Во Брисел се очекува нова рунда од дијалогот Белград – Приштина


Белград – Во Брисел денеска е планирано одржување нова рунда од дијалогот на Белград со Приштина.  Делегацијата од Белград, предводена од директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија и главен преговарач на техничко ниво, Петар Петковиќ, синоќа пристигна во Брисел. Претходната рунда дијалог се одржа на 10 јуни, по што главниот […]

Готвач со Мишелин ѕвезда од Литванија стана светски шампион во суши


Литванскиот готвач Аирис Запашникас, кој работи во Осло, стана првиот Литванец во историјата кој е крунисан за најдобар готвач на суши во светот. Во финалето на престижниот натпревар во Токио, тој победи 14 други врвни готвачи, потврдувајќи ги своите извонредни вештини во подготовката на овој јапонски деликатес, објавува Euronews. Запашникас, кој води ресторан со Мишелин […]

Цените на чоколадото во Европа нагло растат, еве каде ќе платите најмногу


Цената на чоколадото нагло порасна на глобално ниво во изминатата година, а главната причина лежи во лошата жетва во Гана и Брегот на Слоновата Коска, најголемите светски производители на какао, објавува Euronews. Кој е најпогоден во Европа? Податоците на Евростат покажуваат дека потрошувачите низ Европската Унија го почувствувале овој ценовен шок. Во мај, цените биле […]

Кој е филмот за кој се протестираше на Филмскиот фестивал во Торонто?


Торонто- Тензии ја одбележаа светската премиера на документарецот „The Road Between Us: The Ultimate Rescue “ на Филмскиот фестивал во Торонто, каде што во среда се судрија пропалестински и произраелски демонстранти. Надвор од салата „Рој Томсон“, околу сто полицајци мораа да постават барикади за да ги разделат двете групи кои се обидуваа да се засенат […]

Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето


Членовите на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), според договореното од вчерашната седница, денеска треба да ја посетат Агенцијата за разузнавање откако вчера беа во посета на АНБ за да извршат надзор по наводите за прислушување. Откако во јавноста излегоа информации дека во периодот од 2019 […]

Облачно со пороен дожд, наместа изолирана појава на невреме


Променливо облачно време, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, најавуваат синоптичарите за денеска. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 11 септември 2025 година, 254-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 111 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 18 часот и 50 минути. Денов трае 12 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее, […]

Германија последен полуфиналист на ЕП во кошарка


Рига – Германија е последниот полуфиналист на Евробаскетот откако Финска, Турција и Грција претходно го обезбедија своето место меѓу четирите најдобри репрезентации. Актуелниот светски шампион обезбеди пласман во полуфиналето откако вечерва во Рига ја совлада Словенија од 99-91. Словенија го започна натпреварот подобро и на полувремето имаше +6 (51-45), а до крајот на третата четвртина […]

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложба „Простори на конјукција“


Во рамките на празнувањето на Денот на независноста – 8 Септември, освен музичката програма со Скопскиот дувачки квинтет – денеска во Македонскиот културен центар во Белград беше отворена исклучително интересна изложба „Простори на конјукција“ – во соработка со Националната галерија на Македонија и Министерството за култура. Изложбата првично е претставена во Софија во август, сега […]

Млади од седум држави ќе ја раскажат приказната на Стоби користејќи дигитални алатки


Археолошкиот локалитет Стоби оваа недела е домаќин на DIGI Heritage Hub 2025, настан кој ги поврзува културното наследство и современата технологија. Млади професионалци и студенти од 7 европски земји од областа на археологијата, историјата, музеологијата, анимацијата, дизајнот и дигиталните технологии ќе истражуваат како новите технологии можат да го претворат Стоби во живо културно искуство, инспирирано […]

