 година. Заменик-министерот изразил …

Се подготвува новата четиригодишна Рамка за партнерство со Светска банка Read More »

Цените на најпродаваните производи во Србија растеа двојно побрзо од платите и пензиите


Цените на поголемиот дел од производите кои најчесто се пласираат во три големи малопродажни синџири во Србија пораснаа неспоредливо побрзо од приходите на населението, наведува неделникот НИН во објавеното истражување. Платите и пензиите за две години се зголемени за 28-28 отсто, а кошницата со сто најпродавани производи во еден трговски синџир поскапела за 48,2 отсто, …

Цените на најпродаваните производи во Србија растеа двојно побрзо од платите и пензиите Read More »

„Кина се промени“: Германија ја претстави стратегијата за намалување на зависноста од втората светска економија


  Германија во четвртокот објави дека ќе ја намали својата зависност од Кина во „критичните сектори“ вклучувајќи медицина, литиумски батерии што се користат во електричните автомобили и елементи неопходни за производство на чипови. Владата ја објави својата прва „Стратегија за Кина“, документ на 40 страници кој  нагласува дека Берлин мора да води во управувањето со …

„Кина се промени“: Германија ја претстави стратегијата за намалување на зависноста од втората светска економија Read More »

Бектеши: Имаме значаен напредок во процесот на декарбонизација


И покрај енергетската криза што ја зафати не само Северна Македонија, туку и целиот свет, развојот и инвестициите во енергетскиот сектор се еден од главните приоритети на Владата, со главна цел обезбедување одржливо снабдување со енергија, како и придвижување кон зелена економија. Во изминатите неколку години Владата направи неколку реформи во енергетскиот сектор со што …

Бектеши: Имаме значаен напредок во процесот на декарбонизација Read More »

„Макстил“ добитник на наградата за зелена агенда на Стопанската комора


Стопанската комора на Северна Македонија, по повод 101 годишнината на комората, денеска ја врачи наградата за зелена агенда на „Макстил“ АД Скопје. Делегацијата во состав Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора, Билјана Пеева-Ѓуриќ оперативен директор и Михајло Донев, проект менаџер во Стопанската комора ја врачија наградата за зелена агенда на генералниот директор на „Макстил“ АД …

„Макстил“ добитник на наградата за зелена агенда на Стопанската комора Read More »

Ветерoт и сончевата енергија ќе произведуваат повеќе од една третина од глобалната енергија до 2030 година


Енергијата на ветерот и соларната енергија се на пат да сочинуваат повеќе од една третина од изворите на електрична енергија до 2030 година, според денеска објавениот извештај на американскиот институт „Карпести планини“ („Rocky Mountain“). Султан ал-Џабер, претседател на следниот самит на ОН за климата КОП28, повика оваа година тројно да се зголеми производството на енергија …

Ветерoт и сончевата енергија ќе произведуваат повеќе од една третина од глобалната енергија до 2030 година Read More »

Кинески хакери упаднаа и во „Мајкрософт“, Стејт департментот реагираше


Кинеските државни хакери од мај тајно пристапувале до налозите за електронска пошта на околу 25 организации, вклучувајќи ги Стејт департментот, Министерството за трговија и „Мајкрософт“. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека САД „многу брзо“ откриле што се случува и дека успеале да спречат натамошен хакерски продор. Меѓу хакираните налози е …

Кинески хакери упаднаа и во „Мајкрософт“, Стејт департментот реагираше Read More »

Граѓанска обврзница купиле 1.283 граѓани, уплатени 1,4 милијарди денари, двојно повеќе од понудата


Процесот на издавање на првата емисија на граѓанската обврзница денеска успешно заврши со одржување на аукцијата на која беа запишан износ од 1.448.030.000 граѓански обврзници, што е двојно повеќе од она што беше објавено со Проспектот за граѓанската обврзница во износ од 600 милиони денари, соопшти Министерството за финансии. „Интересот беше голем за овој нов …

Граѓанска обврзница купиле 1.283 граѓани, уплатени 1,4 милијарди денари, двојно повеќе од понудата Read More »

На вториот заеднички тендер на ЕУ за набавка на гас се пријавија 25 компании


Вкупно 25 меѓународни добавувачи одговорија на нашиот втор тендер за заедничка набавка на гас, со понуди за снабдување со вкупно 15,19 милијарди кубни метри. Сакам да им се заблагодарам на добавувачите кои ги доставија своите понуди, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија за меѓуинституционални односи и проекции, Марош Шефчович. – Добивме понуда за речиси 16 …

На вториот заеднички тендер на ЕУ за набавка на гас се пријавија 25 компании Read More »