Почнуваат Деновите на Мајка Тереза


Со изложба на мозаици од ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, Изет Зеќири, денеска почнуваат Деновите на Мајка Тереза. Изложбата насловена „Мајка Тереза – од Скопје во Калкута” ќе биде отворена претпладнево во Спомен-куќата на Мајка Тереза. За утре е предвиден Поетски час на Друштвото на писатели „ОЕНЕУМ“ – Тетово, а на 29 август […]

Ескобар на средби со Ковачевски и Мицкоски, Вашингтон очекува да продолжат евроинтеграциските процеси


Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска ја продолжува посетата на државава со средби со премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По средбата на Ковачевски и Ескобар тие претпладне ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. Ескобар е во дводневна посета на државава, а […]

Трамп беше уапсен и ослободен со кауција


Вашингтон – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се предаде синоќа во затвор во округот Фултон, Џорџија, како дел од судењето против него за обид за кражба на резултатот од изборите во оваа сојузна држава по претседателските избори во 2020 година.  Судијата и окружниот обвинител се согласија судењето да почне на 23 октомври во забрзан процес. Трамп […]

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 25 август 2023 година, 237-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 128 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 52 минути, а ќе зајде во 19 часот и 20 минути. Денов трае 13 часа и 27 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Костадиновска Стојчевска: Ехото на Миладиновци е присутно и денес, од година во година сè погласно преку СВП


Во овој живот полн со предизвици, поезијата е чувствотворност што нè разликува во оваа ера на бесчувствителна роботизација, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на отворањето на 62. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, што од денеска до 27 август ќе се одржува во Струга.   Инспирирана од годинашниот лауреат на највисокото фестивалско […]

„l’Italiano verro“: Италија се прости од легендарниот Тото Кутуњо


Милано- Стотици обожаватели денес се собраа во миланската базилика Свети Нереј и Ахил, каде што беше одржана погребната миса за светски познатиот италијански кантавтор и пејач Тото Кутуњо кој по долго и тешко боледување почина на 80-годишна возраст во Милано. Насобраните обожаватели со долги аплаузи го поздравија ковчегот со телото на познатиот кантавтор и пејач, […]

Путин се јави за смртта на Пригожин: Беше талентиран бизнисмен


Првата реакција на рускиот претседател Владимир Путин за авионската несреќа во која, според официјална Москва, во кој загина основачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин. Во телевизиска изјава, Путин му изрази сочувство на семејството на Пригожин. Путин го опиша Пригожин како „талентиран бизнисмен“ кого го познава од 1990-тите. Тој исто така рече дека руските власти […]

Во пожар изгоре автомобил паркиран во центарот на Тетово


Околу 17 часот избувнал пожар во автомобил паркиран во дворот од основното училиште „Лирија“ во Тетово. Интервенираше Територијалната противпожарна единица Тетово. – По пријавата веднаш заминавме за интервенција. Автомобилот е марка „рено“ до тетовски таблици, имаше и експлозија, возилото имаше плински уред. Огнот е целосно изгаснат, информираше Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово. […]

САД сметаат дека авионот на Пригожин веројатно бил соборен со ракета земја-воздух, истрелана од руска територија


Вашингтон– САД веруваат дека авионот во кој патувал Евгениј Пригожин можеби бил соборен со проектил земја-воздух, истрелан од руска територија, јавија британските меидуми, повикувајќи се на извори од американската влада кои сакаа да останат анонимни. Оттаму нагласија дека се работи за прелиминарна проценка и дека информациите за случајот се уште се анализираат. Руските власти соопштија […]

Бербок предупреди да не се шпекулира околу смртта на Пригожин


Берлин – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок предупреди да не се шпекулира за авионската несреќа во која, според руските власти, загинал Евгениј Пригожин, јави ДПА. Рускиот регулатор за цивилно воздухопловство Росавијација соопшти дека на списокот од 10 лица во урнатиот авион е и името на лидерот на приватната воена компанија „Вагнер“. И покрај тоа, […]

