Дванаесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“


На Конкурсот, „Анте Поповски – Антево перо“  пристигнаа 73 поетски збирки кои имаат најразличен поетски израз, од автори од Северна Македонија, Италија и Австралија. Жири-комисијата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател) и д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), во изминатиот период во неколку наврати темелно ги разгледуваше и анализираше пристигнатите збирки, информира […]

Најголемите европски компании загубија 100 милијарди евра поради затворањето на бизнисите во Русија


Лондон – Најголемите европски компании изгубија 100 милијарди евра од февруари 2022 година поради продажба, затворање или намалување на нивниот бизнис во Русија. Според Фајненшал тајмс од годишните извештаи на 600 европски компании и нивните финансиски извештаи за 2023 година, произлегува дека 176 компании избегнале девалвација на нивните средства и дополнителни трошоци поради промената на […]

Меси се искачи на шестото место по голови од слободен удар во историјата на фудбалот


Мајами – Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси постигна гол од слободен удар утринава во осминафиналето на Лига купот против Далас (4:4, пенали 5:3). Овој гол беше 64-ти за Аргентинецот од слободен удар. Тој се искачи на 6-то место по оваа статистичка категорија во историјата на фудбалот. Напаѓачот на „Ал-Наср“ Кристијано Роналдо се наоѓа на 9. […]

Галичник филм фестивал: Гран при за турскиот филм „Заедно, сами“ 


Со синоќешното прогласување на добитниците на наградите за краткометражни филмови во три натпреварувачки категории, свечено беше затворен 4. Галичник филм фестивал. Бројната публика  уживаше во 33 краткометражни филмови од различни земји, кои може да се видат од 4 до 6 август. За организаторте Дарма филм, оваа година фестивалските денови  беа уште побогати со содржини,  зголемен […]

Се продава вилата во Франција каде младиот ЏФК научил да плива во олимпискиот базен


Луксузната вила која порано беше во сопственост на семејството Кенеди, влезе на пазарот за приближно 35 милиони долари (31,5 милиони евра). Домот од 1920-тите, дизајниран од францускиот архитект Жак Куел, е круна на имот од 44 хектари во селата на Азурниот брег – полн со изобилство од маслинови дрвја и цветни градини. Вилата, формално позната […]

Продолжува растот на работни места во ТИРЗ, 900 нови вработувања од почетокот на годинава


Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во Технолошко-индустриските развојни зони – ТИРЗ, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ. Заклучно со јули бројот на работни места е зголемен за 14 отсто во однос на истиот период лани и достигна над 17.150. Тоа, како што покажува анализата, е за 20 отсто повеќе […]

Златните резерви на Русија се намалени за 11,6 милијарди долари


Москва – Златните и девизните резерви на Русија во мај се намалија за 11,6 милијарди долари, стигнувајќи до 584,2 милијарди долари. Ова го посочуваат податоците на националните централни банки. Се истакнува дека како резултат на тоа, земјата и го отстапи четвртото место на Индија меѓу економиите со најголеми меѓународни средства и падна на петтото место. Од […]

За десет години околу 537.000 албански граѓани добиле дозвола за престој во земјите на ЕУ


Тирана – Во текот на 2022 година, албанските граѓани добиле најголем број дозволи за престој, во последните десет години, во земјите на Европска Унија, јави Топ чанел. Повикувајќи се на најновиот извештај на Европската агенција за статистика, ЕУРОСТАТ, минатата година од земјите на ЕУ дозволи за престој им биле доделени на 73.858 албански граѓани. Овој […]

Засега ставен под контрола големиот пожар на Кипар


Атина – Големиот пожар што вчера избувна во близина на Лимасол во јужниот дел на Кипар и превентивно беа евакуирани неколку села, рано утрово е ставен под контрола, а земјата побара помош, како од соседните држави, така и преку ЕУ механизмот за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина.  Портпаролот на Противпожарната служба на […]

Нигер го затвора воздушниот простор поради „закана од интервенција“


Ниамеј – Воените власти на Нигер објавија дека го затвориле воздушниот простор на земјата, предупредувајќи дека секој обид за негово нарушување ќе наиде на „енергичен и итен одговор“. -Соочени со заканата од интервенција, која станува се појасна со подготовката на соседните земји, воздушниот простор на Нигер е затворен од недела… за сите авиони до понатамошно известување, […]

