Водовод на терен- поставена решетка за атмосферски води на раскрсницата помеѓу ул.Козле и ул.Мокра


Жители од Козле  изразуваат јавна благодарност до ЈП Водовод и канализација, Скопје, за нивната доблесност и професионалност да им излезат во пресрет за долгогодишниот проблем на граѓаните од улица Козле ,Мокра и Јуриј Гагарин.

„Сакаме да изразиме голема благодарност до Град Скопје и Јавното претпријатие Водовод и канализација кои ни излегоа во пресрет и се надеваме конечно ќе го решат проблемот.

Нашето барање беше да се постави решетка за атмосферски води, бидејќи при секој дожд, ние се поплавуваме и претрпувавме големи материјални штети.

По подолго време талкање по институциите се обративме и до Град Скопје од каде ни беше укажано дека нашето барање е проследено до ЈП Водовод и канализација Скопје.

Град Скопје во соработка со екипите на ЈП Водовод и канализација во најбрз можен рок го реализираа нашето барање и се надеваме дека со поставување на решетка  долгогодишниот проблем ке биде решен, со кој се соочувавме.

ЈП Водовод и канализација поставија решетка на раскрсницата помеѓу ул.Козле и ул.Мокра со поставување на оваа решетка за прифаќање и одведување на атмосферски води од страна на ЈП Водовод и канализација,  со тоа што водата ќе се влева во новоизградениот атмосферски колектор од страна на ЈП Водовод и канализација и нема да пристига на нашата улица.

Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Град Скопје и ЈП Водовод и канализација-Скопје“, се вели во соопштението од група граѓани.