Без вода дел од Маџир Маало


Поради уличен дефект на улицата „Преспанска“ број 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Маџир Маало, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што се наведува во соопштението, водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот, сѐ до завршување со санација на дефектот.