Автобусите на ЈСП утре и в сабота по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии


Поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, соопштија од ЈСП Скопје. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. По неделен возен ред ќе се вози и в сабота, на 20 јануари, …

Автобусите на ЈСП утре и в сабота по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии Read More »

Заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, спасувачката акција траела три часа


Неколку лица утрово заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Заглавените побарале помош на бројот 112, по што акцијата на ЦУК траела три часа – од 5 до 8 утрово. Патниот правец на кој се наоѓале заглавените лица подолго време бил затворен за моторни возила. „Веднаш се известени …

Заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, спасувачката акција траела три часа Read More »

По седум години пауза, отворен Лекторат по македонски јазик во Тирана


На Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, вчера беше отворен Лекторатот по македонски јазик, на иницијатива на Меѓународниот семинар за македонски, јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје. На свечената церемонија обраќања имале ректорот на Универзитетот во Тирана проф. д-р Артан Хоџа, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана …

По седум години пауза, отворен Лекторат по македонски јазик во Тирана Read More »

Од 1 февруари еврото ќе биде единствена валута за готовина и платежни трансакции на Косово


Приштина – Централната банка на Косово (ЦБК) донесе уредба според која, од 1 февруари единствена валута за готовина и платежни трансакции ќе биде еврото. Во тој указ се наведува дека ваквата уредба е донесена во согласност со Уставот на Косово и законот на Централната банка на Косово и дека ЦБК е единствената „монетарна власт која …

Од 1 февруари еврото ќе биде единствена валута за готовина и платежни трансакции на Косово Read More »

НАТО најавува за идната недела најголема воена вежба во изминатите неколку децении


Брисел – Околу 90.000 војници ќе учествуваат во вежбата на НАТО „Steadfast Defender 2024“, најголема во изминатите неколку децении, што ќе почне следната недела и ќе трае до мај, најави денеска врховниот командант на силите на НАТО за Европа, Крис Каволи. „Алијансата ќе ја покаже својата способност да ги зајакне евроатлантските области со трансатлантското движење …

НАТО најавува за идната недела најголема воена вежба во изминатите неколку децении Read More »

Четиригодишно дете од Струмица во тешка состојба по физички напад


Четиригодишно дете од Струмица во тешка здравствена состојба по физички напад, вчера било донесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во 02.30 часот вчера во СВР Струмица било пријавено дека во струмичката Општа болница во 00.58 часот, во тешка здравствена состојба, било донесено четиригодишно дете. Тоа …

Четиригодишно дете од Струмица во тешка состојба по физички напад Read More »

Во последен момент случајот „Ласкарци“ спасен да не почне од почеток


Судскиот совет на денешната итна 474-та седница донесе одлука новоизбраната судијка во скопска Апелација, Александра Ристеска, времено да биде упатена во Основниот кривичен суд Скопје, сѐ до објавувањето на пресудата за случајот „Ласкарци“. Ристеска е член на судечкиот совет за предметот „Ласкарци“, поради што постеше опасност од враќање на предметот кој трае повеќе од четири години …

Во последен момент случајот „Ласкарци“ спасен да не почне од почеток Read More »

Викендов да се вози внимателно, се најавуваат обилни врнежи снег


По најавата на УХМР дека следните денови се очекува значителна промена на времето со обилни врнежи од снег и ниски температури, ЈП „Македонија пат“ апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат законскaта одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот. Како што …

Викендов да се вози внимателно, се најавуваат обилни врнежи снег Read More »

Почина Југослав Тодоровски, поранешен градоначалник на Скопје


По долго и тешко боледување, вчера почина поранешниот градоначалник на Скопје, Југослав Тодоровски. Тодоровски беше градоначалник на Скопје во периодот од 1986 до 1991 година. Претходно бил на повеќе државни функции. Погребот ќе се изврши в петок на Градските гробишта – Бутел, а последна почит ќе биде оддадена од 11 часот во капелата на гробиштата. …

Почина Југослав Тодоровски, поранешен градоначалник на Скопје Read More »

М-НАВ со нови директори, Надзорниот одбор го прифати предлогот на Владата


Хекуран Асани и Милан Кораќ следната недела стапуваат на новата функција директори во М-НАВ, дознава „Телма“. Надзорниот одбор на денешната седница го прифати предлогот на Владата донесен на седницата одржана на 9 јануари и ги разреши досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски. Третиот директор во државната компанија, Хасим Деари, ја задржа својата функција. Поради …

М-НАВ со нови директори, Надзорниот одбор го прифати предлогот на Владата Read More »

