Австралиската полиција пронајде 139 килограми кокаин скриени во луксузни автобуси


Канбера – Две лица се уапсени во Аделаида откако полицијата пронашла 139 килограми кокаин скриени во луксузни автобуси, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на австралиската федерална полиција. Дрогата била откриена кон крајот на минатиот месец во четири луксузни автобуси, дел од меѓународна пратка до Аделаида. Двајца мажи, на возраст од 22 и 19 години, […]

Турција ќе го снабди Египет со дронови


Анкара – Турција одобри испорака на борбени беспилотни летала на Египет, а се очекува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган набрзо да го посети Каиро. – Процесот на нормализација (на односите) е завршен во голема мера. Односите (помеѓу двете земји) се важни за безбедноста и трговијата во регионот, се договоривме да им обезбедиме беспилотни летала. Мора да […]

Мајли Сајрус кралица на Греми: Златна награда и златен изглед


Лос Анџелес– Мајли Сајрус го освои најпрестижното Греми во нејзината кариера кога нејзиниот хит „Flowers“ беше награден за снимка на годината, синоќа, во Лос Анџелес. Песната се најде во категоријата Најдобра поп соло изведба, што значеше дека Сајрус го освои своето прво Греми.   Марк Ронсон и неговата свекрва Мерил Стрипѝ ја доделија наградата, шегувајќи […]

Годишен одмор не можат да си дозволат 55 отсто од Македонците


Над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење не можат да си дозволат 55 проценти од жителите на земјава. Полошо од нас во Европа стојат Албанија каде што 58,3% од граѓаните не можат […]

Тејлор Свифт испиша историја на Греми, еве зошто


Тејлор Свифт ја освои наградата Греми за албум на годината за „Midnights“ од 2022 година на синоќешното доделување на престижните награди во Лос Анџелес, со што стана женски изведувач со најмногу победи во категоријата. Имено, ова и е четврто Греми за албум на годината. Наградата претходно ја доби во 2009 година за „Fearless“, во 2015 […]

Османи во Рим на средба со министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на ЗБ”


Министерот за надворешни работи во техничката Влада, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Италија, каде што ќе учествува на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан и министрите за надворешни работи на државите од Групата „Пријатели на Западен Балкан”, на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио […]

Од денеска штрајк во ФЗО, ќе се работат само неопходните предмети


Вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување од денеска ќе стапат во штрајк. Ќе се извршуваат само неопходните работни задачи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи. Како што информираат од Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при […]

Протест пред Апелација во Белград поради ослободувањето на обвинетите за убиството на Ќурувија


Белград – Пред Апелациониот суд во Белград денеска ќе се одржи протест поради ослободувањето на обвинетите за убиството на новинарот и уредник Славко Ќурувија. -Дваесет и пет години по убиството нарачано и организирано од државата и девет години од почетокот на судењето, убиството на Славко Ќурувија останува неказнето кривично дело, а граѓаните на Србија остануваат без […]

Почина Курт Хамрин, последниот учесник во финалето на фудбалскиот Мундијал во 1958 година


Стокхолм – Почина последниот учесник во финалето на Светското првенство во 1958 година, Курт Хамрин. Поранешниот напаѓач на Шведска имаше 89 години. Хамрин беше последниот учесник во финалето на Светското првенство во 1958 година со Бразил (2:5). Од шведската репрезентација од тој состав жив е само Уве Олсон, кој не играше во финалето. Во текот […]

Украина, руското мешање и земјоделските протести главни теми на сесијата на ЕП


Брисел – Поддршката на ЕУ за Украина, резултатите од минатонеделниот специјален Самит на Унијата, руското мешање и протестите на земјоделците се главни теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур.  Пленарната сесија ќе започне денеска со расправа за новите правила за инстант плаќања во евра, со кои треба да се обезбеди дека префрлените средства […]

Студентите пред МОН ќе протестираат заради доцењето на исплатата на стипендиите и ваучерите за превоз


Студентите денеска ќе протестираат пред Министерството за образование и наука поради, како што велат, неправдите врз нив и против неефикасното работење на ресорното министерство. Преку протест студентите ќе искажат револт од ненавремената исплата на продолжените студентски стипендии, од задоцнетите исплати на ваучерите за превоз, од доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата […]

Сончево и натпросечно топло


Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 5 февруари 2024 година, 36-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 330 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 43 минути, а ќе зајде во 16 часот и 53 минути. Денов трае 10 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

„Операта на шумските животни“ – хуманитарна детска интерактивна музичка претстава во НОБ


Утре (27 јануари) од 12 часот, во Операта ќе се одржи детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“, наменета за публика од шест до 11 години. Идејата, сценариото, режијата, костимографијата и сценографијата се на Десанка Глигоријевиќ. „Операта на шумските животни“ е музичко-драмска претстава која има за цел да ја запознае најмладата публика со оперската […]

Принцезата Александра излезе од сенка на сестра ѝ Шарлот, ѝ требаше само костим на „Шанел“


Париз- Принцезата Александра од Хановер даде стилска изјава со поглед директно од кралскиот плакар на нејзината мајка. Во вторникот, принцезата Александра (24) излезе во Париз за да присуствува на ревијата на високата мода на Шанел пролет/лето 2024 година за време на Модната недела во Париз. Таа носеше црно бел комплет кој можеби изгледа познат, како […]

„50 години творештво“ – ретроспективна изложба на скулпторот Ангел Димовски – Чауш во Чифте амам


  Во Националната галерија, објектот Чифте амам, на 1 февруари 2024 година, во 19.30 часот  ќе се отвори ретроспективната изложба на Ангел Димовски – Чауш насловена „50 години творештво“. Македонската јавност ќе има можност да се запознае со богатиот творечки опус на овој наш уметник кој повеќе децении живее и работи на релација Македонија – […]

„Манчевски: Пет есеи“ и проекција на „Бикини мун“ на 1 февруари во „Лабораториум“


На 1 февруари во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ од 19 часот ќе се одржат два настани во чијшто фокус е творештвото на Милчо Манчевски, најави Филозофското друштво на Македонија (ФДМ). На почетокот ќе биде промовирана публикацијата „Манчевски: Пет есеи“ во издание на ФДМ. „Двојазичното издание Манчевски: Пет есеи (трета книга во едицијата Филмософија) ќе биде промовирано од проф. […]

Промоција на „Рокчето“, прва книга за деца на поетот Никола Маџиров


Новата сликовница „Рокчето“ од познатиот поет Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска, ќе биде промовирана на 30 јануари (вторник), во 19 часот, во новата книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ на првиот кат. Книгата ќе ја промовираат Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски. „Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите […]

За викендот променливо облачно, со повремен дожд и ветер


Во деновите од викенов времето ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), соопшти УХМР. Минималната температура ќе се спушти до -7, а масималната дневна ќе […]

Која е пејачката Реј која освои седум номинации за Брит наградите и влезе во историјата?


Лондон- Објавени се номинациите за 44. BRIT Awards, а меѓу натпреварувачите за престижната награда посебно се истакна едно име. Станува збор за 26-годишната пејачка Реј, која заработи рекордни седум номинации. Музичарката се натпреварува во големи категории, како што е изведувач на годината, а нејзиниот албум „My 21st Century Blues“ е во трка за албум на […]