„Завод и музеј“ Струмица доби 6, 49 милиони денари за годишната програма


 НУ „Завод и музеј“ Струмица за оваа година ќе располага со зголемен буџет за повеќе од 2 милиони денари во споредба со лани за реализирање на програмските активности на музејската дејност, како и на секторот за заштита и конзервација на недвижното културно наследство финансиран од страна на Министерството за култура и туризам и тој изнесува […]

Врвни дела од визуелните уметности во Чифте амам – медиумска обиколка на изложбата „Остен биенале Скопје 2024 и 80 години Остен“


Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје, денес, организираше приватна обиколка за медиумите на изложбата „Остен биенале Скопје 2024 и 80 години Остен“, во чест на грчките добитници на наградите: Тодорис Трампас доби посебно признание од жирито, Пантелис Цацис ја освои наградата „Златен Остен“, додека пак групата Баф освои посебна награда од Остен […]

Поевтинуваат бензините и дизелот


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денар по литар, соопшти Регулаторната комиисја за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 79,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се […]

Почина Хајрула Исмаил – Аљо, басистот на култната група „Лева патика“


Замина уште една урбана скопска, но и македонска музичка легенда. Почина Хајрула Исмаил Аљо, врвен македонски музичар, кого јавноста најмногу го паметеше како басист на култната група „Лева патика“. Животот го продолжи со проектите за внатрешен дизајн за кои беше исклучително баран.  Иако свирел во повеќе македонски групи, како „Чуден крој“ на пример, сепак ќе […]

Олгица Ѓоргиева за ангажманот во Романската опера и балет : „Пепелашка“ ме врати на сцената


Со моден дизајн се занимавам од 2007 година.Одлуката да се занимавам со оваа професија е мојата најисправна одлука! До денес јас се уште одам со возбуда на работа и со нетрпение чекам да видам што ќе донесе наредниот ден. Колку и да сакав да ја разделам Олгица како моден дизајнер и Олгица како личност едноставно […]

Уште една графичка новела во ТРИ: „Големите пространства“ од Катрин Мерис


  Издавачки центар ТРИ продолжува да ја следи европската книжевна сцена и во домашно издание на македонски јазик ја објави популарната графичка новела од француската авторка и илустраторка Катрин Мерис со наслов „Големите пространства“. Книгата е во превод на Офелија Ковиловска, од оригиналниот француски текст. „’Големите пространства’ е прекрасен потсетник дека уметноста и природата – […]

Црвениот килим на наградите САГ (фото)


Лос Анџелес– Актерите синоќа беа облечени за да импресионираат на 31. Screen Actors Guild Awards . Сите очи беа вперени во Деми Мур, која не само што освои награда во категоријата главна женска улога, туку и на црвениот тепих. Од нејзиниот фустан без прерамки Armani Privé, украсен со Сваровски, на доделувањето на Златните глобуси до […]

Џејн Фонда повика на храброст „за она што доаѓа“ на наградите САГ


Лос Анџелес– Џејн Фонда стана 60-тиот добитник на највисокото признание на SAG-AFTRA, наградата за животно дело SAG за достигнувања во кариерата и хуманитарните достигнувања, и ја искористи можноста да одржи страстен говор кој јасно беше повик за отпор против администрацијата на Трамп. Актерката, чија работа се протега повеќе од шест децении, соодветно го искористи нејзиниот […]

Од „Конклава“ до Тимоти Шаламе: Фелата ги награди најдобрите во Холивуд


Психолошкиот трилер за изборот на нов папа, „Conclave“, триумфираше на 31-то доделување на САГ наградите синоќа, на Здружението на филмски актери, освојувајќи ја главната награда. По освојувањето на наградата БАФТА, многумина веруваат дека тој има добри шанси да добие Оскар. Во телевизиските категории, епската серија „Shōgun“, сместена во феудална Јапонија, и комедијата „Only Murders in […]

Шолц најави дека нема да биде дел од преговорите за новата влада на демохристијаните


Берлин – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска соопшти дека нема да биде во идната германска влада, ниту ќе учествува со Социјалдемократите (СПД) во преговорите за нејзиното формирање, кои би ги воделе демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ). „Ако има разговори, на пример меѓу СПД и ЦСУ, јас нема да бидам преговарач во име на СПД“, изјави Шолц за ЗДФ. […]

„Златна мечка“ на Берлинале за „Соништа (секс љубов)“ на Хаугеруд


Берлин – „Соништа (секс љубов)“ на норвешкиот режисер Даг Јохан Хаугеруд, портрет на тинејџерка со страсна имагинација која ги преточува своите интензивни чувства кон учителот во трансформативен личен есеј, ја освои Златната мечка на јубилејно 75. издание на Берлинскиот филмски фестивал што заврши синоќа. Наградата го затвора кругот на Хаугеруд, откако премиерно го прикажа „Секс“ […]

Фон дер Лајен во Киев на 3-годишнината од инвазијата: „Судбината на Европа е во прашање“


  Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово со воз пристигна во Киев по повод тригодишнината од руската инвазија врз Украина.   По тој повод таа рече: „На третата годишнина од бруталната руска инвазија, Европа е во Киев. Денеска сме во Киев, бидејќи Украина е Европа“. „Во оваа борба за опстанок, не е […]

Oд Дебар до Тирана за еден час: На 14 март се пушта тунелот Муриз


На 14 март во употреба ќе биде пуштен тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се намали на еден час. Вицепремиерката и министерка за инфраструктура на Албанија, Белинда Балуку, по извршениот увид, изјави дека со отворањето на тунелот ќе стане целосно функционален автопатот долг 74 километри, […]

Ќе се продава и имот на Груевски проценет на 8 милиони евра


Одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски и на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков во наредниот период ќе биде ставен на продажба, потврдија за Телма од Агенцијата за управување со одземен имот. Се очекува државата да инкасира најмалку 29 милиони евра. Станува збор за станови, апартмани и градежно земјиште кои на Груевски му беа […]

Законските измени за сметководителите денеска пред пратениците


Во рамки на денешната 35. собраниска седница меѓу точките од дневниот ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи. Предлог-законот треба да се донесе по скратена постапка, а ќе им овозможи на сметководителите кои се дисциплински казнети и привремено избришани од регистрите, да ги потпишат годишните сметки и/или финансиските […]

Сто години надреализам со академик Влада Урошевиќ и Лидија Капушевска-Дракулевска


Во галеријата „Метаноја“ вечерва во 19 часот, ќе се одржи настанот „Сто години надреализам“, на кој ќе се обратат академик Влада Урошевиќ и професорката Лидија Капушевска-Дракулевска. Поводот на настанот е осврт на стогодишнината од почетоците на надреализмот во 1924 година. Своите излагања академик Урошевиќ и Kапушевска-Дракулевска ќе ги засноваат врз нивната заедничка книга „Птици во аквариум: […]

Астрономски календар


 Денеска е понеделник, 24 февруари 2025 година, 55-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 310 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 17 минути, а ќе зајде во 17 часот и 18 минути. Денов трае 11 часа и 1 минутa. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Без вода дел од општина Центар


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Васил Стефановски“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, „Петар Попарсов“, „Деветти Мај“, „Роза Луксенбург“и „Христо Смирненски“ во Општина Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од ф-80 милиметри на улица „Васил Стефановски“ бр 2. […]

Oблачно со услови за дожд


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје […]

Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“ за 2024 година


Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 20 од 43-те пристигнати наслови на годинашниот […]