Доделени наградите на „МакеДокс“, наградата „Кромид“ за документарниот филм „Помеѓу револуциите“


Документарниот филм „Помеѓу револуциите“ на романскиот режисер Влад Петри ја доби наградата „Кромид“, додека грузискиот филм „Волшебната планина“ на авторскиот тандем Мариам Чачија и Ник Војт ја доби наградата „Млад кромид“, во рамките на 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што синоќа за последен пат оваа година се одржа во Куршумли-ан. Фестивалот […]

„Македонисимо“ на Трпчевски со концерт во Секирник, Струмичко


Симон Трпчески и МАКЕДОНИСИМО утревечер (сабота, 26 август) пристигнуваат во Секирник, Општина Босилово, Струмица (во подножјето на планината Беласица), родното место на мајката на Трпчески. Концертот закажан за 20 часот во дворот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Секирник е со слободен влез за сите заинтересирани почитувачи на Симон Трпчески и проектот МАКЕДОНИСИМО. Специјален гостин на концертот ќе биде нашиот мајстор на кавалот, Сашо Митев. Со овој концерт стартува Балканската турнеја на МАКЕДОНИСИМО, што ќе трае до […]

Зголемен број автобуси до Матка за Голема Богородица


Во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во недела (27.08.2023 год) на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси. Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и во понеделник (28.08.2023 година) од 7 до 18 часот. Поголема фрекфенција на […]

Каде е принцезата Каролина од Монако?


Монако- Принцезата Каролина од Монако, ќерката на славната Грејс Кели, веќе поодамна ја нема на гала настаните освен во улогата на домаќинка на Добротворниот бал на ружите во Монако, кој во 1954 година го започна принцезата Грејс од Монако, како и годинава, во август, на темата Боливуд. Претходно, нејзината помала сестра Стефани исчезна од јавниот […]

Министерот Спасовски во работна посета на Подгорица


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе биде во  работна посета на Подгорица, Црна Гора. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Спасовски ќе оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, како и со министерот без ресор Зоран Миљаниќ. 

Салах се согласи да се пресели во Ал-Итихад


Лондон, – Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах се согласил да се пресели во Ал Итихад, објави „beIN Sports“. Сега саудискиот клуб треба да се договори со „Црвените“ за висината на трансферот. Претходно беше објавено дека Ал-Итихад е подготвен да плати 90 милиони евра за Салах, што ќе биде рекорден трансфер во историјата на Саудиската лига. Салах […]

Трамп се врати на платформата X (Твитер) откако 20 минути беше во затвор


Њујорк- Поранешниот американски претседател  Доналд Трамп за првпат по повеќе од две години синоќа пушти објава на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) , споделувајќи ја својата историска фотографија направена во затворот во Атланта, пренесоа светските агенции. Трамп на објавата со својата затворска фотографија напиша: „Мешање во изборите. Никогаш не се откажувај!“, нудејќи и линк до […]

Американската влада го тужи “Спејс Икс“ за дискриминација на бегалците


Вашингтон – Американското Министерство за правда соопшти дека поднело тужба против компанијата „Спејс Икс“  (SpaceX) , на Илон Маск, заради дискриминација на бегалците. На конкурсите за работа и избор на вработени од септември 2018 до септември 2022 година, „Спејс Икс“ погрешно наведувал дека може да ангажира само американски граѓани и иматели на „зелени карти“ или […]

Почина Клод Руиз-Пикасо, син на легендарниот сликар


Женева – Синот на големиот шпански сликар Пабло Пикасо, Клод Руиз-Пикасо почина во Швајцарија, потврди синоќа неговиот адвокат. Имаше 76 години. Правникот не ја соопшти причината за смртта. Руиз-Пикасо беше фотограф, графички дизајнер и филмски работник. Од 1989 година, синот на Пикасо управува со наследството на сликарот. Во јули објави дека заминува во пензија и […]

Србија, Албанија, Северна Македонија: зошто сè уште не се во ЕУ?


Кога лидерите на ЕУ се состанаа во грчкото одморалиште Порто Карас во јуни 2003 година, тие имаа големи планови за Западен Балкан. Во завршниот документ од состанокот безусловно беше поддржано пристапувањето на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, (Северна) Македонија, Црна Гора и Србија. Сепак, ова ветување не е исполнето до ден денес – 20 години […]

Бајден и Зеленски разговараа за обуката на украинските пилоти на авионите Ф-16, почнува во октомври


Вашингтон  – Во октомври, САД ќе ја почнат летачката обука на украинските пилоти на борбените авиони Ф-16,соопшти Пентагон. Бригадниот генерал и портпарол на Пентагон, Пет Рајдер, изјави дека обуката ќе почне откако украинските пилоти во септември ќе завршат курс по англиски јазик, што ќе се одржи во Аризона, пренесуваат британските медиуми. За почетокот на обуката […]

Ескобар вечераше со Ковачевски, Османи и Маричиќ


Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, , кој престојува во Македонија, синоќа имаше работна вечера со македонскиот премиер , министерот за надворешни работи, и вицепремиерот за европски прашања. На вечерата присуствуваше и американската амбасадорка Ангела Агелер.  Ескобар денеска ја продолжува посетата на државава со средби со премиерот Димитар Ковачевски и […]

Пентагон: САД немаат индиции дека авионот на Пригожин бил соборен со ракети земја-воздух


Вашингтон – Портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, соопшти дека САД немаат индиции дека авионот на шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, што се урна во средата во руската област Твер, бил соборен со ракети земја-воздух. -Оценуваме дека таквите информации се неточни, рече Рајдер и додал дека Пентагон верува дека Пригожин е мртов, но дека […]

Без струја дел од Волково и од улица „Дамаска“


ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Волково и од улица „Дамаска“ во Карпош. Во периодот од 9.00 до 13.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од Волково, општина Ѓорче Петров. Во периодот од 9.00 до 14.00 часот, корисниците од улица „Дамаска“, непарни броеви од […]

Портрети на добитниците на „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ на СВП


Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ ирскиот пеот Гевин Бредли и македонскиот Димитар Башевски денеска продолжува програмата на 62. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Во рамките на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, изложба „200 […]

Почнуваат Деновите на Мајка Тереза


Со изложба на мозаици од ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, Изет Зеќири, денеска почнуваат Деновите на Мајка Тереза. Изложбата насловена „Мајка Тереза – од Скопје во Калкута” ќе биде отворена претпладнево во Спомен-куќата на Мајка Тереза. За утре е предвиден Поетски час на Друштвото на писатели „ОЕНЕУМ“ – Тетово, а на 29 август […]

Ескобар на средби со Ковачевски и Мицкоски, Вашингтон очекува да продолжат евроинтеграциските процеси


Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска ја продолжува посетата на државава со средби со премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По средбата на Ковачевски и Ескобар тие претпладне ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. Ескобар е во дводневна посета на државава, а […]

Трамп беше уапсен и ослободен со кауција


Вашингтон – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се предаде синоќа во затвор во округот Фултон, Џорџија, како дел од судењето против него за обид за кражба на резултатот од изборите во оваа сојузна држава по претседателските избори во 2020 година.  Судијата и окружниот обвинител се согласија судењето да почне на 23 октомври во забрзан процес. Трамп […]

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 25 август 2023 година, 237-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 128 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 52 минути, а ќе зајде во 19 часот и 20 минути. Денов трае 13 часа и 27 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]