Гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел прв пат во Скопје – ќе настапи со НЏО на 1 октомври во НОБ


Гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел, кого Ерик Клептон го нарече „гениј“, за првпат ќе настапи во Скопје заедно со Националниот џез оркестар. Концертот ќе се одржи на 1 октомври 2025 година, во 20 часот, во Националната опера и балет, под диригентство на маестро Владимир Николов. „Њујорк тајмс“ за него пишува: „Со само неколку ноти, Курт Розенвинкел […]

Харисон Форд и Кети Бејтс се дел од историските номинации за Еми за 2025 година


Харисон Форд, Кети Бејтс, Ајо Едебири и Овен Купер влегоа во историјата кога номинациите за Еми за 2025 година беа објавени во јули. Во недела ќе дознаеме дали некој од нив ќе победи 77-тото годишно доделување на наградите „Primetime Emmy“. Овогодинешната група номинирани глуми како портрет на еволутивниот телевизиски пејзаж, бидејќи трајните фаворити на Еми […]

Концерт на пијано на Леонид Петрески  в сабота во Даут пашин амам


В сабота – 13.09.2025 година во НГ Даут Пашин Амам во Скопје во 20 ч, солистички концерт ќе одржи младиот и надежен пијанист Леонид Петрески. Концертот се одвива во рамките на Фестивалот за современа музика Модоарс 2025 кој по 19-ти пат се одржува во Скопје. Фестивалот Модоарс е повеќе од музички фестивал, бидејќи во својата […]

Конгресот на САД одобри 342 милиони евра воена помош за Украина


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон за одбранбена политика во вредност од 762,9 милијарди евра, кој, покрај мерките за зајакнување на воената подготвеност и зголемување на платите на американските војници, воведува и голем број нови ограничувања, вклучително и забрана за обезбедување здравствена заштита поврзана со промената на полот на припадниците на војската, пишува „Њујорк […]

„Надреална вечер“ со д-р Неле Карајлиќ на 9 октомври во Филхармонија


Првоборецот на трите музички правци: новиот примитивизам, новиот бран и пост-панкот, доктор Неле Карајлиќ доаѓа во Скопје, на 9 октомври во Македонската филхармонија, за да спои две во едно: Песните на Забрањено пушење, кои тој ги обележа, како и легендарното ТВ шоу “Топ листа надреалиста“, во кое Неле беше една од најважните и најкреативни фигури. […]

Ресторан за морска храна посетен од Трамп бомбардиран со негативни рецензии


Ресторанот за морска храна во Вашингтон, каде што Доналд Трамп вечераше во вторник вечерта, беше погоден од бран на онлајн оценки со една ѕвезда. Претседателот, заедно со високи функционери на кабинетот, вклучувајќи го потпретседателот Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио, го избра „Joe’s Seafood, Prime Steak & Stone Crab“, само неколку минути од Белата […]

Холивуд најавува бојкот на израелските филмски институции


Лос Анџелес -Дел од најголемите ѕвезди на Холивуд планираат да ги бојкотираат израелските филмски институции „кои се вмешани“ во бруталната воена кампања на земјата во Газа. „Ветуваме дека нема да прикажуваме филмови, да се појавуваме или на друг начин да соработуваме со израелски филмски институции – вклучувајќи фестивали, кина, радиодифузери и продукциски компании – кои […]

МАНУ прв пат домаќин на 13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE)


13. Конгрес на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа (AIESЕE), ќе се одржи од 15 – 19 септември 2025 година во просториите на Македонската академија на науките и уметностите. Седиштето на оваа Асоцијација се наоѓа во Париз и функционира под покровителство на УНЕСКО, а во неа членуваат сите држави од Југоисточна Европа со свои […]

Врачување на Меѓународната награда „Драги“ на добитниците Крамер и Гроу во Охрид


 Македонистката Кристина Крамер, професорката која 35 години предава македонски јазик на Катедрата по славистика на Универзитетот во Торонто и преведувачот Роли Гроу се годишните добитници на Меѓународната награда „Драги“ што се доделува за најдобар книжевен превод на дела од македонски автори на странски јазик. Крамер и Грау престижното признание го добиваат за нивниот превод на […]

Киро Урдин: Му дадовме уметнички аспект на визуелното решение за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“


Оваа година мултимедијалниот уметник Киро Урдин е автор на плакатот за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. -Разговаравме со одговорните луѓе од ИФФК „Браќа Манаки“ кои ми посочија дека имаат намера оваа година да му дадат еден уметнички аспект на визуелното решение за најновото издание. Во договор со фестивалските челници, имавме две-три опции, се одлучија […]