Птицата од невестинскиот вел на Кери Бредшо оди на аукција


Њујорк- Сотби ја става на аукција овој септември птицата од невестинскиот вел на Кери Бредшо – од првиот филм „Сексот и градот“ и од втората сезона на продолжението„…И просто така оди тоа“. Помеѓу безбројните хаотично-иконски предмети што ги носи Сара Џесика Паркер во универзумот „SATC“, овој винтиџ фасцинатор е секако меѓу најнезаборавните, придружувајќи ја венчаницата […]

Зеленски за загинувањето на Пригожин: Сите се свесни за тоа кој е виновникот


Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема никаква врска со наводната смрт на Евгениј Пригожин, кој очигледно загина вчера во авионска несреќа во Русија, пренесуваат украинските медиуми. -Ние не сме вмешани во оваа ситуација, тоа е сигурно. Мислам дека сите се свесни за тоа кој е вклучен, рече Зеленски на прес-конференција […]

Четири документарци во Куршумли-ан, Сули-ан и пред Музејот на Македонија за крај на „МакеДокс“


Филмската програма на 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ се приближува кон крајот и последната фестивалска вечер. Денеска ќе бидат прикажани четири документарни остварувања и тоа во Куршумли-ан, Сули-ан и на платото пред Музеј на Македонија. „На програмата во Куршумли-ан, во 21 часот, се краткиот документарец „Еве, и јас танцувам“ (Чешка, Германија […]

Искачувањето на Монт Еверест може да поскапи


Катманду – Искачувањето на Монт Еверест наскоро би можело да поскапи, бидејќи Министерството за туризам на Непал размислува да ги зголеми таксите што странските алпинисти треба да ги платат за авантурата на највисоката планина во светот. Според тоа, сегашната такса од 11.000 американски долари ќе се зголеми на 15.000 долари во „врвот“ на пролетна сезона на […]

Армијата доби 120 нови подофицери и 150 професионални војници


Денеска во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес се одржа свечена церемонија за промоција на 120 подофицери и свечена заклетва на 150 професионални војници. На свеченоста присуствуваа и се обратија министерката за одбрана Славјанка Петровска и Заменикот на Началникот  на Генералштабот генерал мајор Азим Нуредин. Армиските припадници од редовите на професионалните војници кои ja поминаа тримесечна […]

Влада Урошевиќ од Струга: Македонскиот јазик е рамноправен со светските јазици, залудни се обидите за негово негирање


Веста дека сум добитник на „Златниот венец“ на годинашниве „Струшки вечери на поезијата“ ми носи многу радост. Ја имав таа среќа да бидам, пред повеќе од шеесет години, еден од основачите на  овој наш поетски фестивал и еден од оние што учествуваа во дефинирањето на оваа награда. Во текот на годините, со внимание и задоволство […]

И Норвешка ќе и донира на Украина авиони Ф-16


Осло– Норвешка ќе и донира воени авиони Ф-16 на Украина, објави денеска норвешката телевизија ТВ2, повикувајќи се на неименувани извори. Но, не е наведено колку авиони ќе и бидат донирани на Украина. Министерството за одбрана на Норвешка се уште ја нема потврдено информацијата. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере вчера се сретна со украинскиот претседател Володимир […]

Исчезнати стотици археолошки и историски наоди од Британскиот музеј


Лондон– Сребрени ѓердани, древни монети и над 500 ќерамички предмети се меѓу исчезнатите од Британскиот музеј за изминативе 20 години. Се стравува дека вкупниот број украдени артефакти би можел да надмине и 2.000 парчиња, открива лондонски „Тајмс“. Ова откритие за наводната кражба на илјадници скапоцени предмети, за музејот е еден од најголемите скандали во неговата […]

Лауреатот Урошевиќ засади дрво за почеток на „Струшките вечери на поезијата“


Со традиционалното садење дрво во „Паркот на поезијата“ неофицијално се означи почетокот на „Струшките вечери на поезијата“. Во паркот дрво засади годинешниот лауреат, добитник на „Златен венец“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ. – На ова место, не толку големо по површина, колку по суштина се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети […]