Израел: Oсум од 33 заложници кои треба да се ослободат се мртви


Газа – Израел денеска соопшти дека списокот на палестинската група Хамас покажува дека осум од 33-та заложници што требаше да бидат ослободени во првата фаза од прекинот на огнот во Газа се мртви. Портпаролот на владата Дејвид Менцер денеска изјави дека Хамас информирал дека другите 25 се живи. Израел синоќа соопшти дека добил список од […]

Петер Соренсен именуван за нов специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина


Брисел – Советот на ЕУ денеска на предлог на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас го именуваше данскиот дипломат Петер Соренсен за нов специјален претставник на Унијата за дијалогот Белград-Приштина.  Како што соопшти Советот, задачата на Соренсен ќе биде да го олесни дијалогот што ќе придонесе за сеопфатна нормализација на односите […]

Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција


 Во Министерството за внатрешни работи денеска беше извршено примопредавање на опрема за борба со нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје. Опремата, како што соопшти МВР,  ќе се користи во одделите за граничната и криминалистичката полиција. Опремата е донирана во рамки на проектот „Поддршка за зајакнување на борбата против нелегалното поседување, злоупотреба […]

Лувр за прв пат ги отвори вратите за модата со спектакуларна изложба


Париз- Во текот на неговата легендарна модна кариера, Карл Лагерфелд тврдеше дека „Уметноста е уметност, модата е мода“. Но, новата изложба „Лувр Couture, Art and Fashion: Statement Pieces“ може само да докаже дека покојниот германски моден дизајнер греши. На изложбата, која ќе трае до 21 јули, учествуваат 45 дизајнери – од Шанел и Баленсијага до […]

Почина Константин Коце Икономов, гитаристот на „Безимени“, „Бис-Без“ и „Мањифико“


  Mузичарот Константин Икономов – Коце,  гитаристот на култните македонски групи „Безимени“ , „Бис-Без“ и  „Мањифико“ и долгогодишен член на Ревискиот оркестар на МРТ, почина вчера во Скопје по кусо боледување. Имаше 78 години. Икономов важи за еден од основоположниците на македонската рок-сцена. Роден во 1946, музиката ја засакал од мал, па по завршувањето на […]

Меѓународниот семинар за македонски јазик ќе чествува годишнини на пет книжевни великани


Македонисти од 18 земји од светот ќе учествуваат на Петтата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје која се одржува онлајн од денеска до 1 февруари.  Како што информира УКИМ, учесници се македонисти од  Австралија, Албанија, Бугарија, Италија, Монголија, Кина, Полска, Романија, […]

Безвремената џез и поп музика на Квинси Џонс го крена Скопје на нозе (фото)


  Концертот насловен „Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones!” , како почеток на новата концертна сезона на Националниот џез-оркестар, беше музичко совршенство, во петокот вечер, во Филхармонија, на која му се оддаде почит на огромниот и влијателен биг-бенд опус на музичкиот гениј Квинси Џонс, кој почина на 3 ноември, 2024, во Бел-ер, на 91 година.  Од […]

„Народен пратеник“ на Нушиќ  и Егон Савин ја собраа културната елита во МНТ


Автори, актери и режисери се собраа викендов во МНТ, на премиерата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин, со што започна одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар. Во претставата играат Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска.   Култното режисерско име Егон Савин […]

Синер го одбрани трофејот на Австралија Опен


Мелбурн – Јаник Синер владее со светскиот тенис и ја одбрани титулата од Гренд слем турнирот во Мелбурн откако победи во меч против Александар Зверев со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3). За Италијанецот ова е трет трофеј од ,,големата четворка”. Светскиот рекет број 1 докажа дека моментално е многу тешко да биде победен во финалиња на големите […]

Премиерна изведба на „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ во МНТ


 Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар вечерва ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Во претставата играат Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. – Култното режисерско име Егон Савин се враќа во […]

18 тажни години без Тоше- Љутков ќе го посети Спомен домот во Крушево


Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска на Гумење во Крушево ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Бројни фанови и поддржувачи на Тоше од земјава и странство ќе го посетат неговото вечно почивалиште на […]

