Том Круз се враќа во Кан со „Mission: Impossible – Final Reckoning“


Њујорк – Три години по одлетувањето на Канскиот филмски фестивал со „Топ ган: Маверик“, Том Круз се враќа на Кроазета со „Мисија: Невозможна – конечна пресметка“. Организаторите на францускиот фестивал во вторникот објавија дека „Конечна пресметка“ ќе се прикаже надвор од конкуренција на 78-то издание во Кан на 14 мај, пред прикажувањето на филмот во …

Том Круз се враќа во Кан со „Mission: Impossible – Final Reckoning“ Read More »

Почесна Златна палма за Роберт де Ниро во Кан


Американската филмска легенда Роберт де Ниро ќе добие почесна Златна палма за животно дело на свеченото отворање на Канскиот филмски фестивал, на 78.  издание од 13 до 24 мај. Пред 14 години, Де Ниро, кој е актер, режисер и продуцент, беше претседател на жирито во Кан. Последен пат беше во Кан во 2023, за премиерата …

Почесна Златна палма за Роберт де Ниро во Кан Read More »

Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар, ќе свири за жртвите во Кочани


На 29 април, во камерната сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи хуманитарен концерт со исклучително значење – музичка вечер исполнета со класика, солидарност и поддршка. Концертот е во организација на институтот „ФЕЈМС“, со учество на светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар. Средствата од продадените билети ќе бидат донирани за фондот …

Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар, ќе свири за жртвите во Кочани Read More »

Ѕвездите со изгледот доминираа на Ноќта на Оскарите за научници (галерија)


Повторно, се случи годишната церемонија на Breakthrough Prize , во Санта Моника, и толку многу ѕвезди дојдоа облечени да импресионираат за една од најголемите вечери во науката. Неофицијално познати како „Оскари за научници“, толку многу ѕвезди пристигнаа во Barker Hanger во чест на „научниците што го менуваат светот“. Вечерта им оддава почести на тројца научници …

Ѕвездите со изгледот доминираа на Ноќта на Оскарите за научници (галерија) Read More »

„Преспанските Турци – историско – демографска студија“, нова книга на публицистот Салим Кадри Керими


Во издание на самиот автор, неодамна беше објавена новата книга на историчарот – дипломат во пензија, истражувач и публицист Салим Кадри Керими, под наслов: „Преспанските Турци – историско – демографска студија“, чиј рецензенти се историчарот проф. д-р Борче Илиевски и географот м-р Фејзула Абдулаи.  Централната тема на овој научно–истражувачки труд претставува турското население во Преспанскиот …

„Преспанските Турци – историско – демографска студија“, нова книга на публицистот Салим Кадри Керими Read More »

Чарлс Трети на средба со Матарела во палатата Квиринале


Рим – Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила денеска во Рим се сретнаа со италијанскиот претседател Серџо Матарела, со што ја започнаа официјалната програма на нивната државна посета на Италија, јави италијанската новинска агенција АНСА. Британската кралска двојка беше пречекана со воени почести во претседателската палата, откако беше придружувана од 32 членови на претседателскиот …

Чарлс Трети на средба со Матарела во палатата Квиринале Read More »

Ќе го напушти ли конечно ЕУ летното сметање на времето?


Како навиени, секоја година кон крајот на март го повторуваме истото. Збунето се прашуваме дали часовниците да ги поместиме за еден час нанапред или наназад. Си го скратуваме спиењето, пропуштаме состаноци: И како и секоја година, милиони Европејци од Данска до Хрватска се прашуваат: Што ќе ни е, навистина, летното сметање на времето – и …

Ќе го напушти ли конечно ЕУ летното сметање на времето? Read More »

„Филмско око“, нова книга со филмска есеистика од Игор Анѓелков


Утре од печат ќе излезе „Филмско око“, четвртата книга со филмска есеистика од Игор Анѓелков. Изданието е шеснаесетта книга во едицијата „Или-Или“ на истоимената издавачка куќа. Десет години од објавувањето на првата книга од серијалот, „Филм.мкд“, која се закити со државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“, три години подоцна авторот ја издаде „Филмски град“, …

„Филмско око“, нова книга со филмска есеистика од Игор Анѓелков Read More »

Во наредните денови стабилно и потопло време


Следува период на стабилно и потопло време, освен во четврток кога ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Утринските температури до среда на повеќе места ќе бидат негативни, а потоа ќе бидат во постепен пораст, соопшти УХМР. Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од нула до осум, а максималната дневна ќе …

Во наредните денови стабилно и потопло време Read More »

