Илјадници книги на попуст на четвртото издание на „Денови на литературата“


Со попусти до 60% во сите книжарници на „Литература.мк“ годинава по четврти пат ќе се одржат „Денови на литературата“, од 6 до 20 февруари. Попустите важат и за книгите кои се достапни на е-продавницата www.literatura.mk. Во акцијата се вклучени илјадници книги од голем број македонски издавачки куќи: изданија од „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Антолог“, „Бата прес“, „Бегемот“, […]

Кампања „Радио седмица на македонистиката“ при УКИМ


Од 5 до 11 февруари 2024 се одржува кампања „Радио седмица на македонистиката“ организирана од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којашто е поддржана од повеќе радиодифузери. Како што соопшти МСМЈЛК при УКИМ, кампањата содржи дебати, интервјуа, изјави со домашни и странски македонисти, лектори по […]

„Простор“ – самостојна изложба на романскиот уметник Владимир ПАУН – Врапциу


Самостојна изложба на романскиот уметник Владимир ПАУН – Врапциу со наслов „Простор“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата „ОСТЕН“, во Скопје. На отворањето најавено е обраќање на амбасадорката на Романија, Моника Аксинте. „Простор“, како што наведуваат од галеријата, претставува проект во развој кој постојано добива нови форми и димензии, како што всушност […]

Без струја делови од општините Аеродром, Карпош и Сарај


  ЕВН Македонија известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Сарај. Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче, улица 10 и улица 12 во општина Аеродром ќе бидат без струја, а во периодот од 09.00 до 10.30 часот, корисниците од Средно […]

Во Анкара ќе се бараат информации што треба да се направи за екстрадиција на Палевски


Делегација предводена од министерот за правда Кренар Лога на 8 февруари ќе престојува во Анкара каде ќе има средби со официјалните турски претставници, а едно од прашањата за коишто ќе се разговара е екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Техничкиот премиер Талат Џафери во интервју за МИА вели […]

Во Рио де Женеиро прогласена вонредна здравствена состојба во пресрет на карневалот


Рио Де Женеиро – Властите во бразилскиот град Рио де Женеиро прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради појава на Денга треска, само неколку дена пред почетокот на карневалот низ Бразил. И покрај тоа, не се очекува епидемијата да го наруши карневалот, кој официјално почнува во петок навечер и ќе трае до 14 февруари. Градското […]

Претежно сончево со мала локална облачност и тивко


Наутро со услови за појава на мaгла понекаде во котлините. Преку денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степени. Во Скопје претежно сончево со мала […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 6 февруари 2024 година, 37-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 329 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 42 минути, а ќе зајде во 16 часот и 54 минути. Денов трае 10 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Се разбира, и Мерил Стрип беше на Греми


Лос Анџелес– Иако секое појавување на Мерил Стрип е подарок за сите нас, многу луѓе се чудеа прашувајќи се зошто легендарната актерка се појави синоќа на 66. Греми награди во Лос Анџелес. Некои веруваа дека тоа е затоа што нејзината ќерка Грејс Гамер, исто така, присуствуваше да го поддржи нејзиниот сопруг музичар Марк Ронсон, но […]

Најмногу Греми, а никогаш не го освоила за албум на годината


За време на синоќешната церемонија на Греми, во Лос Анџелес,  Шон „Џеј Зи“ Картер ја прими втората досега награда „Др. Дре за глобално влијание“, откако самиот Дре ја однесе оваа чест во 2023 година , но и да укаже на неправдата за неговата сопруга, поп-ѕвездата Бијонсе. Но, откако им се заблагодари на своите колеги и […]

„Ју ту“ со историски настап на Греми од „Сферата“ во Лас Вегас


U2 се појавија на сцената на Греми во 2024 година во неделата вечер со, како што продуцентите го нарекоа, изведба што испишува историја. Ирската рок група го изведе „Atomic City“ од Сферата во Лас Вегас, со што беше прв ТВ пренос на ново место. Претставувајќи го бендот, водителот на Греми, Тревор Ноа, истакна дека тоа […]

