Орбан му се пожали на Руте за Украина


Будимпешта – Унгарските власти ги сметаат „клеветничките дејствија“ на украинските специјални служби за неприфатливи и бараат од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, да ги спречи, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Му кажав на генералниот секретар на НАТО дека сметам за неприфатливо земја која не е членка на НАТО, Украина, да спроведува дезинформативна и клеветничка […]

Мицкоски: Жените се „моторот“ на општествените промени


На 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска се одржува во Градскиот парк во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека жените се фундаментот на општеството, носители на борба, истрајност и промени. – Жените низ времињата биле моторот кој усмерувал, истрајувал низ сите бури и премрежја. Денес кога гледам во колкав број […]

Овации за Солунската филхармонија со Трпчески и Папатанасиу во Скопје: Историска ноќ


Државниот  Симфониски Оркестар од Солун за прв пат во неговото 66 годишно постоење синоќа настапи  во Македонска Филхармонија, со диригентот Владимирос Симеонидис, пред уважени гости од сите сфери на живеење, преставници на дипломатскиот хор, меѓу нив и претседателката Гордана Силјановска- Давкова и шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски. Маестро Симон Трпчески за прв пат го свиреше […]

Утрово почувствувани два послаби земјотреси во Охрид и Струга


Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани – Охрид – Струга, на околу 100 километри југозападно од Скопје. Првиот земјотрес имал локална магнитуда од 3.4 степени според Рихтер, а вториот 2.3 степени. Според досегашните податоци, посилниот […]

Папата Лав XIV вети работа на единството на Католичката црква, која треба да биде симбол на мирот


Ватикан  – Папата Лав XIV во својот денешен говор на инаугуративната миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан вети дека ќе работи на единството, за Римокатоличката црква да стане симбол на мирот во светот. Американските медиуми пренесуваат дека во својата проповед пред десетиците илјади верници, светски и црковни претставници, папата Лав рече дека сака Римокатоличката […]

Момче од ресенско возело со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка


Дваесет и седумгодишник од ресенскиот регион возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи. – Рано изутрина во 2:18 часот, полициски службеници од ОВР – Ресен го лишија од слобода Д.К. од ресенското село Јанковец. При сообраќајна контрола во село Јанковец, сопрено е патничко возило […]

Русија го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Украина од почетокот на војната


Киев –  Украина го претрпе најголемиот руски напад со беспилотни летала од почетокот на инвазијата во 2022 година, покажува денешниот рапорт на украинската војска, јави ДПА. Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала вкупно 273 беспилотни летала. Украинските медиуми денеска наведуваат дека оваа бројка  го надмина претходниот рекорд од 267 лансирани […]

ДУИ реагира на решението на Централниот регистар за прием на осум нови вработени без ниту еден Албанец


Демократската унија за интеграција најостро го осудува решението на Централниот регистар, како државна институција, за прием на осум нови вработени без ниту еден Албанец меѓу нив, иако институцијата сѐ уште не ја има исполнето уставната обврска за правична и адекватна застапеност. „Овој развој е директна последица на укинувањето на Балансерот, механизам што беше суштински за […]

Светот никогаш во мојот живот не бил поблиску до светска војна, вели Боно од „Ју-Ту“


Кан – Фронтменот на U2, Боно, во едно неодамнешно интервју тврдеше дека можноста за избувнување на уште една светска војна е поверојатна сега отколку во кој било момент од неговиот живот. „Национализмот не е она што ни треба. Пораснавме во многу наелектризирана атмосфера во Ирска. Ве прави сомничави кон национализмот и оние животински духови што […]

Муцунски во работна посега на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија, на покана на министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината, Натанаел Лимински.  Во рамки на посетата, Муцунски ќе се сретне со својот домаќин Лимински, а на средбата ќе […]

Поради пад на мрежа, пола Македонија утринава без струја


Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, информираат од АД МЕПСО. -Станува збор за […]

Американска живеачка: Плати од 55.000 долари, леб два долара, млеко еден долар…


Вашингтон – Економијата е главна тема во САД, како земјата се наближува до конгресните избори во 2026 година. Впрочем, Трамп беше избран токму поради ветувањата дека ќе ги намали цените и ќе донесе ренесанса за американските работни семејства од провинцијата, која за него гласаше убедливо. Иако некои макроекономски показатели упатуваат на контролирана инфлација и зголемени плати […]

Најмногу дожд наврна во Скопје


Во изминатото деноноќие најмногу дожд 6 литри на квадратен метар наврна во Скопје на мерното место кај Петровец, по што следи  Тетово со 4, Крушево со 3, Крива Паланка и Штип со по 2, а 1 литар на квадратен метар наврна во Охрид, Прилеп, Берово, Виница и Куманово, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според […]

Пет лица загинаа во пад на два цивилни хеликоптера во Финска


Талин/Хелсинки – Неколку лица загинаа во Финска откако два цивилни хеликоптера со пет патници се судрија во воздух и се урнаа, соопшти полицијата. Според плановите на летот, едниот од хеликоптерите превезувал две лица, а другиот три. „Во несреќата загинаа неколку лица. Точниот број на жртви и идентитетот на патниците сè уште се утврдуваат“, соопшти финската […]

Во Полска претседателски избори, градоначалникот на Варшава води во анкетите


Варшава– Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори, а за позицијата на актуелниот претседател Анджеј Дуда ќе се кандидираат дванаесет мажи и една жена, објави ДПА. По два петгодишни мандати, Дуда нема право повторно да се кандидира. Градоначалникот на Варшава Рафал Тшасковски води во анкетите пред гласањето. Педесет и тригодишниот Тшасковски е кандидат на либерално-конзервативната […]

Јаневска на Светски образовен форум во Лондон


Министерката за образование и наука Весна Јаневска од денеска до 21 мај ќе учествува на Светскиот образовен форум, најголемиот глобален собир на министри за образование и вештини, што се одржува во Лондон. Оваа година, како што информираат од  Министерство за образование и наука (МОН), форумот е посветен на прашања поврзани со развојот на инклузивни, одговорни […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде со ведро и посвежо утро, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради спортски настан, информираат од Министерството за внатрешни работи и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. – Во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи […]

Бомба експлодира во Клиника за репродуктивно здравје во Калифорнија, еден загионат, петмина повредени


Лос Анџелес – Бомба експлодираше во Клиника за репродуктивно здравје во Палм Спрингс, Калифорнија, при што загина едно лице, изјави градоначалникот Рон ДеХарт, пренесоа британските медиуми. Еј-Би-Си Њуз, повикувајќи се на полициски извори и од самата клиника, објави дека најмалку пет лица се повредени во експлозијата. Градските власти на Палм Спрингс на Фејсбук објавија дека експлозијата […]

Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени


Њујорк – Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА. Адамс рече дека на бродот во времето на несреќата имало 277 лица, а 19 биле повредени. Од нив, двајца остануваат во „критична состојба“, а […]