Најскапиот платен квадратен метар за стан во Србија чинел 11.668 евра во Белград на вода


Белград – Највисоки цени на становите во Србија во четвртиот квартал лани се регистрирани во Белград, каде што најскапиот продаден стан имал цена од 11.668 евра за квадратен метар на локацијата Белград на вода. Највисока сума е платена за стан со вкупна површина од 342 квадратни метри, 2,6 милиони евра на истата локација, соопшти Републичкиот геодетски […]

Дефиле на урбаните моторџии низ скопските улици за подигање на свеста за машкото здравје


Урбаните моторџии денеска по 10-ти пат ќе продефилираат низ скопските улици во знак на борбата против ракот на простатата и подигањето на свеста за машкото здравје.  Облечени во стандардниот дрес код – палто, вратоврска, елегантни чевли и задолжително кацига, тие, како и секоја година, така и оваа ќе бидат дел од глобалното движење „The Distinguished […]

Историско финале за Алкалоид во Атина


Атина – Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 18 мај 2025 година, 137-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 228 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 10 минути, а ќе зајде во 19 часот и 51 минути. Денов трае 14 часа и 40 минути.  Месечината, која е во фаза на полна месечина, ќе изгрее 28 […]

Луан од Франција освои две големи награди на Евросонг 2025


Базел – Пред прогласувањето на годинешниот победник на 69.Евросонг, во Базел беа  доделени наградите Марсел Безенсон за 2025 година. Откако започна доделувањето на наградите во 2002 година, наградите Марсел Безенсон – именувани по создавачот на Евровизискиот натпревар – се доделуваат секоја година на три победници. Наградите беа доделени во балонот со делегации непосредно пред финалето […]

Австрија победи на Евросонг 2025 во Базел (видео)


Сите гласови од телеволтингот во текот на вечерта беа преброени и потврдени, а обожавателите во Санкт Јакобшале во Базел, Швајцарија и низ целиот свет го задржаа својот колективен здив, синоќа,  додека водителките Хејзел Бругер, Мишел Хунцикер и Сандра Студер го соопштија победникот на Евросонг 2025. На крајот, триумфираше Австриецот Џеј-Џеј со својата оперска балада „Wasted […]

Амал без Клуни на премиерата на Боно во Кан


Кан- Амал Клуни  се појави со стил за соло појавување на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал – и во тој процес ги прекрши сосема новите правила за дрес код на гала настанот. Сопругата на Џорџ Клуни се појави на црвениот тепих во Франција за премиерата на „Bono: Stories of Surrender“ на 78-от Кански филмски […]

Натали Портман објасни зошто сака да живее во Париз, а не во САД


Кан- Натали Портман станува реална во врска со нејзиното преселување во Париз – и зошто повеќе ѝ се допаѓа отколку во Соединетите Американски Држави. „Сметам дека луѓето овде се всушност неверојатно пријателски расположени – само треба да знаете како да комуницирате, за да не бидеме ние груби“, изјави 43-годишната Портман за Нет-а-Портер во насловна сторија […]

Анџелина Џоли блесна во Кан со нежно издание


Кан – Анџелина Џоли, кумата на наградата Трофеј Шопард на годинешниот Кански филмски фестивал, синоќа имаше зачудувачко деби на црвениот тепих. Џоли излезе на премиерата на „Едингтон“ во блескав гол фустан од Брунело Кучинели, украсен со нежни украси. Изгледот го комплетираше со дијамантски ѓердан и обетки во иста боја, носејќи ја русата коса пуштена. Џоли […]

До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст


Следува период на топло време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст,  информира Управата за хидрометеоролошки работи.  Во следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.  УХМР  за утре најавува минимална температура од -1 до 7 степени, а дневната од 14 до […]

Почина Благоја Сотировски-Џагуре, основоположник на бонсаи-културата и трикратен шампион на Македонија во шах


