Од вторник температури над просекот за овој период од годината
Управата за хидролошки работи соопшти дека од вторник во земјава ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд. […]