Нови обвиненија против Вајнстин


Вашингтон– Обвинителството во Менхетен соопшти дека се подигнати нови кривични обвиненија против филмскиот продуцент Харви Вајнстин, обвинет за сексуални престапи, пред неговото повторно судење во Њујорк.

Дополнителните обвиненија во моментов не се достапни за јавноста. Вајнстин заздравува по итна операција на срце извршена на 9 септември во болница во Менхетен и не беше на денешното рочиште.

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, на неодамнешното судско сослушување откри дека обвинителите почнале да презентираат докази пред големата порота за три дополнителни обвиненија против Вајнштајн од средината на 2000-тите.

Вајнстин се соочува со повторно судење во ноември, откако неговата пресуда за силување во Њујорк во 2020 година и 23-годишната казна беа поништени во април.

Сè уште е непознато дали новите обвиненија ќе бидат опфатени во повторното судење, како што се надеваат обвинителите или судот ќе ги третира како посебен предмет.

Вајнстин (72), коосновач на филмската и телевизиската продукциска компанија Мирамакс, тврди дека секоја сексуална активност била со согласност.