Принцот Хари донира 1,5 милиони долари на добротворна организација за деца


Нотингем – Принцот Хари изјави дека лично донира 1,1 милион фунти (1,49 милиони долари) на добротворната организација „Деца во потреба“ на Би-Би-Си, една од најголемите индивидуални суми јавно дадени од член на британското кралско семејство. Објавата дојде за време на посетата на војводата од Сасекс на Нотингем, град во централна Англија, негова прва посета на […]

„Нека почива во музиката“: Одржана комеморација за Габи Новак во Загреб


Во Малата сала Ватрослав Лисински во Загреб се одржа комеморација во чест на Габи Новак. Колегите, соработниците и пријателите дојдоа да и оддадат почит на Габи и да и се заблагодарат за се што направи за хрватската музика. Бројни колеги на збогување На збогувањето присуствуваа музичарите Марко Тоља, Меритас, Данијела Мартиновиќ, Тереза ​​Кесовија, сестрите Хусар, […]

Архивата за животот и кариерата на Дејвид Боуви со  90.000 предмети се отвара во Лондон


Лондон – Од блескави костими на Зиги Стардаст и рачно напишани текстови на песни до писма од обожаватели и белешки за недовршен мјузикл, нова архива за животот и кариерата на Дејвид Боуви ќе ги отвори своите врати за јавноста во Лондон. Од сабота, обожавателите и истражувачите заинтересирани за покојната британска музичка легенда ќе можат да […]

Свечено одбележан Денот на независноста на Македонија во Загреб


Амбасадата на Република Македонија во Хрватска и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб во соработка со Кинотеката на Македонија, Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб, и Македонската православна црква во Република Хрватска, свечено го одбележаа Денот на независноста на Република Македонија со што уште еднаш се потврди меката моќ на културната дипломатија во градењето […]

Владата ќе го спасува споменикот „Македониум“ во Крушево со 2,5 милиони денари


 Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македониум“ во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.  Митева најави дека проектот ќе биде […]

Белата куќа доби „Клуб со ружи“ наместо „Градина со ружи“


Вашингтон – Контроверзното преуредување на Градината со ружи во Белата куќа од страна на претседателот Доналд Трамп беше промовирано во текот на викендот, додека тој го организираше својот прв настан на новиот двор и откри ажурирано име за просторот. Во петок, 5 септември, Трамп, 79, ги пречека некои од неговите најблиски сојузници – вклучувајќи го […]

Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч), соопшти УХМР. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, […]

Аплаузи и овации: „Профундис“ со прва Candlelight турнеја во Босна и Херцеговина


Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ со голем успех ја реализира својата прва Candlelight турнеја во Босна и Херцеговина, настапувајќи во три преполни концертни сали во Сараево, Тузла и Мостар. Секоја вечер, илјадници свеќи создаваа волшебна атмосфера, а музиката на „Профундис“ предизвикуваше бурни аплаузи, стоечки овации и искрени емоции кај публиката. Candlelight концертите, кои се одржуваат во […]

„Кодот на Да Винчи“ го шокираше светот. Сега Ден Браун ја објавува својата најамбициозна книга досега


Пишувањето е тешко. Пишувањето книги е потешко. Затоа, како обичен плебејски автор кој го интервјуира Ден Браун за прв пат, сакав да знам: Откако ќе продадете 200 милиони книги, дали станува полесно? „Тоа е истиот процес. Идентично е“, вели Браун во видео повик од неговата домашна библиотека во Њу Хемпшир. „На вашите ликови не им […]

ЕК одобри околу 788 милиони евра за Грција во рамките на механизмот САФЕ за зајакнување на одбраната


Атина – Износ што достигнува до 788 милиони евра се очекува да добие Грција од механизмот САФЕ, новиот финансиски инструмент на Европската Унија за обезбедување заеми за олеснување на зајакнувањето на европските одбранбени трошоци, пишува грчкиот весник „Катимерини“ и додава дека ЕК вчера ја одобри привремената финансиска помош за земјите-членки, јави дописничката на МИА од […]