Почина Благоја Сотировски-Џагуре, основоположник на бонсаи-културата и трикратен шампион на Македонија во шах, најмладиот со оваа титула во земјава што првпат ја освои како 19-годишник. Имаше 93 години. Сотировски првата шаховска шампионска титула ја освои во 1951. Негови први противници биле легендите на македонскиот шах од периодот пред Втората светска војна, меѓу кои и Павле […]

Том Круз во Скопје – премиера на „Невозможна мисија…“ шест дена пред целиот свет


Осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија: Финална одмазда“ пристигнува во Cineplexx шест дена пред целиот свет. Вечерва во 18 часот е македонската премиера, полна со забава и активности. Од утре филмот кој во средата имаше светска премиера на Канскиот филмски фестивал, е на редовниот репертоар на Синеплекс. 62-годишниот актер присуствуваше во Кан и на црвениот килим, […]

Од овации до ѕвездено небо: „К-15“ не насмеа до солзи на јубилејното шоу во Скопје


Празни беа улиците во Македонија кога  се емитуваше на ТВ култното хумористично шоу „К-15“ во текот на 90-тите, се до 2013 година, а синоќа, на првиот од трите јубилејни концерти, арената „Борис Трајковски“, беше преполна со фанови и љубители на добрата сатира и хумор, која уште се имитира и се прераскажува од генерација на генерација, […]

Најмногу дожд во Крушево


Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 41 литар на метар квадратен. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за наврнат воден талог во изминатото деноноќие, до 8 часот се регистрирани 26 литри дожд во Охрид, 24 во Гевгелија, 23 Тополчани, 22 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 21 Прилеп, 19 Лазарополе, 17 Берово, 16 Виница, […]

А сега, големото финале на Евросонг 2025 (во живо)


Немо го скрши „Кодот“ и ја врати Евровизија во Швајцарија. Вечерва, од 21 часот, на големото финале на Евровизија, ќе биде време да се најде нов шампион. И едвај чекаме да откриеме кој ќе го подигне трофејот! На Хејзел и Сандра во големото финале ќе им се придружи и третата водителка, Мишел Хунцикер, која е […]

Вратата на Евросонг е сè уште отворена за враќањето на Селин Дион


Базел – Додека возбудата расте за финалето на Евровизија во сабота, на спектакуларната сцена Сент Јакобшале во Базел, се поставува едно големо прашање: дали суперѕвездата Селин Дион, која сега е во кревка здравствена состојба, може да направи импресивен настап, 37 години по победата на натпреварот? Дион стана глобална музичка икона, продавајќи албуми во милиони примероци […]

Почна швајцарскиот проект „Култура за развој“ за поддршка на независниот културен сектор во земјава


Во Музејот на Македонија денеска беше промовиран швајцарскиот проектот „Култура за развој“, што го спроведува Хеартефакт Фонд и има за цел да даде поддршка за независен, разновиден и инклузивен културен сектор во земјава. Проектот ќе ја зајакне улогата на секторот во унапредувањето на демократските вредности, зајакнувањето на недоволно застапените гласови, поттикнувањето дијалог и социјална кохезија […]

Над 110 повредени во пожарот во кочанската дискотека биле примени во штипската болница


Два месеца по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани здравствените работници од Клиничка болница во Штип велат дека иако немале искуство при вакви големи трагедии на 16 март успеале да извршат тријажа на над 110 млади луѓе, кои биле транспортирани на Клиниките во Скопје, а потоа и по болниците во странство. Билјана Рогожарска, одговорна сестра […]

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 21 мај


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 21 мај откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази. На денешното рочиште дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше докази за снимките од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се […]

Судењето за предметот „Адитиви“ закажано за 29 мај


На крајот на месецот ќе стартува судењето за случајот ,,Адитиви”, информираа од Кривичниот суд. Судењето ќе се оддржи во новата судница во затворот ,,Идризово”, која иако беше промовирана уште пред 4 години, досега стоеше неупотребена. -Претседателот на советот, судијата Даниела Димовска, ја закажа главната расправа за предметот КОК бр.73/24 познат во јавноста како „Адитиви“ за […]