М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември


Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ,  по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона. Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде […]

Питомци од Воената академија побарале лекарска помош на Инфективна, едно задржано


Директорот на Клиниката за инфективни болести Фадил Цана во изјава за МИА вели дека 10 лица побарале лекарска помош и сите имале лесни симптоми, освен едно лице кое е задржано на лекување, но е во добра здравствена состојба. Останатите по укажаната медицинска помош се вратени во Академијата. Информацијата ја потврдија и од Министерството за одбрана […]

„Јазик за двајца“: Концертна промоција на нова поетска книга од Пијан Славеј


Концертна промоција на новата поетска книга од Пијан Славеј, „Јазик за двајца“, ќе се случи утре (сабота) од 20 часот во Цреша бар во Скопје. На концертната промоција ќе свират „Пијан славеј“. „Пијан Славеј е поет што пишува песни што се пеат и онакви што плачат да бидат испеани. И без разлика дали ќе бидат […]

Ера на дежа ву фустани на црвениот килим


Ништо не го надминува оригиналот – особено ако го носела икона. На доделувањето на видео музичките награди на MTV на 11 септември, Сабрина Карпентер се освои вонземјанин, но имаше и момент надвор од овој свет на црвениот тепих. Пејачката на „Еспресо“ извлече од модните архиви  фустан со презрамки на Боб Меки, со V-деколте – покриен […]

Карди Б се породи со третото дете во ек на развод


  Карди Б и Офсет штотуку го дочекаа своето трето бебе заедно. Двојката, која ја објави својата разделба во текот на летото, сподели дека раперот родила девојче на 7 септември. На главната фотографија се гледа како Карди го држи своето бебе. Други фотографии го прикажуваат Офсет и нивните две деца Вејв (3) и Култур (6) […]

ДПМ во понеделник ќе ги соопшти добитниците на традиционалните годишни награди


Друштвото на писатели на Македонија соопшти дека во понеделник ќе ги обзнани добитниците на традиционалните годишни награди. – Во понеделник во 11 часот во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи прес-конференција за медиумина која ќе бидат обзнанети добитниците на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2023 година, чијшто конкурс минатата година […]

Министерот Љутков на билатерална средба со бугарскиот министер за култура Тодоров и на операта „Набуко“


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска престојува во посета на Република Бугарија, како дел од делегацијата предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски. Во рамките на посетата, како што соопшти Министерството за култура, министерот Љутков претпладне ќе оствари прва билатерална средба со министерот за култура на […]

Харис смета дека на избирачите им должат уште една претседателска дебата


Вашингтон – Претседателската кандидатка на Демократската партија и актуелна американска потпретседателка, Камала Харис, на партиски митинг во Северна Каролина, една од американските држави клучна за исходот од ноемвриските избори, синоќа изјави дека верува дека на гласачите им должи уште една дебата.  Неколку анкети на јавното мислење покажаа дека Харис со својот настап го победи републиканскиот противкандидат […]

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“


Со доделување на наградата за високо актерско достигнување вечерва во Струмица ќе заврши 32. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Фестивалското жири, кое го предводи ланскиот лауерат, актерот Јордан Симонов, режисерот Александар Ивановски и драматургот Билјана Крајчевска, вечерва пред полноќ треба да одлучи кому ќе му припадне златниот медалјон со ликот на […]

На 63 години почина Чад Меквин- беше многу повеќе од син на познат татко


Тој беше многу повеќе од син на познат татко. По животот кој вклучуваше трки во Ле Ман и Дејтона и самостојно глумење во филмови, Чад Меквин, да, синот на Стив, почина на 63-годишна возраст. „Со тешко срце ја објавуваме смртта на нашиот татко Чад Меквин“, се вели во соопштението на неговото семејство. „Неговото извонредно патување […]

Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната денеска, ќе се замрзнуваат цените или ќе се ограничат маржите


 До денеска, според најавите од Министерството за економија и труд, треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог – одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите […]

Сиљановска Давкова во посета на Софија, прва средба со бугарскиот претседател Румен Радев


Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе биде во посета на Софија, каде ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џуепе Верди, во изведба на Националната опера и балет. Во рамки на посетата, Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба и со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Во македонската делегација ќе биде министерот за […]

ПСЖ мора да му исплати 55 милиони евра на Мбапе, клубот одби и бара судење


Париз – Правната комисија на француската фудбалска лига му наложи на ПСЖ да му плати на Килијан Мбапе 55 милиони евра неисплатени плати, соопшти денеска лигата. Лигата ја донесе одлуката еден ден откако Мбапе ја одби понудата комисијата да посредува во спорот со неговиот поранешен клуб. Актуелниот француски првак, меѓутоа, ја оспори одлуката на раководството на […]

Облачно со локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), грмежи и силен ветер (над 70 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а […]

Инвеститорски ден на Берзата


Македонска берза денес ќе одржи Инвеститорски ден. Ќе се вкучат Централниот депозитар за хартии од вредност, сите десет членки на Берзата, а иницијативата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.  Одржувањето на Инвеститорскиот ден, што се одржува петти пат, значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат […]

Нови обвиненија против Вајнстин


Вашингтон– Обвинителството во Менхетен соопшти дека се подигнати нови кривични обвиненија против филмскиот продуцент Харви Вајнстин, обвинет за сексуални престапи, пред неговото повторно судење во Њујорк. Дополнителните обвиненија во моментов не се достапни за јавноста. Вајнстин заздравува по итна операција на срце извршена на 9 септември во болница во Менхетен и не беше на денешното […]

Астрономски календар


Денеска е петок 13 септември 2024 година, 257-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 109 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 12 минути, а ќе зајде во 18 часот и 46 минути. Денов трае 12 часа и 34 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Двајца загинати во сообраќајната несреќа близу Гостивар


Две лица починале од повреди здобиени во сообраќајната несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Од СВР Тетово информираат дека во тек е увид на местото на несреќата и сообраќајот се пренасочува по околните патни правци и локални патишта. – Во судар на патничко возило со гостиварски ознаки и камион со […]

Дефект на трафостаница остави 30 часа дел од Тетово без електрична енергија


Дел од Тетово во правец и во околината на основното училиште ,,Андреја Савески-Ќиќиш” над 30 часа беа снабдување со електрична  поради дефект на трафостаница. Струја во овие домаќинства снемало на пладне во средата, а снабдувањето продолжило од вечерва по 18 часот и 30 минути.   -Поради испад на среднонапонски блок, вчера без напон со електрична […]

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми


Од почетокот на летово во земјава изгореле површини на повеќе од 85.000 хектари, покажуваат податоците кои ги објави Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), компонента на службата за управување со вонредни ситуации Коперник. Голем дел од овие површини беа и шуми, како што беа случаите на планините Серта, Галичица, Мукос и други. Точната бројка […]