Поради сообраќајна несреќа забавен сообраќајот на автопатот Катланово-Велес
Од засега непознати причини автомобил се преврте на автопатот Катланово-Велес. Поради сообраќајната несреќа сообраќајот е забавен. Засега нема информации колку патници биле во возилото и дали има повредени.