Во Џеда заврши состанокот посветен на Украина со ветување за продолжување на разговорите


Џеда – Украинската дипломатска иницијатива продолжи овој викенд кога претставници од повеќе од 40 земји се собраа во Џеда, Саудиска Арабија, за да се обидат да го пронајдат патот кон мировни преговори меѓу Русија и Украина. Русија не беше поканета, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се надева оти разговорите ќе доведат до самит подоцна […]

Измамени Германци туристи во Шпанија платиле 1.000 евра за такси


Мадрид – Семејство од Германија кое летувало на шпанскиот остров Гран Канарија, платило 1.000 евра за такси со коешто го обиколиле хотелскиот комплекс и стигнале до плажата, пренесува списанието „Феникс“. Според наводите, тоа возење траело три часа, а таксистот наводно претходно им рекол дека им нуди „бесплатно искуство“ да го видат хотелскиот комплекс бидејќи тоа […]

Од денеска засилени контроли на патиштата во Србија


Белград – Сообраќајната полиција во Србија од денеска 7 август до понеделник 14 август ќе ја засили сообраќајната контрола на патиштата, јавија српските медиуми. Таа акција ќе биде насочена кон контрола на брзината на движење на возилата. За време на акцијата што се спроведува истовремено во 30 европски земји членки на организацијата ROADPOL (мрежа на сообраќајната […]

Бугарскиот премиер денеска ќе одговара на прашања на Фејсбук


Софија – Бугарскиот премиер Николај Денков денеска на Фејсбук од 10:30 до 11:30 часот (по локално време) ќе одговара на прашања на граѓаните и медиумите. Причината е – два месеца од стапувањето на функција премиер, соопшти владината прес-служба, јави БТА. Прашања до Денков може да се постават и за време на директниот пренос и однапред да […]

Аљаска: Поплави од стопен глечер уриваа куќи како кула од карти


Властите во Џуно, Алјаска, издадоа вонредна декларација бидејќи поплавата на глечерското езеро предизвика хаос во близина на градот, каде што се уништени структури. Поплава од излив на глацијално езеро се случува кога ќе се скрши брана што содржи леднички езеро. Според Националната метеоролошка служба, поплавите уништија неколку објекти долж реката Менденхол. Два домови се изгубени, […]

Саудиска Арабија потпиша договор со турската компанија „Бајкар“ за производство на дронови


Ријад – Саудиска Арабија потпиша стратешки договор со турската компанија „Бајкар“ за локално производство на беспилотни летала во Кралството, објави синоќа Саудиската државна одбранбена компанија „САМИ“ на платформата X (поранешен Твитер). -Договорот „ќе ја подобри улогата на „САМИ“ во поддршката на националната одбрана и зајакнувањето на нашите локални способности“, се вели во соопштението. Во јули, […]

Златна потковица на „Астерфест“ за данскиот филм „Ивалу“


Најдобар филм на 18.издание на Филмскиот фестивал „Астерфест“ е „Ивалу“ на авторите Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен од Данска, кој го доби фестивалското гран при – Златната потковица. Сребрената потоковица ја доби филмот „Еж“ на авторот Д. Митри од САД, а бронзената му е доделена на „Штипење“ на авторките Еми Патмор и Ана Дворжак […]

Филмот „Барби“ во клубот на милијардери


Лос Анџелес– „Барби“ на Грета Гервиг треба да надмине милијарда долари на глобалниот бокс офис за само три недели во кината, соборувајќи го рекордот што претходно го држеше „Wonder Woman“ на Пети Џенкинс. „Барби“, чиј режисер и ко-сценарист беше Гервиг, викендов заработи уште 53 милиони долари од 4.178 локации во Северна Америка, според проценките објавени […]

Сончево време со услови за слаб дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во северните делови, ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени, информира УХМР. Во Скопје […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 7 август 2023 година, 219-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 146 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 19 часот и 46 минути. Денов трае 14 часа и 12 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]