Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“- спуштена завесата на престижниот фестивал


Наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва беа врачени на Мостот на поезијата во Струга со што свечено се затвори 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Награди им беа врачени на годинешниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на […]

Влада Урошевиќ во Св. Софија: Чест ми е што можам да се придружам на врвната плејада поети


Tрадиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ, се одржа вечерва во црквата „Св. Софија“ во присуство на претседателот Стево Пендаровски, како ипред бројни гости од земјава и од странство. Влада Урошевиќ е третиот македонски венцоносец, поет од третата повоена македонска поетска генерација […]

Втората смрт на Пригожин во авион


Ова не е прв пат Евгениј Пригожин да биде прогласен за мртов. По падот на авионот „Антонов-72“ во Конго на 10 октомври 2019 година, на големо се пишуваше дека Пригожин е на списокот на патници и дека најверојатно загинал. Тој тогаш не беше светски познат, па целиот настан имаше помало влијание отколку сега. По несреќата, […]

Шелева: Да беше роден во моќна западно-европска земја, Ацо Шопов ќе беше тамошна школска лектира


Одбележување на сто години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов се одржа денес во црквата „Св. Софија“ во Охрид во рамки на 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“. Пред бројните странски и домашни гости свое обраќање имаше литературната критичарка и теоретичарка Елизабета Шелева, која потенцираше дека Шопов е поет од светски ранг. […]

Ангелов: Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола


Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола. Зафатена е поголема површина од најмалку 30-тина хектари од кои поголемиот дел е зимзелена шума, посочи вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. -Постои опасност од ветерот пожарот да се прошири кон селото Ајватовци и сега силите на Противпожарната бригада на град Скопје ќе […]

Алиу ќе учествува на Бледскиот форум


Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу ќе учествува на Бледскиот стратешки форум што утре ќе се одржи во Словенија. Алиу ќе биде дел од министерскиот панел, кој годинава за тема на дискусија ја има „Дигиталната трансформација во регионот на Западен Балкан“. Конференцијата е собир на учесници од различни области за размена на мислења […]

Еве зошто Том Круз потенцијално ја напуштил Скиентолошката црква по 30 години


Лос Анџелес- Во уште еден неочекуван пресврт од приватниот живот на Том Круз, се чини дека можеби има огромна причина зошто актерот номиниран за Оскар потенцијално ја напушти Скиентолошката црква по повеќе од 30 години. За оние кои не знаат, имаше големи шпекулации дека Круз ја напуштил Скиентологијата, а сега, луѓето веруваат дека тоа е […]

Наезда од стаорци околу Колосеумот


Рим – Градските власти во Рим денеска соопштија дека преземаат мерки за сузбивање на наездата на стаорци околу Колосеумот, откако туристите на социјалните мрежи објавија фотографии од глодари во близина на објектот. Директорката на градскиот оддел за собирање ѓубре, Сабрина Алфонси за италијанските медиуми изјави дека синоќа и денеска рано изутрината била започната „специјална интервенција“ […]

Албански државјанин осомничен за напад врз полициски службеници на ГП „Блаце“


 Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен државјанин на Република Албанија, осомничен за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, а Основниот кривичен суд Скопје му определен притвор во траење од 8 дена. Како што информира ОЈО, вчера на граничниот премин „Долно Блаце“, осомничениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле […]

Утре посебен сообраќаен режим во Сарај


Утре во текот на претпладневните часови ќе има посебен сообраќаен режим на автопатот А2, клучка за Сарај и на улицата „Љубин“ во Сарај. Како што информираат од ЕВН Македонија АД, посебниот сообраќаен режим ќе биде воведен поради изведба на проект за демонтажа на енергетскатата мрежа.