Славе Ѓорѓо Димоски: Моето литературно зреење е врзано за Прличев


Наградата што го носи името на Григор Прличев е за мене исклучително значајна оттаму што моето литературно зреење е врзано за Прличев. Уште како ученик од четврто, петто одделение ја прочитав прличевата „Автобиографија“ и оттогаш сум цврсто врзан со Прличев, изјави денеска Славе Ѓорѓо Димоски, годинешниот лауреат на наградата за најдобра поема што го носи […]

Легендарната Мирјана Карановиќ како Марлен Дитрих гостува во Филхармонија


Легендарната српска актерка Мирјана Карановиќ во улогата на контроверзната фaм фатал Марлен Дитрих ќе гостува на 3 март на сцената на Македонската филхармонија со претставата „Марлена“. Претставата е во продукција на Народно позориште Сараево, а режисер е Харис Пашовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа. – Уметноста не може да биде удобна […]

МСУ слави 60 години од основањето со ретко дело „Доблест во нужност“ на Барукело


Музејот на современа уметност, викендов, на 10 февруари, слави 60 години од основањето. Во таа чест, после 35 години,  ќе биде изложено делото „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело (1924 –2023). Ексклузивното изложување на делото, како што велат од МСУ, е во чест на одбележувањето на 60 години од основањето на 11 […]

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова во њујоршка МоМА


Музејот на модерната уметност во Њујорк (МоМА) ја објави својата престижна програма „Док фортнајт 2024“, а еден од само тринаесетте селектирани долгометражни филмови е и „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова. МоМА ја претставува селекцијата како програма од најдобрите филмови реализирани минатата година, кои ќе бидат прикажани за првпат во Северна Америка, вклучувајќи и филмови […]

Одбројуваме до саботното музичко цунами – концертот на Јелена Розга


Сабота 10 февруари е датумот и денот резервиран за најголемиот аудиовизуелен настан во месецот на љубовта и виното – концертот на една од најголемите музички ѕвезди во регионот Јелена Розга. Организаторот Скајмјузик продукција, регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали, најавува вистински спектакл, а во нивната лабораторија веќе се подготвени повеќе од 400 […]

Тажен викенд за Пере од „Нокаут“ и Перо Камиказа од „Меморија“


Овој викенд беше тажен за двајца познати музичари, двајца лидери на едни од најпознатите македонски поп-рок бендови  кои остаа без еден од своите родители.   Основачот и лидер  на култната македонска рок група„Меморија“, Петар Георгиевски, познат како Перо – „Камиказа“ остана без својот татко Ристо, кој почина во сон, во длабока страост на 97 годишна возраст. Перо […]

Малта, Норвешка, Украина и Шпанија ги избраа претставниците за Евросонг (видео)


Четири земји викендов ги избраа нивните претставници на 68. издание на Евросонг што ќе се одржи во мај во Малме, Шведска. Сара Боничи, „Гејт“, Алиона Алиона и Џери Хејл, како и Небулоса ќе ги претставуваат овие земји на големиот музички натпревар. Нивните песни ги носат насловите „Луп“ (Loop), „Улвехам“ (Ulveham), „Тереза и Марија“ (Teresa & […]

Селин Дион се појави на Греми додека се бори со неизлечива болест


Селин Дион ги изненади гостите и учесниците на Греми со своето појавување на крајот на церемонијата за да ја додели последната награда за албум на годината. Музичката икона беше надвор од центарот на вниманието откако во декември 2022 година откри дека има синдром на вкочанета личност – прогресивно невролошко нарушување кое влијае на мозокот и […]

Хеликоптер на руското Министерство за вонредни ситуации се урна над Карелија


Москва – Хеликоптер Ми-8 на руското Министерство за вонредни ситуации се урна кај езерото Онега во северна Карелија со тројца членови на екипажот, соопшти денеска Министерството, додавајќи дека во тек е подводна потрага. „Хеликоптерот беше на тренажен лет“, објави Министерството на апликацијата за пораки Телеграм. „Хеликоптерот беше управуван од искусен екипаж со илјадници часови лет“, […]