Дали студентските протести во Србија се „обоена револуција“, како што тврди власта


Секојдневните протести во Србија траат од 1 ноември, кога се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Обоените револуции на почетокот на 21 век доведоа до промени на режимот во Киргистан, Грузија и Украина. Тие беа симболично именувани по цвеќињата што демонстрантите ги користеа …

Дали студентските протести во Србија се „обоена револуција“, како што тврди власта Read More »

Нов удар од Вог за Меланија Трамп, повеќе личела на магионичарка отколку на прва дама


Белата куќа го сподели официјалниот портрет на првата дама Меланија Трамп оваа недела, и додека фотографијата наиде на поделени реакции во јавноста, познатиот моден магазин „Вог“ не се воздржа во своето жестоко мислење за неа. Изданието го наслови својот преглед за изгледот на првата дама: „Меланија Трамп го игра Чиракот во нејзиниот официјален портрет на …

Нов удар од Вог за Меланија Трамп, повеќе личела на магионичарка отколку на прва дама Read More »

Мерц повторно ја исклучи соработката со АфД


Берлин – Конзервативниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц од германските демохристијани (ЦДУ) потврди дека одбива да соработува со екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и покрај вчерашното заедничко усвојување на предлогот на Бундестагот за миграциската политика. – Луѓето од АфД сега можат да триумфираат како што сакаат, но тоа нема да се случи, изјави синоќа …

Мерц повторно ја исклучи соработката со АфД Read More »

Петмина скијачи загинаа во лавини на француските Алпи


Париз – Петмина скијачи загинаа во две одвоени лавини на француските Алпи, објавија синоќа локалните медиуми. Во регионот Савоа на француските Алпи, четворица норвешки скијачи ги загубија животите во областа Вал-Сенис, објавија француските медиуми, цитирајќи ја локалната префектура. Групата од седум скијачи биле излезени од патеката кога удрила огромна лавина и однела четворица од нив. Три …

Петмина скијачи загинаа во лавини на француските Алпи Read More »

Судот на ЕУ ги потврди санкциите против зетот на Лавров


Луксембург– Европскиот суд на правдата во Луксембург денеска донесе одлука да не ги укине санкциите против Александар Винокуров, кој е оженет со ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Со денешната пресуда, објавена на веб-страницата на судот, се отфрли жалбата на Винокуров, со која се бараше судиите да го признаат неговото барање за …

Судот на ЕУ ги потврди санкциите против зетот на Лавров Read More »

Во Вашингтон патнички авион се судри со воен хеликоптер и падна во реката Потомак


  Вашингтон – Властите во американската престолнина вршат истрага откако синоќа во воздух се судрија помал патнички авион на „Американ ерлајнс“ и воен хеликоптер. Сударот се случил во близина на главниот аеродромот во Вашингтон, а делови од воздухопловите паднале во реката Потомак, јавија американските медиуми. Се дознава дека во патничкиот авион „Бомбардие ЦРЏ“ носел 60 …

Во Вашингтон патнички авион се судри со воен хеликоптер и падна во реката Потомак Read More »

Екссенаторот Боб Менендес осуден на 11 години затвор


Вашингтон – Поранешниот американски сенатор Боб Менендес синоќа беше осуден на 11 години затвор поради примање поткуп во злато, кеш и други подароци, и незаконско лобирање во полза на Египет и на бизнисмени од Њу Џерси. Менендес е поранешен влијателен демократ во Сенатот со 18 и пол години искуство како претставник на сојузната држава Њу Џерси. …

Екссенаторот Боб Менендес осуден на 11 години затвор Read More »

Облачно со локален дожд, температури до14 степени


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од …

Облачно со локален дожд, температури до14 степени Read More »

Принцезата Беатрис ја роди втората ќерка – радост во кралското семејство


Принцезата Беатрис повторно стана мајка! На 29 јануари, Бакингемската палата објави за приновата на принцезата Беатрис (36) и сопругот Едоардо Мапели Моци, споделувајќи ја трогателната прва фотографија од новороденчето. Двојката го избра името Атина Елизабет Роуз – трогателна почит на покојната бабата на Беатрис, кралицата Елизабета. Бебето пристигна неколку недели предвреме, бидејќи палатата првично објави …

Принцезата Беатрис ја роди втората ќерка – радост во кралското семејство Read More »

Венко Андоновски има нов личен ‘прозен готвач’ полн со рецепти за тоа како да се искали еден книжевен текст


Издавачки центар ТРИ и денес продолжува со серија книжевни средби меѓу писателите и читателите, во рамки на „Зимскиот фестивал на книгата“. Третиот книгокруг е посветен на лепословието на Венко Андоновски. Книжевната средба ќе се одржи на 29.1. (среда) во книжарницата на ТРИ во ГТЦ  од 19 часот, и е посветена на најновото дело на македонскиот …

Венко Андоновски има нов личен ‘прозен готвач’ полн со рецепти за тоа како да се искали еден книжевен текст Read More »

Кимовски и Пројковски во Будимпешта- МНТ и Националниот театар потпишаа меморандум за соработка


