Денот на Независноста на Украина утре ќе се одбележи и во Скопје


Украинци прославуваат независност на Украина во Скопје, 2022/ Фото: Б. Грданоски

Украина, утре 24 Август, го одбележува Денот на Независноста, втора година по ред во услови на војна од големи размери на Русија против Украина. По тој повод Амбасадата на Украина и Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, ќе организираат настан што ќе се одржи во центарот на Скопје од 9,45 до 10,30 часот.

Во програмата на настанот за одбележување на Денот на Независноста на Украина е предвиден симболичен марш од споменикот „Тарас Шевченко“ во Парк „Жена борец“ до „Алеја на Украина“ и обраќање на Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, градоначалникот на Општина Центар во Скопје, Горан Герасимовски и на претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.

Во рамките на настанот ќе може да се погледне и изложбата „Деца на војната“, која се состои од цртежи од украински деца.