Британски Хемптонс – сега и Бијонсе и Џеј-Зи се селат во Котсволдс


Британскиот Котсволдс е област со извонредна природна убавина што се протега низ неколку англиски окрузи – Глостершир, Оксфордшир, Вилтшир, па сè до Ворикшир и Вустершир. Со децении, оваа област е синоним за пасторални пејзажи и традиционална англиска идила: ридест предел, бескрајни зелени ливади, шуми што мирисаат на влажна земја и историја и живописни села со […]

Без вода дел од Аеродром


Поради изведување водоводен приклучок од Ф-100мм, без вода од 08:00 часот се корисниците на ул. „Пандил Шишков“ во населба Аеродром, на високата зона од број 1 до бр.49, како и дел од корисниците на улиците „Вангел Тодоровски“, „Руди Чајавец“ и „Коста Новаковиќ“, информира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање […]

Скапите станови го менуваат пазарот за закупи


Во Скопје, Тетово, Штип и Битола се бележи пораст на цените за изнајмување на станови, особено во централните градски подрачја. Во некои делови на Скопје годинава цените пораснале за 10 до 15 проценти, информираат во изјава за МИА од Групацијата на агенции на недвижности при Стопанската комора на Северна Македонија. Побарувачката за недвижности, како што […]

Дончиќ по поразот од Германија: Едноставно сум многу лут, можев да направам повеќе


Рига – Најголемата ѕвезда на словенечката кошаркарска репрезентација, Лука Дончиќ, го коментираше поразот од Германија (91:99) синоќа во четвртфиналето на Евробаскетот. Играчот на Лејкерси постигна 39 поени, 10 скока и 7 асистенции. – Лут сум, едноставно сум навистина лут. Можев да направам повеќе во последната четвртина. Создадов шутеви за себе, можев да бидам подобар во одлучувачките […]

Десет раководители на турски медиумски холдинг уапсени при акција на обвинителството


Истанбул – Десет лица на раководни позиции во турскиот „Џан холдинг“, во чија сопственост се и водечките турски медиуми „Шоу ТВ“ („Show TV“), „Хабертурк“ („Habertürk“) и „Блумберг“ („Bloomberg“), беа уапсени при акција на турското Главно обвинителство во Истанбул, јави онлајн изданието „Хуриет“. Апсењата се по обвиненија за создавање организирана криминална група, измами и перење пари. […]

Катарскиот премиер: Нетанјаху „уби секаква надеж“ за заложниците во Газа


Доха – Обидот за атентат на водачите на Хамас во Катар од страна на Израел би можел да има сериозни последици за заложниците држени во Појасот Газа, предупреди вчера катарскиот премиер. -Мислам дека она што (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху го направи вчера, тој едноставно уби секаква надеж за тие заложници, изјави за американската телевизија Си-Ен-Ен премиерот […]

Денови на претстави од независна продукција во Драмски театар


Со претставата „Слугинки“ во режија на Теодора Силјаноска, во Драмскиот театар во Скопје вечер започнуваат Деновите на претстави од независна продукција. До 20 септември на двете сцени на театарот ќе се играат претставите од независната продукција создадени во изминатите две години – „Слугинки“, „Криег“, „Folie a Deux“, „Лекција“, „Те чекам“, „Волкот на љубовта“, „Фетишист“, „Хинкеман“ […]

САД одобрија потенцијална продажба на ракети на Финска во вредност од над една милијарда долари


Вашингтон – Стејт департментот на САД соопшти дека ја одобрил можната продажба на ракети воздух-воздух во вредност од над една милијарда долари на Финска, пренесе ДПА. Во соопштението, Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка на САД (DSCA) наведе дека „предложената продажба ќе ги поддржи целите на надворешната политика и националната безбедност на САД со подобрување […]

Без струја корисници во село Бањани


 Корисниците лоцирани кон манастирот „Свети Илија“ во село Бањани во општина Чучер Сандево денеска ќе немаат електрична енергија.  Центарот за управување со кризи, по известување добиено од  ЕВН Македонија АД, соопшти дека струја ќе немаат од 9 до 15 часот. 

Бред Пит носи накит на Инес де Рамон во новата реклама за кафе


Бред Пит покажува суптилна поддршка за својата девојка, Инес де Рамон. Како лице на најновата глобална кампања на Де’Лонги, „Упатството за употреба на совршенството“, 61-годишниот Пит носи накит од брендот на де Рамон, Анита Ко, во краток филм режиран од добитникот на Оскар, Таика Ваитити. Упатството за употреба го преосмислува како шегаџиски водич за лесно […]