ПСЖ мора да му исплати 55 милиони евра на Мбапе, клубот одби и бара судење


Париз – Правната комисија на француската фудбалска лига му наложи на ПСЖ да му плати на Килијан Мбапе 55 милиони евра неисплатени плати, соопшти денеска лигата.
Лигата ја донесе одлуката еден ден откако Мбапе ја одби понудата комисијата да посредува во спорот со неговиот поранешен клуб.
Актуелниот француски првак, меѓутоа, ја оспори одлуката на раководството на Лигата и спорот ќе се решава на суд.
Францускиот репрезентативец Мбапе ова лето се пресели од ПСЖ во Реал Мадрид.