Мојсова-Чепишевска: Нека врти колцето на Рацин


„Тој се јави во мал народ и тоа во време кога тој народ сè порешително ја изразуваше својата национална индивидуалност. Тој не беше само човек на литературата, ами по силата на околностите тој требаше, без никакви привилегии, да се вклучи во секидневната практична дејност, полна со опасност, за проширување на социјалните и националните права на …

Мојсова-Чепишевска: Нека врти колцето на Рацин Read More »

Ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов е добитник на „Менада“ за 2025 


Бордот на интернационалниот фестивал ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ 2025, за 21-то издание, донесе одлука Наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност да ја додели на Ѕвездата на париската опера Роксан Стојанов. „Благодарение на извонреден талент и уметничка визија, Роксан Стојанов се издига високо во балетската уметнсот, за што е промовирани во Ѕвезда на Париската опера (Étoile de l’Opéra National de …

Ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов е добитник на „Менада“ за 2025  Read More »

Сараевското народно позориште гостува во МНТ со две претстави на 21 и 22 мај


На 21 мај во 20 часот, ќе се одигра првата претстава – „Сараевскиот трговец“ по текст на Игор Штикс, во режија на Михал Дочекал. Во претставата играат 16 актери: Мона Муратовиќ, Мирвад Куриќ, Сањин Арнаутовиќ, Ведран Ѓекиќ, Амина Беговиќ, Фарук Хајдаревиќ, Нерман Махмутовиќ, Дино Бајровиќ, Ирфан Рибиќ, Сара Сексан, Белма Салкуниќ-Бектешевиќ, Милан Павловиќ, Ален Коњиција, …

Сараевското народно позориште гостува во МНТ со две претстави на 21 и 22 мај Read More »

„Постои ли се’ уште нешто што е само француско?“ – предавање на Кристоф ле Риголер на Филолошки факултет


Францускиот амбасадор во Македонија, Кристоф Ле Риголер ќе одржи предавање на тема „Постои ли се’ уште нешто што е само француско?“, во рамки на „Денови на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.   Предавањето ќе се одржи во петок, 11 април 2025 година, во 11 часот, во Салата за седници на Филолошкиот факултет.    …

„Постои ли се’ уште нешто што е само француско?“ – предавање на Кристоф ле Риголер на Филолошки факултет Read More »

Неколку практични совети за да имате негувана градина


Добро е познато дека грижата за растенијата позитивно влијае на човечката психа, а тие го збогатуваат отворениот простор со својот изглед и мирис. Покрај тоа, се повеќе луѓе избираат да одгледуваат зачински растенија или овошки и зеленчук, бидејќи сакаат секогаш да имаат свежи плодови на дофат. Тоа воедно е и мерка за заштеда, па од …

Неколку практични совети за да имате негувана градина Read More »

Веле Смилевски за Македонската книжевна конфронтација


„Македонската книжевна конфронтација – од соцреализам до естетски плурализам“ е насловот на новата книга на Веле Смилевски, објавена деновиве во издание на „Дијалог“ од Скопје. Како што посочува издавачот, предмет на авторовите истражувања во овој проект од 400 страници се книжевните полемики како предизвик за соочување со постулатите, особеностите и вредностите на влогот на македонските …

Веле Смилевски за Македонската книжевна конфронтација Read More »

ОН: За три недели во Газа раселени околу 400.000 лица


Њујорк – Речиси 400.000 луѓе се раселени во Појасот Газа од 18 март, кога Израел ги продолжи воените операции и со тоа го прекина двомесечното примирје, соопшти денеска Кабинетот на генералниот секретар на ОН. „Преживеаните во Газа неколку пати беа раселени и принудени да се преселат во помали области каде што не може да се задоволат …

ОН: За три недели во Газа раселени околу 400.000 лица Read More »

ЕУ бара единство во првиот возвратен удар на царините на Трамп


Земјите од Европската унија ќе се обидат во наредните денови да покажат единство против царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, можеби одобрувајќи го првиот сет на насочени контрамерки. Таквиот потег би значел дека ЕУ им се придружи на Кина и Канада во наметнување одмазднички тарифи на САД, во рана ескалација на она што некои …

ЕУ бара единство во првиот возвратен удар на царините на Трамп Read More »

Активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка


На патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е активна забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци), соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните …

Активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка Read More »

Сончево и студено, температурата до 13 степени


Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде од минус 10 до 0 Целзиусови степени, а …

Сончево и студено, температурата до 13 степени Read More »

Промоција на книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“


По повод роденденот на првиот современ македонски граматичар Круме Кепески, денеска во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“, приредена од проф. д-р Јованка Кепеска, во издание на „Македоника литера“. Како што е најавено, за книгата ќе зборува проф. д-р Симона Груевска Маџоска, претседател …

Промоција на книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“ Read More »