Синер за финалето со Зверев: Ќе биде голема битка


Мелбурн, 24 јануари 2025 (МИА) – Бранителот на титулата на Австралија опен, Јаник Синер ( кој моментно е под истрага за допинг) се пласираше во финалето во Мелбурн, откако го совлада Американецот Бен Шелтон со 7-6 (2), 6-2, 6-2 за 2 часа и 36 минути на теренот. – Мило ми е што успеав и благодарам […]

Раде Шербеџија со „Зајди, зајди“ на зајдисонце го најавува концертот во Филхармонија (видео)


Шансониерот и актер со холивудска славаа, Раде Шербеџија доаѓа во Скопје, на 1 февруари во Македонска филхармонија со проектот ,,Због тебе, због себе, због других’’, со репертоар во кој ќе ги има сите класици, како ,,Не дај се Инес’’, ,,Мени се душо од тебе не растаје’’, ,,Чекај ме’’, ,,Имам пјесму за тебе’’ и многу други, […]

Започнува Сити базар – јануарска викенд приказна


  На 25 и 26 јануари ќе се одржи „Сити базар – јануарска викенд приказна“ на првиот кат во Скопје Сити Мол, на кој ќе се претстават 17 занаетчии со органски производи од мед, еколошки восочни продукти, накит, чанти и аксесоари од керамика и кожа. На базарот ќе земат учество брендовите: Ателје Tara Fashion, VGJ Art, Irena’s bouquets, од пчеларското здружение „Природен мед“ земаат […]

Елегантен и привлечен, вели „Холивуд репортер“ за „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски


„Елегантен и привлечен“, „Инспиративна приказна за созревањето…“ вели прочуеното филмско списание „Холивуд репортер“  во рецензијата за дебитантскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски, кој синоќа премиерно беше прикажан на фестивалот  Санденс во Парк Сити, Јута, во конкуренција за награди на програмата Светски филм. „Холивуд репортер“ е меѓу трите најголеми светски филмски списанија, заедно со „Вараети“ […]

Ексклузивен концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ на 19 февруари во Филхармонија


На 19 февруари во 20 часот, во камерната сала на Македонската филхармонија, во организација на Фејмс Институтот, ќе се одржи уникатен музички спектакл насловен „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ кој ќе ја спои магијата на џипси музиката со модерниот оркестарски израз. Под диригентската палка на реномираниот диригент Тимоти Редмонд, концертот ќе понуди богата програма која опфаќа […]

Кој гласа за Оскарите?


САД- Наградите на Академијата се изгласани од Академијата за филмски уметности и науки, огромна група професионалци од индустријата со вкупно повеќе од 10.000 членови, со речиси 9.500 право на глас. Ова е речиси 65% зголемување во однос на пријавениот вкупно членство со гласање пред една деценија, делумно благодарение на иницијативите на Академијата да покани повеќе жени, […]

Бугарскиот писател Николај Терзијски доаѓа во Скопје


Современиот бугарски писател Николај Терзијски ќе гостува во Скопје по повод книжевната промоција на македонското издание на неговиот роман „Ѕвезди под клепките“, во превод на Виолета Танчева-Златева. Промоцијата ќе се одржи на 30.1.(четврток), од 19 часот, во скопската Јуроп хаус. „Веќе наредниот ден, на 31.1. (петок), Николај Терзијски ќе го заокружи својот престој со средба […]

Тимоти Шаламе стана најмладиот двапати номиниран за најдобар актер по Џејмс Дин


Кога 29-годишниот Тимоти Шаламе ја заработи својата втора номинација за Оскар за улогата на младиот Боб Дилан во „A Complete Unknown“, тој зачекори во еден од најретките клубови во историјата на Оскар: Мажите кои претходно добиле две номинации за водечки актер, пред да наполнат 30 години. Последниот актер кој го постигна овој подвиг беше Џејмс […]

СЗО воведува мерки за штедење поради повлекувањето на САД


Женева – Светската здравствена организација (СЗО) донесе одлука за „замрзнување“ на вработувањата и значително намалување на трошоците за патувања како одговор на повлекувањето на Соединетите Американски Држави од организацијата, кои се нејзиниот најголем финансиски донатор, се наведува во интерна порака испратена до персоналот. „Како што знаете, Соединетите Американски Држави објавија повлекување од СЗО. Жалиме за […]