Два борбени авиони Ф16 пресретнале цивилно летало во забранета зона каде што летува Џо Бајден


Тахо- Американски воени борбени авиони реагираа на цивилен воздухоплов кој „ја прекршил зоната за привремено ограничување на летовите“ во близина на езерото Тахо, Невада, каде што летува претседателот на САД Џо Бајден, се вели во соопштението на Командата за воздушна одбрана на Северна Америка. Како што објави Си-ен-ен, два авиона Ф-16, како и хеликоптер на […]

Тројца пилоти загинаа во судир на два авиони за борбена обука во Украина


Тројца пилоти загинаа во судир на два авиони за борбена обука L-39 во регионот Житомир во Украина, јави Укринформ цитирајќи го украинското Јавно обвинителство. Започната е кривична постапка на специјализираното обвинителство на одбраната со прелиминарна правна квалификација за прекршување на правилата за лет или подготовка за нив. Според податоците од истрагата, двата авиони за борбена обука […]

На СВП прв пат промовирана поетска антологија посветена на флората


Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и филозоф Иван Џепароски, беше промовирана синоќа во рамки на 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“. Антологијата содржи 167 песни и околу 3 500 стихови. За сите застапени автори, едновремено е подготвена и биобиблиографска белешка како составен дел на книгата. […]

Папа Франциск: Ова се четирите гревови на новинарството


Рим – Папата Франциск ги осуди денеска „дезинформациите“ и лажните вести, кои, во обид да се влијае на јавното мислење, според него, претставуваат „прв грев на новинарството“. „Дезинформациите се првиот од гревовите, од грешките, ајде да го наречеме тоа така – на новинарството“, рече папата за време на аудиенција во Ватикан во рамки на доделувањето […]

Вториот товарен брод го напушти украинското пристаниште и покрај руската блокада


Одеса – Вториот товарен брод денеска исплови од украинското црноморско пристаниште Одеса и покрај руската поморска блокада и едностраната одлука во јули да не се продолжи меѓународниот договор за извоз на жито. Бродот, кој сега се вика „Примус“ и плови под знамето на Либерија, го напушти пристаништето во саботата наутро, според онлајн веб-страницата за следење […]

Нов шумски пожар избувна на територијата на Општина Илинден


Околу 16 часот избувна нов пожар кај селата Бучници и Ајватовци, на територијата на Општина Илинден во борова шума и се шири со голема брзина. Ангажиран е еден Ер трактор за гасење на пожарот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Денеска околу 16:00 часот избувна шумски пожар кај село Бучинци и Ајватовци – општина […]

Зошто војвотката Софи ја задржа свадбената дијадема од 1,25 милиони фунти а Кејт и Меган не 


Лондон– На војвотката Софи ѝ беше дадена привилегија кога се омажи за принцот Едвард што не ја добија другите кралски жени како Меган Маркл и Кејт Мидлтон – и беше дозволено да ја задржи својата свадбена дијадема. Кралските невести обично треба да му ги вратат позајмените свадбени дијадеми на монархот во ОК, но се смета […]

ФИФА го суспендираше Рубиалес поради бакнеж на репрезентативка


ФИФА привремено го суспендираше Луис Рубиалес, претседателот на шпанската фудбалска федерација, од „сите активности поврзани со фудбалот“ поради неговиот бакнеж со репрезентативката Џени Хермосо. „Оваа суспензија, според која му е забрането да игра фудбал и на домашен и на меѓународен план, привремено ќе трае 90 дена, до покренување на дисциплинска постапка“, соопшти ФИФА. Рубиалес одбива […]

Британскиот музеј пронашол дел од 2.000 украдени предмети


Лондон – Се верува дека се украдени околу 2.000 предмети од Британскиот музеј, но некои се пронајдени, објави претседателот на Британскиот музеј Џорџ Озборн. Во изјава за Би-Би-Си, тој призна дека е нарушен угледот на музејот, но рече дека тоа е „хаос што ќе го исчистиме“. Британскиот музеј минатата недела соопшти дека одредени предмети од […]

Двајца повредени при сообраќајна несреќа на стариот пат Куманово-Скопје


Две лица се повредени при сообраќајна несреќа која се случи денеска на стариот пат Куманово-Скопје, во село Никуштак, во близина на депонија. Од МВР за МИА информираат дека според првичните информациите во сообрајќајката учествувале опел астра со кумановски регистерски ознаки и шкода суперб со кумановски регистерски ознаки.  Сообраќајката била пријавена околу 14 часот, а возачите […]