„Веселите девојки“ : Мјузикл со Тијана Дапчевиќ доаѓа во Скопје


Урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен, кончено во Скопје. Музичко-сценскиот спектакл ,,Веселите девојки’’ во режија на Раде Вукотиќ, а во кој настапува и Тијана Дапчевиќ, на 23 март ќе биде изведен на сцената во Македонска Филхармонија.    Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои …

„Веселите девојки“ : Мјузикл со Тијана Дапчевиќ доаѓа во Скопје Read More »

Едно лице повредено во експлозија на плинска боца во центарот на Куманово


Едно лице е повредено од експлозија на плинска боца  што се случила попладнево на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, соопштија надлежните од кумановската Општа болница и Единицата за територијалната противпожарна заштита (ТППЕ) Куманово.  Според податоците на надлежните, при експлозијата е повредено 30 годишно лице, кое по првичната помош во кумановската болница поради сериозноста на повредите …

Едно лице повредено во експлозија на плинска боца во центарот на Куманово Read More »

Градинката „Пролет“ во Центар го доби финалниот изглед


Градинката Пролет, го доби финалниот изглед. Денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски направи увид го градежните работи на градинката која треба да згрижи нови 150 дечиња од населбите Пролет и Маџир Маало. „Градежните зафати во градинката Пролет течат одлично. Фасадата која е енергетски ефикасна е веќе завршена и периодов се работи на внатрешноста. Преградните …

Градинката „Пролет“ во Центар го доби финалниот изглед Read More »

Промоција на ново винил издание на ПМГ Џез „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“


Оваа сабота, 20-ти јануари, во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во 21 часот ќе се реализира промотивен музички настан на кој ќе се претстави новата винил компилација на македонска музика „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“ издадена за ПМГ Џез. Уште еден музички запис на винил кој ќе остане како историски документ на современата македонска авторска џез, …

Промоција на ново винил издание на ПМГ Џез „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“ Read More »

Поради снежната бура стотици летови откажани на аеродромот во Франкфурт


Франкфурт – Стотици летови на аеродромот во Франкфурт во Германија се откажани денеска, еден ден откако поради зимска бура накратко беа прекинати полетувањата и слетувањата. Повеќе од 300 од околу 1.000 планирани летови за денеска на аеродромот во Франкфурт се откажани, изјави портпаролката на аеродромскиот оператор Фрапорт. Авиони полетуваат и слетуваат на аеродромот, но воздушниот …

Поради снежната бура стотици летови откажани на аеродромот во Франкфурт Read More »

Политико: ЕУ не се засити од вакцината против Ковид, смислуваат нов план за нарачка


Брисел – И покрај сите контроверзи, на Европската унија не се засити од вакцини против Ковид, пишува Политико. ЕУ подготвува тендер за речиси 150 милиони дози mRNA вакцини против Ковид, а голема е веројатноста дека новиот договор ќе биде доделен на Модерна. Времето на објавување на тендерот според многумина не е соодветно. Бидејќи заканата од …

Политико: ЕУ не се засити од вакцината против Ковид, смислуваат нов план за нарачка Read More »

Наскоро тендер за новата клиничка болница во Штип, кривична пријава за грчката фирма што досега го градеше објектот


Нова тендерска постапка за доизградба на Клиничката болница во Штип ќе биде објавена наскоро, а средствата за негово комплетирање ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Веќе е покрената кривична постапка против грчката фирма „Интеркат“ која пред осум години почна да го гради објектот, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. -Постапката ќе биде објавена многу …

Наскоро тендер за новата клиничка болница во Штип, кривична пријава за грчката фирма што досега го градеше објектот Read More »

Џеф Бриџес лауреат на наградата „Чаплин“ за 2024


Џеф Бриџес е именуван за добитник на  наградата Чаплин во 2024 година што ја доделува Линколн Центарот. Досегашни добитници на престижната награда се и Алфред Хичкок, Сидни Поатје, Барбара Стрејсенд, Мартин Скорсезе, Мерил Стрип, Спајк Ли, Кејт Бланшет и Виола Дејвис, која ја доби наградата Чаплин во 2023 година.  Оскаровецот, ѕвезда на „Crazy Heart “ …

Џеф Бриџес лауреат на наградата „Чаплин“ за 2024 Read More »

САД: Камион на заледен автопат усмрти пет лица кои оделе пеш откако доживеале судар


Вашингтон – Пет лица загинаа кога камион ги покоси среде заледен автопат во североисточна Пенсилванија, додека се движеле пеш откако ги оставиле своите возила поради судир, соопшти денеска американската полиција. Загинатите се лица кои се превезувале со комбе кое поради снегот се лизнало и удрило во оградата на патот, и од автомобилот кој удрил во него. …

САД: Камион на заледен автопат усмрти пет лица кои оделе пеш откако доживеале судар Read More »