Паркингот во Ист Гејт Мол отсега со валидирање на билети


Фото: Б. Грданоски

Од понеделник, 21 август 2023 година, во трговскиот центар Ист Гејт Мол ќе се воведе валидирање на билети за користење на паркингот. Бесплатниот паркинг беше токму една од предностите на Ист Гејт Мол бидејќи им овозможуваше на граѓаните без дополнителни трошоци да го посетат овој трговски центар, за разлика од останатите, каде паркингот се наплаќа.

Паркингот останува бесплатен за користење за сите посетители во периодот кога е потребна валидација на билетот на паркоматите поставени во трговскиот центар. Посетителите треба да го чуваат билетот за паркинг за време на нивниот претстој, но пред излегувањето од трговскиот да го валидираат на апаратите.

Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за валидирање и тоа на следните локации:

Ниво -2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавницата Крусел (југ) и Кар бокс (север),

на Ниво -1 излез кон паркинг,на паркоматите поставени кај продавниците Нептун (југ) и 5Центар (север)

 

Трговскиот центар Ист Гејт Мол ги отвори своите врати за посетителите на крајот на октомври 2021 година од кога започна и официјално со работа. Како урбан, модерен и најголем трговски центар во нашата земја, истиот се простира на 160.000м2 бруто изградена површина и 57.000м2 површина за изнајмување.