Македонскиот народен театар (МНТ) и Националниот театар (Nemzeti Színház), Будимпешта, потпишаа меморандум за соработка. По тој повод во главниот град на Унгарија престојуваат директорот на Македонски народен театар Никола Кимовски и режисерот Дејан Пројковски. Со овој договор, како што се наведува во во соопштението од МНТ, двата театра стануваат партнери кои ќе реализираат заеднички проекти …

Кимовски и Пројковски во Будимпешта- МНТ и Националниот театар потпишаа меморандум за соработка Read More »

Шведска стана главен „бомбашки“ град на Европа, со по еден напад дневно


Од почетокот на годината во Шведска се регистрирани вкупно 30 бомбашки напади, од кои повеќето цели на станбени згради во Стокхолм. Последниот инцидент се случи вчера во раните утрински часови кога експлозија го потресе Багармосен, јужен дел на Стокхолм. Две лица се уапсени во врска со нападот, пренесува Самнит. Минатиот четврток експлозија ја потресе Фарста, …

Шведска стана главен „бомбашки“ град на Европа, со по еден напад дневно Read More »

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на тениската кариера


  „Размислувам за пензија, повеќе за тоа како ќе изгледа отколку кога ќе се случи. Мислам дека ќе одлучам кога ќе губам почесто, кога ќе почувствувам дека повеќе не можам да се натпреварувам за најголемите трофеи“, изјави најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ. Победникот на рекордни 24 Грен слемови, даде големо интервју за магазинот GQ, каде …

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на тениската кариера Read More »

Ева Ивановска од Делчево е автор на најдобрата беседа за 2025 година


Младата средношколка Ева Ивановска од Делчево е добитничка на престижната награда за најдобра беседа за 2025 година на Конкурсот за најдобра беседа на НУ „Григор Прличев“ од Охрид, годинава под наслов „Чувај се себеси“. Таа во текот на вчерашниот ден со посебен примерок го докажа авторството и објасни дека е ученичка во четврти клас  во …

Ева Ивановска од Делчево е автор на најдобрата беседа за 2025 година Read More »

Како Моника Барбаро научи да пее со лажни заби за „A Complete Unknown“


Има многу, многу предизвици за правење биографски филм за музичар, особено таков како Боб Дилан. Прво, треба да пронајдете личност која може да го свири тој музичар на начин што не остава впечаток, и второ, треба да најдете луѓе кои ќе ја опкружат таа личност што можат да се држат за себе. Во „A Complete …

Како Моника Барбаро научи да пее со лажни заби за „A Complete Unknown“ Read More »

Џоан Баез му помогна на Боб Дилан да стане ѕвезда. Тој на крајот ѝ го скрши срцето


  Фолк ѕвездата Џоан Баез видела „нечисто валкано човечко суштество со бледо лице“ кога за прв пат се сретнала со музичарот Боб Дилан во подем во 1961 година. Но, откако го слушнала како пее, Баез знаела дека Дилан има нешто посебно што ќе го промени текот на музиката и нејзиниот сопствен живот . Професионалниот и …

Џоан Баез му помогна на Боб Дилан да стане ѕвезда. Тој на крајот ѝ го скрши срцето Read More »

Тимоти Шаламе качи 20 килограми за да го игра Боб Дилан: „Верувале или не, јас бев послаб од момчето“


Тимоти Шаламе научи да свири гитара и да пее како Боб Дилан за „A Complete Unknown“. Се здебелил и 20 килограми за повеќе да личи на легендата на фолк музиката, откри тој во интервју за NPR. „Го превртев секој камен. Ја завршив целата работа, како што штотуку опишавте, физичкиот изглед, однесувањето“, изјави Шаламе на водителката …

Тимоти Шаламе качи 20 килограми за да го игра Боб Дилан: „Верувале или не, јас бев послаб од момчето“ Read More »

Струмичани в сабота на протест заради загадениот воздух што го дишат


Граѓаните на Струмица, во сабота на 1 февруари, ќе протестираат заради отровниот воздух што го дишат. Жителите на градот, кој зимава имаше на двапати надминување на прагот на алармирање заради лошиот квалитет на воздухот, ќе маршираат низ струмичките улици како израз на граѓанско незадоволство од упорното нерешавање на проблемот со загадувањето, заради кое Струмица високо …

Струмичани в сабота на протест заради загадениот воздух што го дишат Read More »

Комеморација на ДЛУМ за Коле Манев


Во четврток Друштвото на ликовни уметници на Македонија организира комеморативна седница за уметникот Коле Манев (1941-2025), член и поранешен претседател на ДЛУМ. На комеморативната седница ќе се обратат колеги и пријатели на уметникот. Комеморативната седница ќе се одржи во Националната галерија Даут-пашин амам во 12 часот.   Манев ( 1941 година, с. Бапчор) во Скопје …

Комеморација на ДЛУМ за Коле Манев Read More »

Украинската антикорупциска служба покрена кривична истрага против министерот за одбрана Умеров


Киев – Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) соопшти дека покренало кривична истрага против министерот за одбрана Рустем Умеров. Во соопштението од службата се наведува дека истрагата е покрената во врска со жалба поднесена од граѓански надзорен орган и дека ќе се спроведе истрага за да се утврди дали Умеров ја злоупотребил …

Украинската антикорупциска служба покрена кривична истрага против министерот за одбрана Умеров Read More »