Принцезата Александра излезе од сенка на сестра ѝ Шарлот, ѝ требаше само костим на „Шанел“


Париз- Принцезата Александра од Хановер даде стилска изјава со поглед директно од кралскиот плакар на нејзината мајка.

Во вторникот, принцезата Александра (24) излезе во Париз за да присуствува на ревијата на високата мода на Шанел пролет/лето 2024 година за време на Модната недела во Париз. Таа носеше црно бел комплет кој можеби изгледа познат, како што претходно го носеше нејзината мајка, принцезата Каролина од Монако пред 34 години. 

Принцезата Каролина, која сега има 67 години, го носеше фустанот во 1990 и 1993 година…пред да се роди принцезата Александра во 1999 година!

Мајка ѝ, тогаш, го стилизираше легендарниот костум на Шанел со црно-бела дамска шапка и црно бели салонки. 

Принцезата Александра носеше црни хулахопки со црни потпетици. Изгледот го комплетираше со два задолжителни аксесоари: нејзиниот iPhone и класична црна Шанел чанта.

Ова беше второ појавување на принцезата Александра на Модната недела во Париз оваа година.

Во понеделникот, таа присуствуваше на Високата мода на Giambattista Valli, пролет/лето 2024 година во долг портокалов фустан. Се чини дека и најмалата од децата на принцезара Каролина од кнежеството Монако го има сенсот за мода и почнува да се појавува на гала настани. 

Принцезата Александра од Хановер е ќерка и единствено дете на принцезата Каролина од Монако и нејзиниот сопруг принцот Ернст-Август од Хановер од кого се раздели во 2009 година. Таа моментално е 13-та во редот за тронот на Монако и нејзината титула доаѓа од страната на нејзиниот татко. Принцот Ернст-Август од Хановер (69) е потомок на кралот Џорџ III од Велика Британија и Ирска. Александра исто така беше во редот за наследување на британскиот престол додека не беше потврдена во Католичката црква во 2018 година.

Во интересен пресврт, принцезата Александра е единственото од четирите деца на принцезата Каролина што има кралска титула. Принцезата Каролин, која е најстарата ќерка на покојниот принц Рение и принцезата Грејс (моминско Кели, американската актерка и оскаровка која стана кралско семејство преку нејзиниот брак), роди три деца за време на нејзиниот втор брак со италијанскиот бизнисмен Стефано Казираги – Андреа, 39 , Шарлот (37) и Пјер (36).

Принцезата Александра ги следи нејзината мајка, постарите браќа и сестра и нивните мали деца во монегашката линија на наследување. Нејзиниот вујко, принцот Алберт, е суверен на Монако.

Принцезата Александра е често присутна на официјалните настани на кралското семејство и лани се појави на Националниот ден на Монако , со мајка ѝ, вујкото и вујната Шарлин, нејзиниот брат и снаа.